Штип

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Се согласувам со сите пофалби кон градот Штип. Но, не е битно дали градот има убави булевари, убави средени училишта и паркови, важен е и народот. Во Штип има многу способен кадар за во образование, политика, невладин сектор, медицински и.т.н. Јас гледам од страна на организација која има мрежа низ цела Македонија, каде што со многубројни проекти од ЕУ се имплементираат без никакви проблеми во Штип, бидејќи ги има најдобрите невладини организации и центри отворени од страна на странски и домашни донатори спроведени од истите организации. Штип е голем потенцијал за центар на Источна Македонија, веќе и е центар. Значи не е важно колку булевари има град и колку е добар ноќниот живот.
 
Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168

точно така. Секој со малку кеш може да отвори дискотека,битни се другите работи.
 
Z

ziko bt

Гостин
има некој штипјани на форумов нека се пофали нешто со градот дали арно се врви како студент и така нешто :salut:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
ја беше, ти беше... :)
И кај нас во Св. Николе си збореме така. Имав цимер беровец, и многу му беше смешно зборењето, негов пример:
Јаде ли?
Јаде.
И човекот се чуде кој јаде, ја ли, он ли, кој? А беровци завалиите мора преведувач со нив да носат кај и да идат :)
Иначе не се жалете многу, ете ви растат цените на недвижнини и кирии, имате универзитет (со и не баш квалитетни студии али јеби га) текстилен центар сте, од цела источна Македонија во Штип највеќе се инвестира. Болницата на ридот клиника ви стана (нејќам да ја спомнам доста ми беше од неа:)). Кежовица, е тоа треба да се среде, таму нема нишо ново уште од титово време. Иначе, иам неколку другари таму на студии. Еден ми кажа дека студентскиот имал 140 легла, а во средношколски интернат се седело ако успееш да го минеш први спрат, демек многу мирише на мочка и на смрдливи нози. Поздрав до штипјанките!
 
Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
места за излегвање да шетниш дали на уба локација е студентскиот такви работи отприлика за студент шо ке се
има за шетање, за студентскиот ти одговори Kizo :)
 
Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Отварање на дом за стари лица е проект на кој локалната самоуправа размислува подолго време. И на средбата со Министерот за труд и социјална поликтика, градоначалникот Алексов посочил дека Штип има реална потреба од ваков центар. Се размислува домот за стари лица да биде регионален, со што ќе ги задоволува потребите на целиот источен регион. Од кабинетот на Алексов информираат:

„И во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено отварање на дом за стари лица. Градоначалникот размислува за три локации, и тоа: населба Пребег, Суитлакот и во близина на тврдината која ја гради д-р Жан Митрев, но не се исклучува можноста во оптег да влезе и друга локација".

Што се однесува до финансирањето, постојат неколку алтернативи. Едната е старечкиот дом да биде граден од државни пари, втората е јавно приватно партнерство, а третата е барање на инвеститори кои ќе вложат во изградбата, а за таа сметка пак општината ќе понуди поволни услови за изградба, информираат од кабинетот.
И од Сојузот на пензионерите тврдат дека Штип има реална потреба за изградба на старечки дом. Лошата социјална состојба и малите пензии се причина старите лица да бараат сместување во домовите. Но, иако Штип има потреба од изградба на старечки дом, нашите постари сограѓани мислат дека старечките денови е најдобро да си ги поминат во сопствените домови, а децата и внуците да се грижат за нив.

ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП СТАНА КЛИНИЧКА
Штипската општа болница прерасна во клиничка. Ова е дел од концептот на министерството за здравство за укрупнување и зајакнување на регионалните болници и нивно подобро опремување со медицински кадар и технички средства.
Со донесувањето на новата опрема, просторното проширување, со стручното усовршување на кадарот, верувам, дека сега болницата ќе биде по спремна да одговори на барањата на овој регион - изјави Бујар Османи, министер за здравство.

Клиничката болница ќе дава нови и поквалитетни услуги, а со тоа ќе бидат обезбедини и повеќе средства од фондот за здравствено осигурување. Во делот на новите вработувања директорот Панче Пуздарлиски со оптимистички најави дека и покрај економската криза сепак ќе има место за нов стручен кадар.

- Секогаш се остава простор за оние болници каде што има неопходни потреби да се доделат одреден број на вработувања, па се надеваме, бидејќи и ние имаме поднесено барање, дека ќе добиеме одреден број на вработувања-изјави Панче Пуздерлиски, директор на Клиничка болница -Штип.

Со новата трансформација отворенни се две нови одделенија: онкологија и неврохирургија кои во наредните 5 години ќе вршат само амбулантски прегледи. Клиничката болница ќе дава услуги за околу 250 000 жители од источниот регион.

Лекарите од Штип ќе се обучуваат за сложени лекувања
Професори во Скопје велат дека штипската болница не се подготвена да стане клиничка. Оттаму, пак, одговараат дека колегите од Скопје не сакаат конкуренција

Општата штипска болница, која неделава стана клиничка, ќе ги обучува лекарите за да може да одговори на повисокиот статус. Болницата стана клиничка со само еден доктор на науки и најава за набавка на нова пософистицирана опрема, како и со барање за поголем буџет од Фондот за здравство. Иако нејзиното преименувањето треба да значи дека пациентите ќе добиваат поквалитетни услуги, универзитетските професори во Скопје велат дека тоа се прави за да се задоволи потреба на новоотворениот факултет во Штип, за да има каде да учат студентите на тамошниот факултет. Оттаму, пак, одговараат дека колегите од Скопје не сакаат конкуренција.

- Со исклучок на Битола, од сите други болници по градовите добиваме пациенти со едноставни дијагнози кои ги испраќаат на клиника иако треба таму да се оперираат. Неодамна ни испратија пациент поради слепо црево. Не сакале да го оперираат зашто има стент и погрешно процениле дека е ризичен. Добиваме и пациенти со чиреви во желудникот или со кила. Сите тие треба таму да се оперираат - велат хирурзи од клиниката.

Директорот на штипската болница вели дека кадарот им бил подготвен да се справи со новиот статус, но и дека ќе се организираат обуки за сé што треба да се научи.

- Потпишавме договор со клиниките во Скопје и оттаму ќе доаѓа кадар додека да се обучат нашите лекари. Тие секако ќе треба да научат да работат и со новата опрема што ќе стигне, а за тоа може да се обучуваат и во странство. Нашите колеги од Скопје непотребно нé оцрнуваат - вели Панче Пуздерлиски, директор на болницата.

Со дообука на персоналот, велат од болницата, ќе се обезбедат потребните пет професори на науки, за оваа болница да може понатаму да стане и универзитетска. Таму работат 60 специјалисти, а 30 лекари се пратени на специјализација.

- Одлуката дали и кога одредена болница, вклучувајќи ја и таа во Штип, ќе прерасне во клиничка болница, се донесува врз основа на утврдување на прецизно одредени критериуми и суштински услови што треба да ги исполни здравствената установа што треба да го добие тој статус - вели министерот за здравство Бујар Османи.

Тој додава дека оваа трансформација на болницата ќе придонесе за растоварување на клиниките во Скопје.

- Тоа што и наједноставните случаи беа испраќани во Клиничкиот центар значеше нефункционално искористување на ресурсите на јавното здравство, а истовремено ги изложуваше граѓаните на дополнителни материјални трошоци и малтретирања. Стекнувањето на статусот клиничка болница е процес што не се случува преку нoќ.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП СТАНА КЛИНИЧКА
Штипската општа болница прерасна во клиничка. Ова е дел од концептот на министерството за здравство за укрупнување и зајакнување на регионалните болници и нивно подобро опремување со медицински кадар и технички средства.
Со донесувањето на новата опрема, просторното проширување, со стручното усовршување на кадарот, верувам, дека сега болницата ќе биде по спремна да одговори на барањата на овој регион - изјави Бујар Османи, министер за здравство.

Клиничката болница ќе дава нови и поквалитетни услуги, а со тоа ќе бидат обезбедини и повеќе средства од фондот за здравствено осигурување. Во делот на новите вработувања директорот Панче Пуздарлиски со оптимистички најави дека и покрај економската криза сепак ќе има место за нов стручен кадар.
[/QUOTE]

Не дај боже да се разболеш, од Клиника , Ветеринарна станица ке ти се учине!:toe:

има некој штипјани на форумов нека се пофали нешто со градот дали арно се врви како студент и така нешто :salut:

Како бе нема дете!

За студент е супер, од моја гледна точка, зашо можеш цел ден да си го испунеш у чаршијата на бош муабет у некој кафич!:smir:

Се согласувам со сите пофалби кон градот Штип. Но, не е битно дали градот има убави булевари, убави средени училишта и паркови, важен е и народот. Во Штип има многу способен кадар за во образование, политика, невладин сектор, медицински и.т.н. Јас гледам од страна на организација која има мрежа низ цела Македонија, каде што со многубројни проекти од ЕУ се имплементираат без никакви проблеми во Штип, бидејќи ги има најдобрите невладини организации и центри отворени од страна на странски и домашни донатори спроведени од истите организации. Штип е голем потенцијал за центар на Источна Македонија, веќе и е центар. Значи не е важно колку булевари има град и колку е добар ноќниот живот.

Ја од тие потенцијали, 24 години не сум видел ништо, ни П од потенцијал за Центар!:toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Слушам дека Хотел Казино Шератон од Гевгелија започнало со конкурси односно обука на персонал од Штип. Има ли вистина во ова ?
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Слушам дека Хотел Казино Шератон од Гевгелија започнало со конкурси односно обука на персонал од Штип. Има ли вистина во ова ?

Прв пат слушам, ако чујам нешто ке пишам тука!:toe:
 
KIFFLA

не ме викај друже
Член од
5 ноември 2008
Мислења
548
Поени од реакции
180
Ме интересира дали има приватни викендашки смештаи у Штип?
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ме интересира дали има приватни викендашки смештаи у Штип?

Како ги замислуваш тие приватни викендашки???

Ако мислеш за соби за изнајмување, мислам дека тешко дека ке најдеш, зашо се е пуно поради студентиве и средношколците.
Така да најпаметно ке ти биде да си отидеш во некое Хотелче/Мотелче, мислам дека најпаметно ке ти биде!!!:toe:
 
Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Вечерва бев за прв пат навечер во Штип.
Убоо си поминав ...:) Најпрвин во Logo, пееше Ноне Неделковска а потоа бев и во Ice Coffe на ДнК, Врчак... ( a унутра смрди на пудра, испотени мишки урлаат у гужва:vozbud:).
И на крај требаше да одиме у Cabaret ама бевме куси со време.

П.С Девојчињата не ви се лоши . . .:pipi:
 
Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Штип ќе добие универзитетска Клиничка болница, нејзината изградба планирана е во првата половина на 2010 година. Портпаролот на универзитетот „Гоце Делчев“, Кирил Барбареев истакна дека универзитетската Клиничка болница ќе се гради во кругот на факултетот за Медицински науки. „Со изградбата на универзитетската Клиничка болница и на универзитетска студентска поликлиника ќе се изгради кампусот три, или ќе се оформи делот за медицински науки“, рече Барбареев.
Тој додава дека универзитетската Клиничка болница, на која што ќе бидат застапени сите одделенија ќе се гради со средства од Владата, а еден мал дел ќе издвои и универзитетот „Гоце Делчев“.

Штип се подготвува да стане центар на алтернативниот туризам во источна Македонија. Покрај Битола и дубровник, Штип стана третиот град од Балканот кој доби сертификат за членство во европската асоцијација со културно богато наследство. За штипската локална самоуправа ова би значело стекнување на искуство во водењето на овој тип на туризам.
Веќе се направени првите чекори. Ќе бидат поставени туристички бироа каде што странците би можеле да купат сувенити кои откако ќе заминат во своите држави ќе ги потсетуваат на убавините на градот.
Членувањето во ваква асоцијација е ослеснување за туристичките работници. Според нив, источниот регион располага со културно историско богатство, кое лесно е да го понудиме на странските туристи, но сепак ни недостасува рекламен материјал кој лесно би можел да стигне до нив.
Свое место во стопанскиот живот во регионот треба и мора да најдат и туризмот и угостителството. Источниот плански регион има идеални природни, климатски и историски услови за развој на туризмот. Започнувајќи од бањските капацитети, па се до природните убавини на Малешевските планини, кои последните неколку години се атрактивни за туристите од Холандија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom