Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Знаеш како, никогаш не може да ни падне лесно една таква вест или да ја прифатиме нормално и да не се грижиме за срамот што ќе пукне, распадот на семејството и сите други непријатни последници. Но, од друга страна мислам дека иако е тешко, мора да прифатиме дека нашите родители се луѓе како нас. И тие имаат живот и тие имаат свои потреби и тие сакаат да сакаат и да бидат сакани од свој партнер. Доколку тоа го нема во бракот, треба да размислиме кои сме ние да ги осудиме. Не е тоа нешто што се планира или прави намерно. Едноставно, тие двајца функционираат или не. Исто како ние со нашите дечковци или девојки. На страна поголемите обврски кои ги имаат со нас... тоа не ги прави машини без чувства.
Исто така не би требало да не погоди тоа во смисла дека не не` сакаат или не се грижат доволно за нас. Сето тоа си има посебно место во сечие срце.
Па, ако ние можеме да го прифатиме ова, полесно ќе ги поднесеме озборувањата и тие глупости. Незнам дали некогаш би кажала на тој другиот, но знам дека на тој што изневерува би го седнала на мубает и би го поддржала во тоа да признае и да ја реши таа ситуација, непријатна за сите. Мислам дека е фер од наша страна да имаме разбирање за нашите родители, барем половина од тоа што го имале тие за нас додека сме растеле и сме им грешеле.
Понатаму што и да одлучат би прифатила. Не би искршила никого од ќотек, не би отпишала никого и не би отсакала никого. Едни се, па немам замена за нив, за да ги прокоцкам поради било што на светов.