Zaptija Stojkov
Комунист
- Член од
- 23 февруари 2010
- Мислења
- 3.141
- Поени од реакции
- 2.792
Интересна работа е тоа што Leela Zero прави 25.000 варијанти во секунда, a Стокфиш прави 360 пати повеќе 9 милиони варијанти во секунда, и како така да успева да го победува?Мое мислење е дека компјутерските програми уште ќе напредуваат. Сè додека секоја партија не завршува со реми или евентуално секоја да ја добива белиот. До толку ќе бидат пресметани сите потези.
Анализирав неколку партии помеѓу Leela Chess Zero - Stockfish. Високо ниво за мене. Многу пати наидувам на „глупи“ потези кои немаат смисла.
Но во третата партија не можам да сфатам зошто црниот во 33 потез даде ловец џабе, уште помалку не сфаќам зошто во 41 потез не се движеше кон својот пешак на b5, туку вртеше во место. Фер беше да ја предаде партијата ако пресметал дека не може да извлечче реми.
А и друго на сите шаховски програми се внесени сите одиграни партии уште од 1.600 година па се до ден денес, а на Leela Zero ниту една партија не е внесена...