Напрчен значи и некој што е “напупен“

ама и некој што е исправен (напрчен к.р) “дигнат“ (како карактеристика - “надуен“, горд, возгордеан), но значи и некој што е “наместен“ (во некоја игра или ситуација), изигран... Во картите се мисли веројатно напрчена = превртена, затоа што некој напрчен/напупен е исто како и превртен, лежи помешечки. Некој картарошки сленг е.
Прчена коза е онаа која имала секс со прч (јарец).
Како поговорка се користи : “Ш'о не се прчило то' не се козило“ (демек, ако некој не се мешал во некои проблеми или ситуации немало ни да ги сноси последиците од тоа... Со други зборови “да си седел настрана од незгоди немало ни да страда).