Човештво, теории на настанувањето

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Siguren si deka site majmuni se isti? nema rasi kaj niv? idi otvori enciklopedija prolistaj dali site majmuni se isti,nemoj da tvrdis nesto sto ne znaes
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Би сакал да изјаснам нешто што ме мачи одамна а тоа е дека нема шанси да сме настанале од човеколики мајмуни ! Што е со расите ?! јас немам видено бел,црн,жолт,црвен мајмун-СИТЕ СЕ ИСТИ ! дајте да размениме мислења и секој кој е запознан со оваа материја нека пиши пост
Божино колку години имаш?

Само да ти објаснам некои работи, различните раси мајмуни кога ќе ги видиш од надвор толку многу се разликуваат што не е спорно дека има повеќе раси, а што ќе кажеш на фактот дека има околу 350000 различни видови на бумбаровидни инсекти (Род: Coleoptera)?
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.605
Поени од реакции
13.303
Божино колку години имаш?

Само да ти објаснам некои работи, различните раси мајмуни кога ќе ги видиш од надвор толку многу се разликуваат што не е спорно дека има повеќе раси, а што ќе кажеш на фактот дека има околу 350000 различни видови на бумбаровидни инсекти (Род: Coleoptera)?
pa imam 8 godini so da se praj sakam neso novo da naucam ne smeam?!
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
смееш божино, само проблемот се јавува во тоа што нивото на образование тие уште многу мало за да можеш да разбереш што ние воопшто тука и да напишеме. Стрпи се малку, прво научи го предметот запознавање со природата и општеството, па после ќе можеме малку по малку да навлегуваме во таа проблематика, за која требаат навистина големи познавања од науката за да ги разбереш.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Вака, гледам тука сите се поделени во два табора - еволуционисти, и креационисти. Ако бараме дупки, ги има во изобилство и во двата случаја. Не ја гледам причината тие дупки да не се признаат од било која страна.

Креационизмот - има астрономски дупки во својата основа. Особено бидејќи поголемиот дел луѓе кои го подржуваат ова, се религиозни финдаменталисти и ја сфаќаат Библијата буквално, збор до збор. Начинот на кој се напишани настаните во религиозните книги не се разликува многу од митологиите и митовите од антиката.

Еволуционизмот - Многу ме нервира онаа, "Теорија на шанса". Дека се што гледаме е производ на random околности, не само нашето настанување, туку и целокупниот мултиверзум. И дека нашето постоење се сведува на casual encounter на амино-киселини итн. Биг Бенг теоријата го објаснува настанокот толку прецизно колку што го објаснуваат и религиозните луѓе.

Интелигентен Дизајн - Еден обид во наоѓање на НЗС помеѓу еволуцијата и креационизмот. Иако повеќето луѓе од двете спротивставени страни не гледаат ништо интелигентно тука, јас ја гледам основата на мојата лична теорија за настанувањето на Мултиверзумот и човештвото.

Но, за разлика од останатите, јас знам да си признаам уште сега дека има не дупки, него јами во мојата теорија, но сепак не се преправам дека не постојат. Ако ништо друго, гледајте на ова како на еден вид освежување на веќе досадниот и монотон дуализам на спротивставеност помеѓу двете страни овде. Може? Епа да почнам.

Само со што прво? Мултиверзумот или човештвото? Ајде со тоа што е постаро.

Според моите заклучоци, разгледувајќи ја методата на вродена холографија, и некои тврдења и потврдувања од "надворешни" извори (ќе објаснам подоцна што е тоа), сметам дека Мултиверзумот е настанат пред 23 трилиони години (23,000,000,000,000,000 години) и иако некој би помислил дека ова се многу години и дека тоа значи Мултикосмосот е стар, ова не е случајот, имено, ако Мултиверзумот беше живо суштество, сега ќе претставуваше само зигот.

По таа проценка на возраст, можеме да заклушиме и дека за тој временски период, некаде во космосот има настанато живот, баш како и тука. Што ако некои од тие форми на живот прераснале во популации, а тие во развиени цивилизации? Мојата верзија на настанокот на човекот е дека ние претставуваме генетски збир од најмалку 24 цивилизации. Тоа не би било толку далеку од реалноста ако земеме во предвид дека сега, самите ние, генетски ја модифицираме храната, растенијата, животните, па и животните. Има служаи каде генетиката се користи да се уништат штетни наследни болести кај луѓето. Кој вели дека цивилизации, кои се толку развиени кои можат да патуваат низ разни далечни ѕвездени системи, не би можеле да ги искористат своите способности и да "зачнат" живот на една оддалечена планета in the middle of nowhere?

Ние се наоѓаме на работ од нашата галаксија, на еден од нејзините краци. По популарно "правило" кај многу луѓе кои тврдат дека имале контакт со вакви цивилизации, сите тврдат дека поразвиените цивилизации се наоѓаат во средина или непосредна близина на центарот на галаксиите. Наводно, црните дупки, емитуваат енергетски бранови со посебна вибрирачка фрекфенција која игра улога на катализатор на созревањето и развитокот на окружните култури (некој би рекол еволуција, и би се сложил до одреден степен, но нашето сфаќање на еволуцијата е сиромашно најблаго земено).

А што тврдат НАСА и сличните? Црните Дупки - најдеструктивна појава во космосот. Треба да се избегнуваат. Исто, разни вонземски цивилизации тврдат дека универзумот каков што го познаваат до сега е поделен на 11 степени на развивање. Тие степени претставуваат ниво на Свесност и Постоење. Од 23 Март 1994 година, нов вид на фрекфенција и енергија почнува да еманира од Црните Дупки во соседните галаксии, феномен, наводно до сега невиден ни од најразвиените цивилизации.

Имено, тој нов вид на енергија и вибрирачка фрекфенција ги содржи математичките репрезентации од сите фрекфенции заедно, со уште една нова до сега непосната фрекфенција. Судејќи по комбинацијата на вибраторни фрекфенции и фактот дека тоа е непознат феномен за култури кои се постари и од нашиов Соларен Систем, тоа е земено како создавање на нов космички Континуум (12ти степен) кој инкорпорира нов вид на Постоење и Свесност кој единствено може да ги прифати оние кои ги поминале сите други степени од 1 до 11. Поради комбинацијата на сите 11 претходни вибрациони фрекфенции од Континуомите.

Јас го гледам Мултиверзумот како холограф. Еден начин на искусување и само-спознавање на себе си. Зборувам за Мултиверзумот како Свесна Сила. Ја менува својата холографија и влегува во нова форма на постоење преку делење на својата Свесност на помали делови кои се наоѓаат на секое од овие 12 степени. Како што е помал степенот, толку поделбата е поголема. На 3 степен, во кој спаѓаме ние, Свесноста е толку поделена што самата наша цивилизација претставува само едно зрно песок во пустина од таа Универзална Свесност. Другите цивилизации се претставници исто така. Тоа што се случува а го нарекуваме постоење, е само еден начин на Универзалната Свесност да се спознае сама себе си и да открие нови искуства преку - заборавање на се. На се што таа Свесност претставувала. И да почне од нула. Интересна игра.

Како велат, учиме од искуството, било да е позитивно или негативно, тоа се лекции за животот и постоењето. Затоа и сме тука. Тоа е нашата цел. Да искусиме што повеќе од животот, за кога ќе се споиме повторно со Мултиверзумот, да го додадеме нашето искуство на Универзалната Свесност.

Нашиот Соларен Систем порано имал 3 сонца и 14 планети. Од разни војни кои се одвивале тука од разни фракции, две сонца се "истрошени". и 4 планети уништени. Една од нив го претставува Астероидниот појас и имала сличен состав како Земјата (Церона). Две го претставуваат Куперовиот Појас - Тијамат и Малдек. Првата - карпест гигант, втората - леден џин. Меркур е поранешна месечина на Тијамат, и после уништувањето на Тијамат, Меркур за зазема првата орбита во нашиот Сончев Систем. Дотогаш, Земјата била прва во орбита, и била обвиена со густа атмосфера од водена пареа и многу високи температури и не била погодна за живот.

Марс од друга страна, бил во својата втора орбита и бил каква што е Земјата денес. Церона е се уште активна како планета во тој временски период. По нејзиното уништување од страна на фракција од Алфа Драконис, жителите бегаат на Марс. Нибуру поминува низ Сончевиот систем пред околу 2 билиони години, после првата војна која уништува две планети од системов, цивилизацијата забележува дека на нашата планета има изобилство на злато, посебно во териториите на Африка, Австралија и пределите на денешна Индија. Користејќи животно слично на лемурот како основа, кое живеело на Марс, тие додаваат своја генетска структура и ги креираат првите човеколики мајмуни. некои видови се неуспешни, или не ги задоволиле желбите на Анунаките, па резултатот бил истребување на поедини видови. Еден од тие претставува таа фамозна "missing link".

Неандерталците подоцна ја добиваат истата судбина. Инаку со помош на фракција од Алфа Драконис (која исто додава генетски материјал), Анунаките го креираат homo erectus. Со понатамошни модификации се креира суштество кое наликува на човек, но се уште содржи "мајмунолики" црти. Време - 900.000 години п.н.е.

Се создава популација, чија задача била ископување на злато за "боговите". Зошто злато? Ако некој е хемичар и има познавање од областа на астрономијата, или обратно, може да образложи за моноатомско злато и неговите својства. Тоа би ја објаснило и опседнатоста на луѓето со злато и материјлани вредности кои се длабоко врежани во нас.

После векови на доминација на планетата Земја, Анунаките заминуваат накај соѕвездието Вирго. Малата популација оставена сама за себе, правејќи го тоа за што е креирана - ископување злато. Но ги нема боговите да земат. Овој вид е присутен во Источна Африка која во тоа време е споена со Азија и Австралија. Цивилизацијии од созвездието на Орион создаваат огромна заедничка колонија на местото кое што сега е познато како Еуромани (Кина). Време - 763.132 години п.н.е.

Наскоро после нив, цивилизација од системот на Капела заедно со неколку цивилизации од Мала и Голема Мечка (Не знам кој системи точно, немам информации), создаваат функционирачка колонија во подножјето на планината Јоган, во Чиле. Време - 741.237 п.н.е.

Има и мала група од системот на Вега (кои подоцна исто додаваат свои гени), кои создаваат две сестри колонии во пределот на Северна Африка, на местото денес познато како границата помеѓу Либија и Нигерија. Има градби од епски пропорции длабоко под земјата кои не ги имаат изградено човеколики мајмуни. Збориме за период - 701.655 години п.н.е. Се надевам дека во текот на мојот живот нешто од тоа биде откопано. Ќе ја смени свеста на луѓето комплетно.

Мала колонија од соѕвездието на Касиопеја создава колонија во денешна Алгерија, Северна Африка. Оваа раса влече гени базирани на инсектоиден вид.

За прв пат Нибиру создава своја функционирачка колонија тука во 585.133 години п.н.е., Прв пат после милиони години на искористување на природните богатства. Создаваат колонија на покана на оние од Орион. Колонијата е сместена во денешен Каиро, Египет. Орион си создава уште една масивна колонија на територијата на денешен Перт, Австралија. Да напомнам и дека во ова време, Земјата е свртена на страна. Западот и Истокот биле Север и Југ во тоа време.

Ќе продолжам во следен пост понатаму ...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Многу откачена теорија. Твоја е?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Не моја е, само чекам да видам дали ќе згреши кога ќе дојде до 10.000п.н.е
Не те бришам само за да ти кажам дека не е твое туку е мое. :D

Мала шега, навистина креативна теорија, баш да го почекаме/видиме продолжението.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Продолжувам ....

Најголемиот број на цивилизации кои биле присутни тука се базирани на водородни еко-системи. И дишат водород. Многу мал дел се од кислородни еко-системи. Има дел од нив кои дишат азот и метан.

Најголемиот дел од колониите тука биле дојдени да ги проучуваат флората и фауната и како тие егзистираат во О2 еко-системи. Наводно, О2 еко-системите се многу ретки во Млечниот Пат, а нивната реткост се должи на нивната комплексност. Другите еко-системи не се толку комплексни. Голем дел од нив експериментирале со генетика и се обидувале да претворат О2 растенија во растенија на водородна база да може да живее на водороден еко-систем, истото и со некои животни. За да можат да ги однесат назад кај нивните планети.

Има колонија од системот на Лира која доаѓа 83.400 години п.н.е. во Basque Country (не знам како се преведува ова, ако некој знае нека помогне). Наводно, денешните луѓе таму го зборуваат јазикот на тие од Лира.

Орионските цивилизации се враќаат и формираат трета колонија во внатрешноста на планината Неблина, Венецуела, Бразил. Тоа е 73.414 п.н.е.

71.933 п.н.е.- Лемурија е формирана како колективна колонијална групација. По предлог на една од расите таму, ги преместуваат своите Едени ("Рајски Градини") на континент кој се наоѓал на Пацификот.

Лемурија вклучува: Лиранци, Плејаданци (од системите на Тајгета и Меропа), Сиријанци од Сириус А системот, мала факција од Орион и Мала Мечка, и од системо на Бутес (Нибуру). Сите работат заедно како колективна колонија бидејќи во овој временски период има примирје меѓу разните страни.

57.600 п.н.е. - Атлантида како уште една колективна колонијална групација е формирана. Некаде во периодот помеѓу создавањето на Лемурија и создавањето на Атлантида Плејаданците се изнервираат за нешто "си ги пакуваат работите" и заминуваат. Подоцна се враќаат и ја формираат основата на Атлантида. Атлантида сочинува колонии од: Плејаданци (пак!), факција од Нибуру, цивилизација од системот Алдебаран, цивилизација од системот Антарес, група од Хајадес системот, група од соѕвездието на Стрелец, и мала група од соѕвездието на Андромеда (Зенетеја систем).

Сите колонии во Атлантида дишат кислород освен тие од Нибуру. Анунаките се хибридна раса помеѓу тие од Сириус Б и Орион (Бутес). Сиријанците дишат кислород, но тие од Бутес водород. Хибридите преовладуваат во водородни дишачи.

31.017 п.н.е. - Лемурија е уништена од нова војна која избива во Сончевиот систем.

27.603 п.н.е. - Атлантида ја следи истата судбина.

Да се вратам малку назад. Во библијата го имаме креационизмот. Митот за Адам и Ева. Ако индивидуалните карактери ги замениме со групи, и настаните ги толкуваме метафорично, работите почнуваат да имаат повеќе смисла. Бог, заменет со богови (вонземјани). Адам и Ева претставуваат племиња.

Адами - Патријархален систем.

Евари - Матријархален систем.

Ева создадена од ребро на Адам - Еварите базирани на генетската платформа на Адамите.

Двете групации формирани од страна на групите присутни во тоа време како колонијални бази на Земјата.

На видовите креирани од Анунаките, им се додава нова тура генетски материјал од групите на Атлантида и Лемурија. Крајниот резултат е два вида - Адамите и Еварите.

Адамите се производ на Атлантида, а Еварите на Лемурија.

Приказните за Змијата/Рептилот која ја мами Ева да го направи смртниот грев:

Има групи од Алфа Драконис, Бутес и Риџел, кои по својата генетска структура и изглед, наликуваат како да имаат рептоидни црти. Наводно, поголемиот дел од рептилите на Земјата се донесени од нивните планети.

Како што знаеме за спротивставеноста на Анунаките, опишано во митот за Енки и Енлил, имаме спротивставеност на боговите во Библијата.

Се разбира, имаме и лоши и добри. Во библијата го имаме Бог (боговите - вонземјаните) и Луцифер (демоните - вонземјани исто така).

Бог им забранува на Адам и Ева да заминат од Рајската Градина

Вонземјаните им забрануваат на Адамите да излегуваат надвор од Еденот (колонијалната база), на површина.

Бог исто забранува да го пробуваат овошјето/плодот од Дрвото на Знаењето.

вонземјаните забрануваат на двете племиња да отвораат базата на податоци, информации и знаење кој аја имале со себе во Еденот/Базата.

Луцифер ја убедува Ева да го проба плодот.

Една од факциите успева да ги им го приложи знаењето на Еварите и да им ја објасни историјата, нивното создавање, нивната технологија и знаење итн. додека контролната факција не била присутна на Земјата.

За разлика од Адамите, Еварите станале за кратко време многу паметни и се здобиле со огромни познавања од областна на метафизика, математика, геометрија, астрономија и медицина. Адамите поради постојаната опресија од страна на нивните господари, останале прости. Еварите потоа решиле да го споделат своето знаење со другото племе (Ева го дава плодот на Адам да го вкуси).

Тогаш и дознаваат што е правилно а што погрешно (се учат на морал и етички кодекси на однесување - ставаат облека за да се покријат, станубаат свесни за себе си). Кога Бог (вонземјаните) се враќаат назад и ја согледуваат ситуацијата, ги истеруваат Адамите и Еварите надвор од Рајската Градина (колониите). И се казнети со смртност. Им се одзема долгиот животен век кој го наследуваат од гените на своите креатори, и нивната ДНК се манипулира до неверојатен степен.

Адамите имале бледа кожа со малку зеленикав тинт поради крвта која содржела бакар и други минерали.

Еварите имале црвеникава кожа асоцирајќи на древните Индијанци, и по композиција биле горе долу исти, но црвената боја ја давале исклучиво минерали, инаку крвта била исто базирана на бакар.

Поради Втората Војна неколку века подоцна во која Атлантида и Лемурија се уништуваат, од ненормалната радијација предизвикана од нуклерни оружја, структурата на нашата ДНК продолжува да се дегенерира и распаѓа. Денес, имаме нешто наречено Junk DNA. Се прашувам дали ова го објаснува нејзиното постоење кај нашиот организам.

Од војната, две од сонцата се "исшмукани" од енергија. Нашиот пигмент се менува од светло зелен во бел и жолт (азиски) и од црвеникав во црн и кафен (африкански и индиски). Поради овошјата и зеленчукот кои постоеле надвор од колонијалните бази, сме морале да свикнеме на друг вид исхрана, која не вклучува храна богата со бакар. Во надворешнста имало само храна богата со железо. Затоа постепено и внатрешната генетска конфигурација се менува. И постепено стануваме во човекот каков што е денес. Време - 23.000 години. п.н.е.

Вонземјанските групации зи заминуваат од нашиот Соларен систем. Време 25.064 п.н.е.

Мали факции остануваат. Нив ги сочинува мал елемент од Алфа Драконис, мал дел од Анунаките, и отфлена група на Плејаданците.

Тие и до ден денес ги фабрицираат негативните настани во нашите животи. Сите негативности денес потекнуваат од нив. Расизмот, национализмот, супериорност, експлоатација, искористување, алчност и жедта за контрола и моќ. Сите тие се вонземски концепти присвоени од нас. Ќе објаснам подетално во некој од следните постови. Сега за сега е доста. Сигурно некој има прашања во врска со ова, па да ги одгoворам...
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Продолжувам ....
Најде дупки во креационизам, интелегентен дизајн и еволуција (иако ниедно од трите не разбираш) и Лемурија, Атлантида, Адами, Евари и се останато е идејата која недостасува?

Уште малку секоја втора СФ книга ќе стане вистинита.

Anyhow... десетка за имагинацијата.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Alex Collier? :tv:

интересна теорија ..
секако непотполна и супер за сценарио за филм :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Многу откачена теорија. Твоја е?
Јесте да. Знам дека е откачена, не очекувам било кој да ми верува, но барем е малку "поинтересна" од креационизмот и еволуцијата.

Колку е вистинита е дебатливо. Немам докази лично, но може да се открие пола за кое зборував или преку копање длабоко во Земјата или копање длабоко во човечката генетска структура. Хехе, или копање длабоко по архивите на Пентагон и НАСА :icon_roll

Не моја е, само чекам да видам дали ќе згреши кога ќе дојде до 10.000п.н.е
О, така ли? Па еве стигнав до 23.000, близу сме, сакаш ти да ме надополниш, кога веќе тврдиш дека имаме иста теорија? Ајде, малку да одморам...

Не те бришам само за да ти кажам дека не е твое туку е мое. :D

Мала шега, навистина креативна теорија, баш да го почекаме/видиме продолжението.
Фала Apokalipto, знам дека одма ќе најдеш дупки, особено кога се работи за гените, ако си генетичар, ама јас се раководам по туѓи информации со кои ја оформив теоријата. Така да, ме интересира што мислиш. Ќе чекаш да завршам целосно, или?

Инаку ќе мора да идам во кревет за 10 минути, така да остатокот ќе го напишам утре, ако немате против, важи?

Најде дупки во креационизам, интелегентен дизајн и еволуција (иако ниедно од трите не разбираш) и Лемурија, Атлантида, Адами, Евари и се останато е идејата која недостасува?

Уште малку секоја втора СФ книга ќе стане вистинита.

Anyhow... десетка за имагинацијата.
Не ги "најдов" јас лично, туку тие веќе постојат, и се пронајдени од други луѓе. Јас не ги посочувам дупките бидејќи тоа не се бараше од мене, инаку наместо да почнам со мојата теорија, имаше доста постови од оваа тема на кои сакав да реплицирам, ама ми беше побарано од некој само да постирам мислење без да реплицирам.

И баш убаво потенцирав на почетокот дека мојата теорија има дупки поголеми од сите до сега теории за настанувањето на Универзумот и Човештвото, само јас не се преправам дека ги нема, или да ја бранам мојата теорија како абсолутно точна и сите други абсолутно погрешни.

Никаде го нема тоа во моите постови. Ако не веруваш во тоа што го постирав, нема проблем, личен избор, гледај го како СФ, што да ти кажам? Инаку ова не е плод на мојата имагинација, да беше ќе ми требаше повеќе од еден саат за да го пишувам ...

Инаку фала сепак.

Alex Collier? :tv:

интересна теорија ..
секако непотполна и супер за сценарио за филм :)
Некои делови се не Алекс Колиер, другите ми се од Свердлов, Боб Дин, Дејвид Вилкок, Др. Пит Петерсон, Линда Хоу, Касиопеанскиот Материјал, Ра Материјалите, Плејаданскиот Материјал, да не ги набројувам сите.

Кога кај сите тие различни извори се повторува готово истото, знаеш дека има нешто ...

Како и да е, ова не го постирав за да убедувам било кој, туку како свеж, додаток на една постара дискусија. Тоа е се.
________________________

Apokalipto, што ти реков? .... :cry:

Требаше да не пишувам ништо...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ти терај си :) и онака ова е далеку подобро од ништо, и свежо за читање. Да не случајно мислеше дека сите ќе се согласат со тебе.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ти терај си :) и онака ова е далеку подобро од ништо, и свежо за читање. Да не случајно мислеше дека сите ќе се согласат со тебе.
:icon_mrgr Хаха! Секако дека не, но ти викаш сите, јас не гледам еден кој ме сфати сериозно ........ Па и како би можеле, мислам, самата перспектива која ја обработувам е доста ...... far fetched :icon_roll ...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
:icon_mrgr Хаха! Секако дека не, но ти викаш сите, јас не гледам еден кој ме сфати сериозно ........ Па и како би можеле, мислам, самата перспектива која ја обработувам е доста ...... far fetched :icon_roll ...
Хаха, ова од искуство - секогаш има уште еден чудак како тебе/мене :) сепак живна тема која одамна ја закопале и ја направиле премонотона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom