Вака, гледам тука сите се поделени во два табора - еволуционисти, и креационисти. Ако бараме дупки, ги има во изобилство и во двата случаја. Не ја гледам причината тие дупки да не се признаат од било која страна.
Креационизмот - има астрономски дупки во својата основа. Особено бидејќи поголемиот дел луѓе кои го подржуваат ова, се религиозни финдаменталисти и ја сфаќаат Библијата буквално, збор до збор. Начинот на кој се напишани настаните во религиозните книги не се разликува многу од митологиите и митовите од антиката.
Еволуционизмот - Многу ме нервира онаа, "Теорија на шанса". Дека се што гледаме е производ на random околности, не само нашето настанување, туку и целокупниот мултиверзум. И дека нашето постоење се сведува на casual encounter на амино-киселини итн. Биг Бенг теоријата го објаснува настанокот толку прецизно колку што го објаснуваат и религиозните луѓе.
Интелигентен Дизајн - Еден обид во наоѓање на НЗС помеѓу еволуцијата и креационизмот. Иако повеќето луѓе од двете спротивставени страни не гледаат ништо интелигентно тука, јас ја гледам основата на мојата лична теорија за настанувањето на Мултиверзумот и човештвото.
Но, за разлика од останатите, јас знам да си признаам уште сега дека има не дупки, него јами во мојата теорија, но сепак не се преправам дека не постојат. Ако ништо друго, гледајте на ова како на еден вид освежување на веќе досадниот и монотон дуализам на спротивставеност помеѓу двете страни овде. Може? Епа да почнам.
Само со што прво? Мултиверзумот или човештвото? Ајде со тоа што е постаро.
Според моите заклучоци, разгледувајќи ја методата на вродена холографија, и некои тврдења и потврдувања од "надворешни" извори (ќе објаснам подоцна што е тоа), сметам дека Мултиверзумот е настанат пред 23 трилиони години (23,000,000,000,000,000 години) и иако некој би помислил дека ова се многу години и дека тоа значи Мултикосмосот е стар, ова не е случајот, имено, ако Мултиверзумот беше живо суштество, сега ќе претставуваше само зигот.
По таа проценка на возраст, можеме да заклушиме и дека за тој временски период, некаде во космосот има настанато живот, баш како и тука. Што ако некои од тие форми на живот прераснале во популации, а тие во развиени цивилизации? Мојата верзија на настанокот на човекот е дека ние претставуваме генетски збир од најмалку 24 цивилизации. Тоа не би било толку далеку од реалноста ако земеме во предвид дека сега, самите ние, генетски ја модифицираме храната, растенијата, животните, па и животните. Има служаи каде генетиката се користи да се уништат штетни наследни болести кај луѓето. Кој вели дека цивилизации, кои се толку развиени кои можат да патуваат низ разни далечни ѕвездени системи, не би можеле да ги искористат своите способности и да "зачнат" живот на една оддалечена планета in the middle of nowhere?
Ние се наоѓаме на работ од нашата галаксија, на еден од нејзините краци. По популарно "правило" кај многу луѓе кои тврдат дека имале контакт со вакви цивилизации, сите тврдат дека поразвиените цивилизации се наоѓаат во средина или непосредна близина на центарот на галаксиите. Наводно, црните дупки, емитуваат енергетски бранови со посебна вибрирачка фрекфенција која игра улога на катализатор на созревањето и развитокот на окружните култури (некој би рекол еволуција, и би се сложил до одреден степен, но нашето сфаќање на еволуцијата е сиромашно најблаго земено).
А што тврдат НАСА и сличните? Црните Дупки - најдеструктивна појава во космосот. Треба да се избегнуваат. Исто, разни вонземски цивилизации тврдат дека универзумот каков што го познаваат до сега е поделен на 11 степени на развивање. Тие степени претставуваат ниво на Свесност и Постоење. Од 23 Март 1994 година, нов вид на фрекфенција и енергија почнува да еманира од Црните Дупки во соседните галаксии, феномен, наводно до сега невиден ни од најразвиените цивилизации.
Имено, тој нов вид на енергија и вибрирачка фрекфенција ги содржи математичките репрезентации од сите фрекфенции заедно, со уште една нова до сега непосната фрекфенција. Судејќи по комбинацијата на вибраторни фрекфенции и фактот дека тоа е непознат феномен за култури кои се постари и од нашиов Соларен Систем, тоа е земено како создавање на нов космички Континуум (12ти степен) кој инкорпорира нов вид на Постоење и Свесност кој единствено може да ги прифати оние кои ги поминале сите други степени од 1 до 11. Поради комбинацијата на сите 11 претходни вибрациони фрекфенции од Континуомите.
Јас го гледам Мултиверзумот како холограф. Еден начин на искусување и само-спознавање на себе си. Зборувам за Мултиверзумот како Свесна Сила. Ја менува својата холографија и влегува во нова форма на постоење преку делење на својата Свесност на помали делови кои се наоѓаат на секое од овие 12 степени. Како што е помал степенот, толку поделбата е поголема. На 3 степен, во кој спаѓаме ние, Свесноста е толку поделена што самата наша цивилизација претставува само едно зрно песок во пустина од таа Универзална Свесност. Другите цивилизации се претставници исто така. Тоа што се случува а го нарекуваме постоење, е само еден начин на Универзалната Свесност да се спознае сама себе си и да открие нови искуства преку - заборавање на се. На се што таа Свесност претставувала. И да почне од нула. Интересна игра.
Како велат, учиме од искуството, било да е позитивно или негативно, тоа се лекции за животот и постоењето. Затоа и сме тука. Тоа е нашата цел. Да искусиме што повеќе од животот, за кога ќе се споиме повторно со Мултиверзумот, да го додадеме нашето искуство на Универзалната Свесност.
Нашиот Соларен Систем порано имал 3 сонца и 14 планети. Од разни војни кои се одвивале тука од разни фракции, две сонца се "истрошени". и 4 планети уништени. Една од нив го претставува Астероидниот појас и имала сличен состав како Земјата (Церона). Две го претставуваат Куперовиот Појас - Тијамат и Малдек. Првата - карпест гигант, втората - леден џин. Меркур е поранешна месечина на Тијамат, и после уништувањето на Тијамат, Меркур за зазема првата орбита во нашиот Сончев Систем. Дотогаш, Земјата била прва во орбита, и била обвиена со густа атмосфера од водена пареа и многу високи температури и не била погодна за живот.
Марс од друга страна, бил во својата втора орбита и бил каква што е Земјата денес. Церона е се уште активна како планета во тој временски период. По нејзиното уништување од страна на фракција од Алфа Драконис, жителите бегаат на Марс. Нибуру поминува низ Сончевиот систем пред околу 2 билиони години, после првата војна која уништува две планети од системов, цивилизацијата забележува дека на нашата планета има изобилство на злато, посебно во териториите на Африка, Австралија и пределите на денешна Индија. Користејќи животно слично на лемурот како основа, кое живеело на Марс, тие додаваат своја генетска структура и ги креираат првите човеколики мајмуни. некои видови се неуспешни, или не ги задоволиле желбите на Анунаките, па резултатот бил истребување на поедини видови. Еден од тие претставува таа фамозна "missing link".
Неандерталците подоцна ја добиваат истата судбина. Инаку со помош на фракција од Алфа Драконис (која исто додава генетски материјал), Анунаките го креираат homo erectus. Со понатамошни модификации се креира суштество кое наликува на човек, но се уште содржи "мајмунолики" црти. Време - 900.000 години п.н.е.
Се создава популација, чија задача била ископување на злато за "боговите". Зошто злато? Ако некој е хемичар и има познавање од областа на астрономијата, или обратно, може да образложи за моноатомско злато и неговите својства. Тоа би ја објаснило и опседнатоста на луѓето со злато и материјлани вредности кои се длабоко врежани во нас.
После векови на доминација на планетата Земја, Анунаките заминуваат накај соѕвездието Вирго. Малата популација оставена сама за себе, правејќи го тоа за што е креирана - ископување злато. Но ги нема боговите да земат. Овој вид е присутен во Источна Африка која во тоа време е споена со Азија и Австралија. Цивилизацијии од созвездието на Орион создаваат огромна заедничка колонија на местото кое што сега е познато како Еуромани (Кина). Време - 763.132 години п.н.е.
Наскоро после нив, цивилизација од системот на Капела заедно со неколку цивилизации од Мала и Голема Мечка (Не знам кој системи точно, немам информации), создаваат функционирачка колонија во подножјето на планината Јоган, во Чиле. Време - 741.237 п.н.е.
Има и мала група од системот на Вега (кои подоцна исто додаваат свои гени), кои создаваат две сестри колонии во пределот на Северна Африка, на местото денес познато како границата помеѓу Либија и Нигерија. Има градби од епски пропорции длабоко под земјата кои не ги имаат изградено човеколики мајмуни. Збориме за период - 701.655 години п.н.е. Се надевам дека во текот на мојот живот нешто од тоа биде откопано. Ќе ја смени свеста на луѓето комплетно.
Мала колонија од соѕвездието на Касиопеја создава колонија во денешна Алгерија, Северна Африка. Оваа раса влече гени базирани на инсектоиден вид.
За прв пат Нибиру создава своја функционирачка колонија тука во 585.133 години п.н.е., Прв пат после милиони години на искористување на природните богатства. Создаваат колонија на покана на оние од Орион. Колонијата е сместена во денешен Каиро, Египет. Орион си создава уште една масивна колонија на територијата на денешен Перт, Австралија. Да напомнам и дека во ова време, Земјата е свртена на страна. Западот и Истокот биле Север и Југ во тоа време.
Ќе продолжам во следен пост понатаму ...