Зошто ние сме еволуирале до ова ниво, а останатите животни не, иако живееме во иста средина, а сме живееле и тогаш? И тоа едвај има знаци дека еволуиираат. А кај нас сето тоа се случило во временски аспект - дур да трепнеш. Објаснение?
.
Зошто ние сме еволуирале до ова ниво, а останатите животни не, иако живееме во иста средина, а сме живееле и тогаш?
Најпрво кое е тоа ниво? Еволуцијата не подразбира стрикно определен процес кој треба да создава “свесни“ организми. Тоа е процес кој директно подлежи на законите на природата. Денешниот човек е последица на определени збиднувања кои му ја дале привилегијата да ја развие свеста и на тој начин да се искачи на врвот на хиерархијата.
Општо е познато дека еволуцијата е дивергентен процес, води кон постојани расчленувања и оддалечувања на еден вид од друг. Значи, во природата не може сите организми да еволуираат до ниво на “свест“, да бидат бипедални и да имаат развиено говорен систем.
Точно е дека со некои животни живееме во иста животна средина (само со некои, но не и со сите!). Сите живи организми се отворени системи кои се во постојана интеракција со природата, па таа е еден одосновнитемеханизми на еволуцијата. Доколку таа се промени и живите организми во неа ќе бидат принудени да се променат (под услов да преживеат). Друго,
средината никогаш не е постојана, од миг во миг таа постојано се менува, а со тоа и организмите се менуваат. Но, не треба да значи дека кај нив ќе дојде до идентични промени. Некои организми се поиздржливи на студ, а некои не. Значи тие што се издржливи на студ нема да се променат бидејќи немаат повод за тоа, а тие што не се издржливи ќе мораат да развијат систем за “издржливост“ под услов да преживеат. Од тука следува дека
исти услви во природата не предизвикуваат исти ефекти кај видовите!
И тоа едвај има знаци дека еволуиираат.
Знаци на еволуција во текот на својот живот нема да видиш. Тоа е така затоа што еволуцијата опфаќа долготраен процес на натрупување на мали и речиси незабележителни промени во особините а организмите. Од тука, животниот век на човекот е премногу мал за да може со своите очи да го опсервира процесот на еволуција на било кој вид.
А кај нас сето тоа се случило во временски аспект - дур да трепнеш.
Еволуцијата на човекот не се случила за “дур да трепнеш“ време. Преминот на човеколикиот мајмун во човек се случува пред околу 2.3 до 2.4 милијарди години. Ова време гледано од страна на еволуцијата на е премногу долго! Еволуцијата е процес кој директно зависи од времето, но и од условите кои владејат во средината во која опстојува набљудуваниот вид. Толку условите се тие кои ја определуваат брзината на еволутивниот процес, а со самото тоа го определуваат и временскиот интервал во кој се случува процесот. Човеколикиот мајмун ја променил животната средина (џунгла) во која не подлежел на
селективен притисок од природта бидејќи се му било угодено и по мерка. Заминал во друга животна средина која дијаметрално се коси со средината во која предходно живеел. Од тука, тој подлежи на селективен притисок поради тоа што ништо не му се вклопува со предходниот живот. Селективниот притисок го принудува да се менува, да ги менува навиките, а со тоа и да еволуира. Значи
времето на еволуција зависи од условите во природата. Човекот бил под голем притисок и затоа брзо еволуирал за релативно кратко време!
Се надевам дека одговорив на прашањето. Ако нешто друго не е јасно, ќе се обидам (доколку можам) да дадам одговор
:smir: