Човештво, теории на настанувањето

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.298
Во минатото биле актуелни две теории онаа со мајмуните и другата дека човекот е создаден од Бог . Денес, со развојот на технологијата, науката, НО пред се имагинацијата се појавиле разни модификации на овие теории посебно на оваа со мајмуните па некои веруваат дека дошло до оплодување на некоја џиновска вонземјанска раса со мајмуните, дека ние сме тука доселеници и така натаму ....

Кога бевме на семинар во една истражувачка станица првото прашање што ни го поставија беше кој е предокот на човекот .. на скоро сите од нас одговорот ни беше човеколикиот мајмун - по неколку минути кога ни ги читаја одговорите и ни ги образложуваја излезе дека одговорот не ни е точен .

Еве ја и теоријата кои тие ни ја соопштија за која што јас мислам дека е најверодостојна .. ма да мислам дека ова прашање уште долги години нема да биде решено :

Човекот и мајмунот имале ист предок хоминид ( hominidae). За време оформувањето и осовршувањето на овие два видови дошло до изумирање на предокот ххоминидот.
Ете зошто мајмуните не еволуираат во луѓе . Тогаш повеќе немало услови да се создаваат такви примитивни форми на мајмуни и човек .
Причините за изумирањето се едноставни и јасни. климатските промени и неусвршеноста на тој предок на човекот и мајмунот не се согласувале .. како шо исчезнале диносаурусите така и ова суштество .
И уште едно нешто за образложување ми останува. Зошто се случила таа поделба на две различни гранки ок кои денес настанале денешните луѓе и мајмуни ?
Хоминидот како суштество не опстојувал само на една област од земјата .. имало места со бујна вегетација и фауна имало и места каде што морално било да се искористи некоја блага форма на мислење за да се опстане . Токму тие примитивни мисли биле првите знаци на еволуција на човекот ( биолошка и психичка).
Исто така знаеме дека и човекот како човек се разликува во различни предели на земјата тоа не ги прескокнувало ниту тие две гранки ( човечката и мајмуните ) па затоа се јавуваат и различни подвидови .

Засега тие се моите сознанија за оваа теорија . Се надевам дека барем малку успеав нешто да објснам .. ако не .. барем се обидов :vozbud:
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.948
Поени од реакции
1.500
Според South Park еволуцијата на Нас луѓето настанала вака:
Знам дека поради мојата смисла за хумор онаква каква што е ризикувам некој да го избрише постов ама тоа е тоа, ризикот се исплати. :)

Како и да е животот на Земјата според научните тврдења се базира со првото синтетизирање на амино-киселини кое што настанало во водата. Од таму почнале да се синтетизираат посложени протеински молекули, настанува RNA, настанува DNA helix-от, први најпрости организми за кои што знае човештвото биле коацерватите, па едноклеточните организми, тука некаде се појавуваат и вирусите како посложени паразитски протеински формации. едноклеточните еволуираат во повеќеклеточни, (се уште се делат со проста делба т.е. митоза), повеќето клетки се групираат по сродност во ткива, ткивата по функционалност во органи а органите во организам. Тука, поради неефикасноста и неможноста на простата делба се појавува мејозата и половото размножување. Жив свет излегува од морињата, населува и копно, се појавуваат првите бели дробови, и тн. и тн.
Се појавуваат некои посложени групи и продгрупи на животни, во нив спаѓаат цицачите, а еден од нив кој што се претпоставува дека е настанат од одредена врста на мајмуни е и човекот.

Сепак, делењето на жива и не жива природа е грубо...
Природа и жив свет е мноогу поширок поим од аминокиселини.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па имало термонуклеарни експлозии и мрежа што ги фаќала душите :icon_lol:.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.948
Поени од реакции
1.500
Го заборавив и овој за мене омилен клил:
(го закачувам вака затоа што не можам едит да направам на претходниот мој пост сега)
Еволуција според The Simpsons.


Ако човек ги загледа внимателно и двете видеа и The Simpsons и South Park, практично се е кажано во нив особено во The Simpsons Evolution, иако навидум може да бидат примени несериозно од страна на публиката. :)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Па имало термонуклеарни експлозии и мрежа што ги фаќала душите :icon_lol:.
Веројатно душите на оштетените.... од експлозијата - поконкретно оние чиј хумор претрпел најголема штета :(

останатите... продолжете.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Веројатно душите на оштетените.... од експлозијата - поконкретно оние чиј хумор претрпел најголема штета :(

останатите... продолжете.
Зошто да не теорија е, ја сретнав на интернет и оти мене ми кажаа дека сета вистина ја има интернет што се крие од нас од светски заговори, вонземјани, биолошки експерименти итн......
 

marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Зошто да не теорија е, ја сретнав на интернет и оти мене ми кажаа дека сета вистина ја има интернет што се крие од нас од светски заговори, вонземјани, биолошки експерименти итн......
ова скиентологија а ?! (термонуклеарни експлозии и душите на починатите се околу нас) :pos2:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.855
Поени од реакции
12.392
Еве ја и теоријата кои тие ни ја соопштија за која што јас мислам дека е најверодостојна .. ма да мислам дека ова прашање уште долги години нема да биде решено :
Да, многу тешко некогаш и да се разреши, во смисол на уште неколку вакви прашања -дали постои Виша сила, дали постои свет на енергија, духовен свет...и така натаму.
Гледајќи едно видео Spirit world 2 Alien Kabbalah во комбинација со некои постови (во разни подфоруми -мистерии, религија) за поврзаноста на вселената (како еден голем расадник на разновиден генетски материјал) со животот на нашата планета, се некако ми доаѓа на памет она -зошто оваа теорија е толку многу "изолирана" од настаните и промените во вселената (можеби за потребите на кралското семејство :) ).
Како можеби најприфатлива (здраворазумна) теорија во моментов се смета (и изучува) оваа, но ако малку повеќе се подзамислиме над она дека не сме воопшто изолирани ниту единствени во вселената...малку е чудно да сето ова (цел ланец на развој од неоргански во органски па едноклеточни...до повеќеклеточни засега најсовршени организми) се случило без никакви (генетски, органски-во смисол на готов, испрограмиран материјал) влијанија и податоци од другите системи.
Дали се генетски материјали пренесени од други системи на земјата во облик ваков каков што е (со тек на време со извесни надворешни модификации на живиот свет), дали прапочетокот е "посеан" со еден генетски сет кој се развивал од еден во друг посовршен организам...затоа (и покрај оваа теорија со заеднички предок, водоземци, пра...) барем за мене ова сеуште е мистерија.
 
Член од
13 јануари 2010
Мислења
17
Поени од реакции
1
Ja imam slusnato deka nie lugeto sme bile kako sega sto gi vikaat anglicanive ''bigfoot" ama koga sme pocnale da se razvivame prosecnata visina ni bila 4 metri!!
No za srekja nasite predci bidejki tesko mozele da fatat plen za da jadat, piele jajca od sekakvi ptici!!!
A jajceto e dokazano deka ne mu dava na coveckiot organizam da raste i da se razviva pravilno :vozbud:
Zatoa nie sega sme so olkava visocina i prosekot ni e 1,70 do 1,80 !!!:pos2:

Pozz do site !!!:back:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ja imam slusnato deka nie lugeto sme bile kako sega sto gi vikaat anglicanive ''bigfoot" ama koga sme pocnale da se razvivame prosecnata visina ni bila 4 metri!!
No za srekja nasite predci bidejki tesko mozele da fatat plen za da jadat, piele jajca od sekakvi ptici!!!
A jajceto e dokazano deka ne mu dava na coveckiot organizam da raste i da se razviva pravilno :vozbud:
Zatoa nie sega sme so olkava visocina i prosekot ni e 1,70 do 1,80 !!!:pos2:

Pozz do site !!!:back:
Не гледам како тоа го објаснува тоа зошто сме ја намалиле висината .... Ако конзумирањето на јајца тоа го прави, зошто уште не се намалува просечната висина на луѓето? Патем, забалежен а пораст од 5 стапки во просечната висина на луѓето од минатиот век, што не е малце, и што го побива тоа што го тврдиш.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.450
Поени од реакции
5.137
Луѓето на Земјата дошле од вселената?!




Професорот Чандара Викрамасинге по астробиологија од универзитетот во Кардиф тврди дека луѓето се вонземјани кои дошле на Земјата.
Новите истражувања јасно покажале дека човечкиот вид настанал во вселената и дури во подоцнежниот период се населил на нашата планета, изјавил професорот.
“Да, сите сме вонземјани и сите водиме потекло од космосот. На не поврзува ист синџир, кој се протега во вселената“, посочил Викрамасинге, наведувајќи дека сите докази упатуваат на тоа.
Тој верува дека животот се пренесува од планета на планета со милијарди години, така што кометите удираат во небеските тела и ја пренесуваат живата материја. Оние кои ќе преживеат се префрлаат во рамка на временска скала од неколку милиони години.
“Семето на животот“ било посеано на земјата пред 3.800 милиони години.

“Доказите од астрономијата убедливо покажуваат дека животот не настанал на Земјата, туку во космосот. Иако не знаеме како првобитно тој настанал, факт е дека почнал да се шири по вселената, со што го обезбедил својот опстанок“, кажал професорот, пренесува “Телеграф“.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=67631&kategorija=6


Јас се уште не сум убеден дека сме дошле од вселената. Едноставно нашата планета е многу поволно место за настанување на живот.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Теоријата на Панспермија е од поодамна позната... навистина незнам од каде толкав ентузијазам кај медиумиве сега да ја објавуваат... или па некој немајќи материјал за статија рошкал низ почетоците на темава...
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Јас сум од кал ми фали едно ребро (моја мисла е ова ако е на твој профил).
 
Член од
16 февруари 2010
Мислења
56
Поени од реакции
0
jas sum od majkami i tatkomi a za drugite pred mene ic glata ne si ja cukam :tapp: ko vie tuka
 

Kajgana Shop

На врв Bottom