Не е за БИО Хемија туку за ХЕМИЈА, и не можи да врши “индоктринации“ на студенти затоа што професор предава по наставен план кој е одобрен од повисоките инстанци а во нејзиниот наставен план и програма има теми “Структурните корелации кај изоморфни и изоструктурни серии од неоргански соединенија, определување на олово во различни минерали со атомска апсорпциона спектрометрија....“ Дали верува или не верува во еволуција, не знам, ако имаш правено муабет со неа и ако ти има кажувано, па ти нам ни кажуваш.
Инаку тоа христијанка е општ поим, дали и таа е од оние христијани кои не палат свеќи, немаат икони дома или е православна или католикиња, или е можеби од оние кои ја почитуваат Саботата, не јадат свинско и не веруваат во воскресението??? накратко дали и припаѓа на вистинската христијанска црква или е од оние... подругите.
Гледам многу ти значи она Др. пред името, ако некој кој има Др е верник тоа е за тебе триумф. Па да те израдувам уште малку и јас еве ти Проф. Др. Др. Душан Константинов. Аха!
Виде!! два докторати! ПЛУС професор!. Верник не ко Слоботка онака потајно, верник кој го преведе и објави новиот завет на Македонски иако двоен Доктор. Доктор по музикологија и етнологија. Добар човек, за жал починат.