Човештвото - плод на инцест?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас лично, под поимот Еволуција подразбирам еден неуспешен обид на човештвото, поттикнат од бујната фантазија на Дарвин, да даде некакво објаснување за настанокот на животот без присуство на интелигентен Творец. :)
А што Дарвин подразбира под Еволуција мислам дека ме прашуваш за да ме "провериш" и затоа нема да ти одговорам (а ако некој друг праша - што навистина не знае, ќе одговорам).

Околу мутациите...
Интересен е експериментот на еволуционистите со овошните мушички кој наводно очекувале дека ќе им ја "докаже" природната селекција, а всушност го докажал обратното. Што се случило? Имено група еволуционисти се собрале и почнале да ги зрачат огромен број на овошни мушички (Drosophila melanogaster) со Х-зраци при тоа забрзувајќи ги мутациите за едно 100 пати (ја убрзувале еволуцијата :) )
Овој експеримент траел со децении, а резултатот бил следниов:
Немало корисни мутации. Повеќето мутирани мушички веднаш умреле, а сите преживеани (дегени) биле инфериорни во однос на предходните, инфериорни во способноста за оплодување, во способноста за преживување, долговечноста итн. И што е најважно и погубно за Дарвиновата теорија, не се случила природната селекција. Имено кога мутираните мушички почнале да се парат меѓусебе (тие што можеле тоа да го прават), било откриено дека после извесен број генерации почнале да се раѓаат некои нормални овошни мушички. Експериментот е прекинат. Да биле оставени во нивната нормална состојба, овие нормални мушички на крај би ги надживеале послабите мутанти соочувајќи го основниот (од Бога даден) вид на овошната мушичка.
Наследниот код, ДНК, има извонредна способност да ја поправи генетската штета во себеси. Тоа помага да се сочува видот на организмот за кој е кодиран. Но од каде да го знаел тоа Дарвин кога тој ја измислил оваа тероија во време кога не се знаело за ДНК и се сметало дека живот може да настане и од кал :)

Заклучок: Експериментот на еволуционистите со овошната мушичка покажал де-еволуција, и обратна природна селекција од онаа на Дарвин, докажал дека секој организам си настојува да си го одржи видот.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.867
Во Битието, 1.27 “И го создаде Бог човекот споредо образот свој, според образот божји го создаде, машко и женско ги создаде“
1.28 ’И ги благослови Бог и им рече: “Плодете се, и множете се и наполнете ја земјата.....“
Значи, Бог создава маж и жена и им дава наредба да се множат и плодат и наполнат земјата. Како татко и мајка можат сами да ја наполнат земјата, прашање е сега освен ако нивните потомци синови и ќерки не се множат и плодат меѓусебе и така “полнат земјата“ ... со инцест??
Леле стварно. Фала ти многу човече, што ни ја покажа и оваа небулоза, на Христијанството.
Еве од овој момент сум атеист/скептик.
ОК е така?
Мисијата ти е исполнета, ми ја тргна завесата.
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Ј
А што Дарвин подразбира под Еволуција мислам дека ме прашуваш за да ме "провериш" и затоа нема да ти одговорам (а ако некој друг праша - што навистина не знае, ќе одговорам).
Хехехееее
Ахахааааа
А бе што се плашиш?
Никој не е обрзан да знае се и познава се, само те прашав пошто гледам дека еволуцијата и генетиката ја познаваш од памфлети и брошури, и мислам дека имаш погрешна престава штое е тоа еволуција. Јас всушност сакам да ти помогнам.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Члену ти си со твоите ставови си жив примерок на еволуција
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
1307, Иронијата во ова обвинение на атеистите е тоа што они забораваат да си ја видат раската во своето око, имено дека, според нивната фанатичка вера, нивните прародители (хомосапиенс :) ) растур се правеле меѓу себе и не познавале ни "И" од зборот "Инцес" :)
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Иронијата во ова обвинение на атеистите е тоа што они забораваат да си ја видат раската во своето око, имено дека, според нивната фанатичка вера, нивните прародители (хомосапиенс :) ) растур се правеле меѓу себе и не познавале ни "И" од зборот "Инцес" :)
Тоа го знаеш сигурно или претпоставуваш?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Раководителе, без навреда и немој да ме сфатиш лично, ама тебе бесплатни часови по еволуција не ти давам :)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.867
1307, Иронијата во ова обвинение на атеистите е тоа што они забораваат да си ја видат раската во своето око, имено дека, според нивната фанатичка вера, нивните прародители (хомосапиенс :) ) растур се правеле меѓу себе и не познавале ни "И" од зборот "Инцес" :)
Не ми се обраќај ако твојата изјава нема налепница "научно докажано". И ако не е одобрена од врвните авторитети за вистина кај човечкиот род - чичковците во бели мантили.
Едноставно, веќе не сум затуцан како тебе.
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Раководителе, без навреда и немој да ме сфатиш лично, ама тебе бесплатни часови по еволуција не ти давам :)
Бесплатни часови??
не барав бесплатни часови но само се прашувам како ти ја разбираш природната еволуција. Твојето разбирање што е природна еволуција во една реченица во 3-4 збора , затоа што по она што го пишуваш и кажуваш ти имашпогрешна слика за тоа што таа претставува.
 
Член од
1 септември 2007
Мислења
42
Поени од реакции
0
podobro moite pra pra pra pra pra pra pra pra....babi da bile sestri otkolku majmunki:icon_mrgr
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
podobro moite pra pra pra pra pra pra pra pra....babi da bile sestri otkolku majmunki:icon_mrgr
Кога во 18сти век, споредувајќи ја градбата на човекот и најблиските му сродници (примати од прв ред) - шимпанзата, орангутанот, гибонот и горилата, Хаксли заклучил дека имаат иста анатомска градба и минимални разлики во мозокот, таа за црквата шокантна и поразувачка вест вака ја коментирал свештеникот од Ворстер “ Потомци на мајмуните!, Боже да се надеваме дека ова не е вистина, а ако е, да се помолиме да не стани општо познато“
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
...човекот и...шимпанзата, орангутанот, гибонот и горилата, ...имаат... минимални разлики во мозокот...
:pos2: Зборувај во свое име. Науката допрва (21век) го проучува мозокот и сеуште речиси ништо не знае за него, а ти велиш дека овој во 18век заклучил дека човекот и шимпанзата имаат минимални разлики во мозокот? Ако јас познавам 10% од една работа и 10% од друга, како можам споредувајќи ги тие десетинки да заклучам дека тие две целини имаат минимални разлики? А што ако другите 90% им се различни?

Сличноста на организмите е само аргумент дека сите тие се создадени од ЕДЕН ИСТ СОЗДАТЕЛ, а не дека рипале од еден вид во друг. Пежо 206 е слично на Пежо 307, но тоа не е доказ дека Пежо 206 еволуирало во Пежо 307, туку дека имаат заеднички создател - Пежо.

podobro moite pra pra pra pra pra pra pra pra....babi da bile sestri otkolku majmunki:icon_mrgr
Го испушти зборот "сестри" = "сестри мајмунки" :)
Еволуционистите веруваат дека се внуци на некој дедо орангутан и сестра му баба орангутанка :uvo:
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
:pos2: Зборувај во свое име. Науката допрва (21век) го проучува мозокот и сеуште речиси ништо не знае за него, а ти велиш дека овој во 18век заклучил дека човекот и шимпанзата имаат минимални разлики во мозокот? Ако јас познавам 10% од една работа и 10% од друга, како можам споредувајќи ги тие десетинки да заклучам дека тие две целини имаат минимални разлики? А што ако другите 90% им се различни?

Сличноста на организмите е само аргумент дека сите тие се создадени од ЕДЕН ИСТ СОЗДАТЕЛ, а не дека рипале од еден вид во друг. Пежо 206 е слично на Пежо 307, но тоа не е доказ дека Пежо 206 еволуирало во Пежо 307, туку дека имаат заеднички создател - Пежо.
Не си разбрал
Се зборува за анатомски сличности и за сличности во градба и големина на мозокот. Тоа значи дека предокот ни е ист а не дека човекот настанал од мајмуните. Една од основните грешки на оние кои за еволуцијата дознале прку црковни памфлети и брошури е дека човекот настанал од мајмун. Не, човекот не настанал од мајмун
Исто така една од заблудите на оние кои не ја познаваат еволуцијата е дека неживата материја еволура. Колата не може да еволуира така да Пежо 307 не е син ниту роднина на Пежо 206. Едноставно законите на природата биологијата и еволуцијата не се пренесуваат на метал, пластика, земја....
Инаку генетската разлика помеѓу човек и шимпанзото е 0,04%, значи 99,6% генетски сме слични со шимпанзото. Споредбено тоа е поголема генетска сличност отколку помеѓу глушец - стаорец, коњ - магаре, кокошка - мисирка.
Баш поради ваквите твои видувања, на неколку пати те прашав да во една реченица ми кажеш што подразбираш ти под природна еволуција? Пошто како гледаш и самиот си во заблуда.

Те молам поштеди ме од објаснувања за тоа што е еволуција :)
Пежото го земав како пример за да ти објаснам дека сличноста на организмите не е аргумент за еволуција (туку само за ист Создател), и само реторски го поставив прашањето дали ако Пежо 206 е слично со Пежо 307 ние можеме да тврдиме дека едното еволуирало во другото :) Се разбира дека не, како што тоа не е случај и со животните.

Инаку генетската разлика не е 0.04%, ниту пак сличноста им е 99.6% (собери ги и ќе видиш дека заедно не даваат 100% :) )
Генетската сличност на човекот и шимпанзото е 96% пресметана со методот на редупликација на човековиот ген со оној на шимпанзото.
Тие различни 4% претставаат 120 милиони парови бази.

Сепак оваа разлика се однесува само на телото (поточно само на гените), а каде е тука душата? каде е тука духот? (се разбира ова не е аргумент за оние кои веруваат дека човекот е само материјален т.е. дека љубовта, радоста, тагата итн се само обични хемиски реакции помеѓу јаглеродот и водородот во човековиот мозок :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom