Човештвото - плод на инцест?

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Те молам поштеди ме од објаснувања за тоа што е еволуција :)
Пежото го земав како пример за да ти објаснам дека сличноста на организмите не е аргумент за еволуција (туку само за ист Создател), и само реторски го поставив прашањето дали ако Пежо 206 е слично со Пежо 307 ние можеме да тврдиме дека едното еволуирало во другото :) Се разбира дека не, како што тоа не е случај и со животните.

Инаку генетската разлика не е 0.04%, ниту пак сличноста им е 99.6% (собери ги и ќе видиш дека заедно не даваат 100% :) )
Генетската сличност на човекот и шимпанзото е 96% пресметана со методот на редупликација на човековиот ген со оној на шимпанзото.
Тие различни 4% претставаат 120 милиони парови бази.

Сепак оваа разлика се однесува само на телото (поточно само на гените), а каде е тука душата? каде е тука духот? (се разбира ова не е аргумент за оние кои веруваат дека човекот е само материјален т.е. дека љубовта, радоста, тагата итн се само обични хемиски реакции помеѓу јаглеродот и водородот во човековиот мозок :)
Џабе молиш, моја задача е да те отргнам од рацете на сатаната
Значи се согласивме дека 96% (иако е 96,4) али денес сум расположен па нема да те поправам, значи 96% сме слични со шимпанзото. Исти болести не мачат, исти лекарства делуваат та дури и крвта ни е иста, Драго ми е што увиде дека навистина не можеш да споредуваш генетски автомобили. Тоа е тема за “дизјн на коли“ а не еволуција, а инаку дух и душа има секој жив створ. Нели има меѓу нив страв, радост, храброст, верност. Постојат фамилии грижа за младите, силувања, убиства, господари и слуги, песни, се што поседува и човекот, пошто, нели сме со исто потекло.
Гледам те заинтригира темата па ќе се обидам пополека да те воведам во основите на еволуцијата и да ти оодговорам на прашањата, Кога, Како и Зошто.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи се согласивме дека 96% (иако е 96,4) али денес сум расположен па нема да те поправам, значи 96% сме слични со шимпанзото.
Не се согасивме. Ти велиш прво 99.4%, па сега 96,4% (што е нормално, бидејќи има безброј лаги и само една вистина), а јас и секој упатен велиме 96% и тоа не се однесува на нашата сличност со шимпанзото, туку само на распоредот на нашите гени.

пошто, нели сме со исто потекло.
Ист создател! :)
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20

Меѓутоа, Адам и Ева немале акумулирано генетски грешки!
Кога биле создадени првите две човечки битија, тие биле физички совршени. Се што создал Бог било "многу добро" (1 Мојсеева 1:31), така што нивните гени биле совршени - без грешки.
Но кога гревот навлегол во светот, Бог го казнил светот, по што совршеното создание почнало да се деформира, односно да страда со деформирање, болести, стареење, умирање и распаѓање. (Римјаните 8:22)
Одиме понатаму со Бог и инцестот.
Откако децата на Адам и Ева со инцест ја наполнаа земјата, гените (како што уважениот горецитиран дискутант напомена) се деформираа. Причина: Гревот и меѓусобно размножување на блиски сродници.

5. И виде Господ Бог дека лоштиите меѓу луѓето на земјата се големи и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време

11 А земјата се израсипа пред лицето на Бога, и се исполни со неправда

12 И погледна Господ Бог на земјата, и ете - таа беше расипана: бидејќи секоја плот беше се отклонила од својот пат на земјата
Прва Мојсеова 6

Од Адама па до овој момент кога гревот ја зафати земјата поминаа нешто над 7.000 години. Тука Бог реши да ја исчисти земјата од грешниците, и откако му нареди на Ное да направи ковчег, праќа потоп на земјата во која гинат сите освен Ное, неговата жена, неговите 3 сина со жените.
На таја пуста земја, Бог му вели на Ное:

9 Тогаш Бог го благослови Ноја и синовите негови и им рече: “Плодете се и множете се и полнете ја земјата и владејте ја!
Прва Мојсиева 9

Значи и по втор пат Бог со инцест ја полни земјата. Всушност потомци на инцесот (Ное и синовите) со инцест пак го создадоа човештвото
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Член на раководството напиша:
Инаку генетската разлика помеѓу човек и шимпанзото е 0,04%, значи 99,6% генетски сме слични со шимпанзото.
Зарем не треба збирот на сличности и разлики да даде вкупно 100%?
99.6% + 0.04% = 99.64%
Недостасуваат 0.36% Што се тие? Сличности или Разлики? :)

Значи се согласивме дека 96% (иако е 96,4)
Сега 99.6% или 96.4% ? :)
Или пак тоа зависи од кој ракав ќе ја истресеш бројката? :pos2:
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.030
Поени од реакции
625
Абе луѓе нема логика да сме настанале од Адам и Ева...ако бевме настанати од нив тогаш на светов ке имаше само една раса,а колку што знам сега се 3 раси на луѓе... мислам нема сенс ова со Адам и Ева па сеа гледам и ова си инцестот..мислам нема дилеми за нашето човечко потекло
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Абе луѓе нема логика да сме настанале од Адам и Ева...ако бевме настанати од нив тогаш на светов ке имаше само една раса,а колку што знам сега се 3 раси на луѓе... мислам нема сенс ова со Адам и Ева па сеа гледам и ова си инцестот..мислам нема дилеми за нашето човечко потекло
Библијата учи дека човештвото прво и второ настанало со инцест. И синовите и ќерките на Адам и Ева во меѓусобно размножување и синовите и ќерките на Ноевите синови во меѓусебно размножување. Поентата е што инцесот , библијски не се сметал за грев. Барем во еден период, настрана генетика и ДНК , МОРАЛНО Библијата беше позитивна кон инцесот како алатка на Бог за создавање на човештвото.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Еволуцијата исто така учи дека човештвото настанало со инцест.

Додека кај библијата тој "инцест" период трае само неколку стотици години, кај еволуцијата овој "инцест" период трае со милиони години и тоа со незауздан инцест во секоја генерација.
Значи, врти-сучи, инцестот кај еволуционистите е неспоредливо поголем од оној кај Библијата :)
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Еволуцијата исто така учи дека човештвото настанало со инцест.

Додека кај библијата тој "инцест" период трае само неколку стотици години, кај еволуцијата овој "инцест" период трае со милиони години и тоа со незауздан инцест во секоја генерација.
Значи, врти-сучи, инцестот кај еволуционистите е неспоредливо поголем од оној кај Библијата :)
Еволуциски животот почнува не со секс туку со делба. Ден денес парамециумот нема женки и мажјаци - си се дели. Затоа те прашав неколку пати да ми кажиш во една реченица што подразбираш ти под природна еволуција.. која е нејзината цел или принцип. Пошто гледам дека не ја сфаќаш.. не ја познаваш, стотици милиони години животот на земјата се одвиваше без секс.
Инаку МОРАЛНОСТА на некој чин не се мери во колку такви инцесни ситуации имаше туку дали имаше или немаше.
Библијскиот инцест не е поморален оти траел “само“ некои 7-8 иљади години и се повторил само при две создавања на човештвото.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе луѓе нема логика да сме настанале од Адам и Ева...ако бевме настанати од нив тогаш на светов ке имаше само една раса,а колку што знам сега се 3 раси на луѓе... мислам нема сенс ова со Адам и Ева па сеа гледам и ова си инцестот..мислам нема дилеми за нашето човечко потекло
Не бе и ти ништо не знаеш, во африка е топло и многу се сончале луѓето и затоа се црни, а овие на исток пак јаделе само ориз и затоа кожата и пожолтела и очите им станале коси.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Кога го спомнав "еволуцискиот инцест период" од милион години, не мислев на периодот од парамециум до човек, инаку ќе речев дека траел милијарди години, но јас реков милиони години...а доволно милиони години има дури само ако се разгледува периодот помеѓу водоземците и човекот :)
Значи пак ќе речам, врти-сучи еволуцискиот инцест период е неспоредливо поголем од библискиот :kesa:
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Генетската сличост на човекот со шимпанзото е 96 посто а тоа значи 40000 разлики тоа е исто како да споредуваш коњска кола со ферари
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не бе и ти ништо не знаеш, во африка е топло и многу се сончале луѓето и затоа се црни, а овие на исток пак јаделе само ориз и затоа кожата и пожолтела и очите им станале коси.
Хахаха се јави "научникот" :)
Не бидете расисти. И белците и црниците и жолтите сите сме од една раса - човекова. Разликите во ДНК помеѓу нив се тривијални. ДНК од кои било двајца луѓе на светов, општо земено, се разликуваат за само 0.2%. Од овие 0.2% само 6% (значи 0.012%) можат да се поврзат со расни категории, остатокот се варијации во "расата".

Бојата на кожата зависи од пигментот меланин. Доколку го имаме во поголема количина ние сме поцрни, а доколку го имаме во помала количина ние сме побели. Бог ги создал Адам и Ева со средно количество на овој пигмент и потоа со рамножувањето и групирањето се настанати сите "спектри" на луѓе (побели-потемни).
НЕмам време да ви пишувам подетално за ова, ама ако сеуште има интерес вечер ќе продолжам.
Поздрав!
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Генетската сличост на човекот со шимпанзото е 96 посто а тоа значи 40000 разлики тоа е исто како да споредуваш коњска кола со ферари
Разлики има мнооогу помалку отколку истоветности ако 40.000 се разлики 4% колку ли се поклопувања на 96% (одговорот е 960.000)

Кога го спомнав "еволуцискиот инцест период" од милион години, не мислев на периодот од парамециум до човек, инаку ќе речев дека траел милијарди години, но јас реков милиони години...а доволно милиони години има дури само ако се разгледува периодот помеѓу водоземците и човекот :)
Значи пак ќе речам, врти-сучи еволуцискиот инцест период е неспоредливо поголем од библискиот :kesa:
Инцест е човечка категорија. Значи не можеш да тврдиш дека во минатото некој примат со односи со сестра му го создал човештвото затоа што за тоа докази нема, но во Библијтаа тоа е изричето наложено на луѓето (не на водоземците рибите или птиците). Постои писмен доказ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom