Чие предавство не се простува?

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Во животот имате ситуација за битно животно прашање за која останувате без поддршка од сите блиски, баш од оние од кои најмногу сте очекувале (родители, партнер (брачен-небрачен), брат/сестра). Чие предавство би ве погодило најмногу? На кого не би можеле да му простите никогаш?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
На партнер... :nenene:

-Предавство на родител би простила од проста причина што тоа не е предавство туку познавајќи ги своите родители тоа е сепак најдоброто за мене.
-Предавство на брат/сестра, хммм се сомневам.
-Предавство на партнер е вистинско предавство... не би простила, можеби.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Обично самото предавство е предавство затоа што те предаваат луѓе од кои ни на сон не си помислил дека можат да те изневерат. Оттука едноставно и простувањето не е простување затоа што разочарувањето е големо. Така што сите оние од кои никогаш не сум помислил дека можат да ме изневерат или ги предадат моите очекувања, би биле истите оние на кои не би им простил.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Предавството е непростиво, па чиво сака нека е!
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
На партнер... :nenene:

-Предавство на родител би простила од проста причина што тоа не е предавство туку познавајќи ги своите родители тоа е сепак најдоброто за мене.
-Предавство на брат/сестра, хммм се сомневам.
-Предавство на партнер е вистинско предавство... не би простила, можеби.
Ај вака да видиме:
добиваш стипендија за студирање во странство, за која си се изборила сама и сакаш да одиш најмногу на свет. За истата немаш поддршка (во ситуацијава не ти дозволуваат да одиш) ниту од твоите, ниту брат/сестра, ниту партнер, секој од сопствени причини и стравови.
Од кои од наведените би била најразочарана? Кој би те изненадил највеќе (негативно нормално)?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ај вака да видиме:
добиваш стипендија за студирање во странство, за која си се изборила сама и сакаш да одиш најмногу на свет. За истата немаш поддршка (во ситуацијава не ти дозволуваат да одиш) ниту од твоите, ниту брат/сестра, ниту партнер, секој од сопствени причини и стравови.
Од кои од наведените би била најразочарана? Кој би те изненадил највеќе (негативно нормално)?
Разбирам... Би се разочарала од сите, нормално, само што на родителот после одреден период би му простила. Значи не ми дозволиле затоа што било ризично или се плашеле за мене или не одговарало тоа за мене зашто ако се би било во ред нема да би ме спречиле.

А партнерот се сомневам дека би имал најискрени намери и дека би ме ставил на прво место. Сепак неговата причина ќе биде да останам затоа што тој ме сака и не сака да ме изгуби, но тоа секако не значи дека е најдобрата одлука за мене.
 
M

marsovka

Гостин
Ај вака да видиме:
добиваш стипендија за студирање во странство, за која си се изборила сама и сакаш да одиш најмногу на свет. За истата немаш поддршка (во ситуацијава не ти дозволуваат да одиш) ниту твоите, ниту брат/сестра, ниту партнер, секој од сопствени причини и стравови.
Од кои од наведените би била најразочарана? Кој би те изненадил највеќе (негативно нормално)?
Моите ги знам така да и пред тоа се отпишани никад не ме подржакле освен за учење друго се било сведено на мрчење ,брат не верувам дека нешто такво ќе рече бидејќи се трга настрана и не се замара ама ако измрчи ќе бидам изненадена но не и разочарана , а партнер оф леле неам ,па за да речам али најчесто со партнерот имаме помалце заедничко минато отколку со брат или родители а со тоа имаме доживеано помалку разочарувања .Голема е веројатноста да ме разочара таа личност највише.
А за простување па.... простено но не заборавено ;)
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Моите ги знам така да и пред тоа се отпишани никад не ме подржакле освен за учење друго се било сведено на мрчење ,брат не верувам дека нешто такво ќе рече бидејќи се трга настрана и не се замара ама ако измрчи ќе бидам изненадена но не и разочарана , а партнер оф леле неам ,па за да речам али најчесто со партнерот имаме помалце заедничко минато отколку со брат или родители а со тоа имаме доживеано помалку разочарувања .Голема е веројатноста да ме разочара таа личност највише.
А за простување па.... простено но не заборавено ;)
На такво простување мислев, не на целосно отпишување. :) Повеќе би дошло како разочараност, како непријатно "изненадување".
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Ај вака да видиме:
добиваш стипендија за студирање во странство, за која си се изборила сама и сакаш да одиш најмногу на свет. За истата немаш поддршка (во ситуацијава не ти дозволуваат да одиш) ниту од твоите, ниту брат/сестра, ниту партнер, секој од сопствени причини и стравови.
Од кои од наведените би била најразочарана? Кој би те изненадил највеќе (негативно нормално)?
Според онаа „Пријателите ги избираш, роднините не“, би се разочарала од сопствениот избор, односно од партнерот.
Ајде сеа, петка на рачетооо.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Според онаа „Пријателите ги избираш, роднините не“, би се разочарала од сопствениот избор, односно од партнерот.
Ајде сеа, петка на рачетооо.
Мене повеќе би ме изненадиле родителите, отколку партнерот. Него може да го водат други побуди, интереси, може недоволно да верува за тоа што можеш и што не можеш во животот и оттука да не поддржува. Ама родителот? Оној кој најмногу те знае и знае дека можеш да успееш и дека си доволно свесен да не забегаш по "темни улички"?

Со ѕвездичка или сонценце? :)
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Нешто што најмногу мрзам е предавство, било какво, од било кого, за било што, а најмногу мразам ако е од некој за кој си подготвен да направиш се.
А кога сме кај прошка , ретко простувам и никогаш не заборавам, (не дека сум злопамтило туку таков ми е карактерот живеам на принцип не им го прај на другите она што несакаш да ти го прават). За да простиш на некого треба да заслужи , а тоа ретко се случува, не сум Господ за да простувам на секој, само тој може да си го дозволи тој луксуз.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.511
Поени од реакции
33.676
Се' имам простено досега, додуша ништо екстремно од таков тип ми се нема десено.
Оn the long run, има време.


You guys need to feel the love of God. Srsly.
Live with God. Talk with God. Love God.

Just make deposit at CLO (Christ Love Organisation) with minimum 10$ at Pro Credit Bank; 111276712399. God will be thankful.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Генерално, реакциите на родителите се, помалку или повеќе, предвидливи. Бидејќи се фативме за конкретна препоставка со стипендијава во странство, би можело да се очекува дека ќе им биде шубе. Да продолжам со народните мудрости - Дај боже да се остварат стравувањата на жена ти, не дај боже да ти се случат стравовите на мајка ти. Сепак мислам дека „предавство“ е прејак збор за ваква ситуација.
И конечно, ако јас сама сум се изборила за таа стипендија - може да ми се подржат. Сите. Не треба да ме поддржат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom