Цртање

R

Roten 96

Гостин
Порано цртав многу повеќе..сега нешто прекинав,но и понатаму имам желба и тоа најмногу сакамд а цртам портрети со јаглен.Интересно е :)
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
115
Поени од реакции
13
Цртам апстракции, најчесто со пенкало (ретко ми се наоѓа ротограф:)). Чудното е како порано бев насочена стриктно кон реализмот, ништо друго не признавав за уметност, а камо ли апстракциите. Никогаш не сум ги ценела дека може да вредат. Ама нештата се сменија. Многу досадни и празни моменти на факс, понекогаш и моменти на тага и осаменост, комбинирани со потиснатата желба за творење, придонесоа за оформување на мојот стил (веќе можам да кажам стил, бидејќи тие што ме знаат препознаваат кога нешто е нацртано од мене). И сега што можам да имам против тој правец на уметноста? Хах чудни се патиштата на животот, понекад иронични.
Сега се е јасно. Чувствата говорат преку формите, сенките, боите....Тоа е мојот јазик со кој говорам, а понекогаш ни самата не го разбирам:pipi:
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
1
Обожавам да цртам... Секогаш кога не сум расположена добивам инспирација за цртање, ми помага да се опуштам.
 
Член од
17 август 2008
Мислења
194
Поени од реакции
3
Обожавам да цртам,сакам да посетувам курс за цртање,ке ми предложите ли некоја школа?
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Обожавам да цртам,сакам да посетувам курс за цртање,ке ми предложите ли некоја школа?
Школа за цртање не успеав да најдам и јас барав. Но најдов еден човек, уметник, што приватно дава часови за цртање. Сите техники ги владее искусен уметник е, ќе му кажеш што конкретно сакаш да црташ. Јас еден час имав досега рано е да проценам како ќе биде, ќе видиме понатаму. 250 денари е час од 60 минути а за 120 минути 450 денари. Ако си заинтересирана ке ти го дадам неговиот број. Поздрав!
 

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060
лол додека одев нашколо немаше лист а да немам некој огин или трајболче нацртано
 
T

tanja5

Гостин
Crtanje e isto moe Hoby. Jas imav albumi so moi sliki, no kako gledam site moi albumi gi nema na mojot profil.:(
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Јас како дете многу бев ангажиран со цртањето, ми беше мерак и нонстоп шкрабав нешто. Цртав авиони, возови, ликовите од Looney Tunes, Tom & Jerry и бев доста прецизен. Со запишувањето во средно талентот за цртање избледна па денес кога би сакал да нацртам нешто убаво би ми требало многу време за да „влезам“ во штосот :)
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Мене ми е криво што немам талент. Како помала сум нацртала убави работи но некако избледел и не знам како да си го повратам.
 
Член од
6 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
2
Не мислам дека ти треба "талент" за да научиш да црташ. Цртањето е вештина, а како и секоја вештина можи да се научи. Одговорно ти тврдам дека секој (кој сака, нормално) можи да научи да црта до ниво на еден студент на уметност.

Све шо ти треба е да ги знаеш основните техники и да вежбаш. Редовно да вежбаш.

Зошто сум толку сигурен во ова? Зато шо јас научив да цртам пред некоја година, а воодушевен од задоволството шо ми го дава цртањето одлучив да направам сајт на тема цртање.

Ova e sajtot:

http://www.crtanje-i-slike.com/

Бидејки моментално живеам во Белград, сајтот е на српски ама е супер прифатен таму зато шо е полн со корисни совети.

Еве, сега сите заљубеници ви цртањето имаат од каде да учат и каде да ги ставаат своите слики.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom