ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
Ima li nekoj sto vodi evidencija (spisok) kolku luge BC od 1991 do denes gi upotrebil kako toilet paper i gi frlil na politickata scena vo MK.
Ne barajte pricina zosto go smenil Dimitrov nitu vo Vladata, nitu kaj samiot Dimitrov nitu pak kaj Nimitz.
BC e kako skorpijata vo pirkaznata so zabata. Ednostavno takov karakter e mora da go potrosi bez razlika koj e, kolku dobar/los e, ne gledajki dali i sluzi na Makedonija ili ne.
Toa e pojako od nego.
дел од натпис на велиновска
``Казна за Македонија за нелојалноста кон него
Што му е целта на Црвенковски?
Имајќи ја на ум неговата природа на саможивник со крајно нарушено социјално поведение и рудиментирано суперего заради што тој нема совест, односно е неспособен да ја согледа личната одговорност за она што го прави, Црвенковски има за цел:
- Македонија да добива лоши оцени за своите државни перформанси додека не е на власт неговата партија.
- Македонија да биде казнета заради тоа што му свртела грб, односно за неговите изборни порази и лоши рејтинзи.
- Да ги заштити сопствените инсталации во системот и институциите како единствена можност да остварува моќ.
- Да спречи на сите можни начини со формалноправна покриеност да се оствари политиката на трансформација на државата. Со други зборови, да се опструираат сите обиди за реформи пред тие да се претворат во успешен систем. Оти, потоа нужно ќе почне да се одвива споредбата помеѓу неговите дела и оние на „непријателот“.
- Да го потсети странскиот фактор дека тој сè уште се важи, односно ги држи сите лостови на власт.
- Тој испрати недвосмислена порака до Вашингтон и до Брисел дека бара уште една шанса да испорача сè што од него ќе побараат, а што е на штета на државните интереси. Грција тоа недвосмислено го кажува јавно, сметајќи го Црвенковски за свој лобист.
- Да ја обезличи и уништи Македонија, која длабоко ја мрази само зошто ја доживува како сведок на неговата колосално неуспешна 17-годишна „државотворна“ политика.
За многу помали интервенции во системот, монарси со апсолутистички тенденции губеле глава. Во нашиот случај, а по првите патетични реакции на Собранието и Владата, никако не смееме да ја исклучиме и можноста Црвенковски да отиде чекор подалеку – да си искреира причина и повод за прогласување вонредна состојба, користејќи го уставното право на врховен командант, да ја извади војската на улици.
Синдром на маќеата на Снежана
Историјата на владеењето покажала дека политичките одлуки секогаш се во длабока зависност од карактерот и одликите на оној што е во позиција да владее. Во случајот со Црвенковски, тоа е безграничната потреба да се има моќ. Но не моќ што ќе служи како алатка што би го довела амбициозниот и мотивиран субјект до остварување замислена возвишена, градителска, идеалистичка или реформаторска идеја, која, во крајна линија, се трансформира во национална или светска слава. Туку моќ што служи само за да потврди дека во негови раце се судбините на луѓето, дека тие зависат од неговата волја и милост. И само толку! Впрочем, за Црвенковски е општопознато дека страда од синдромот на маќеата на Снежана, која била судбински врзана за огледалото. Огледало на Црвенковски му се неговите интелектуално инфериорни дворјани, кои редовно му потврдуваат дека е најголем. Тие се грижат никој никогаш да не се запраша во што е големината на шефот? Дали нешто направил, изградил, промовирал, остварил? Неговите ретки критичари, кои не биле фасцинирани од неговиот демагошки потенцијал и шарм на кабаретски забавувач, тој со инстинкт на предатор ги елиминира немилосрдно. Љупчо Јордановски и сега покојниот Љупчо Лазаревски (претседател на општинскиот комитет на СДСМ – Карпош) беа буквално егзекутирани и без формално спроведена внатрепартиска диференцијација. Љубомир Поповски беше понуден како поднослива партиска жртва во борбата против организираниот криминал и корупција само зашто се дрзна да го исмева големиот шеф дека бил неспособен да се ситуира финансиски, макар колку неговите потчинети. Својата стравотна потреба да ги види своите субјекти ништовни, немоќни пред неговата страшна моќ, тој ја задоволува преку казната. Но сладострастието за Црвенковски не би било оргазмичко ако тој, во стил на апсолутен господар, на казнетите не им ја укаже својата милост. Така своите жртви ги доведува до крајна морална деградација, оти омразата кон џелатот, по укажаната милост, ја трансформираат во понизност кон спасителот. Оваа појава била многу честа во конц–логорите и жртвите на ваков вид манифестација на моќ никогаш не успевале да се реконструираат како нормални личности.
Другите се секогаш виновни!
Црвенковски како екстремен егоцентрик е екстремно неотпорен на каква било персонална критика. Тој едноставно е неспособен да се смести во реален амбиент, кој е подложен на проверки, промени. На пример кога загуби на изборите во 1998 година, тој за поразот ги обвини неговите најблиски соработници, кои околу него изградиле виртуелен свет. Колку и да се трудиме, нема да најдеме ваков пример на неизбалансирана себеперцепција во ниту една демократска европска земја. Нападите на грандоманија кај Саркози или Берлускони се од сосема поинаква природа. Тие се мотивирани од потребата да се споредуваат со славните претходници, да ги надминат по историски верифицираната успешност. Нашиов човек едноставно нема такви пориви. Чувајќи се од ситуации во кои би можело некој да ја проценува неговата реална вредност, тој изгради специфичен однос кон работата. На пример, во повеќе пригоди се фалел дека никој не може да најде негов потпис кога тој бил премиер. Од друга страна, Бранко Црвенковски е секогаш подготвен да ја критикува работата на други. Тој всушност не критикува, туку дисквалификува, арбитрира и апсолутно никогаш не дозволува да биде прашан што тој лично нуди како алтернатива. Неговата заштита е митологизираната автобиографија, која ни ја нуди како научно верифициран космички аксиом. Тој е државотворен, тој е патриот, тој е непогрешлив и незаменлив спасител на Македонија. За сите времиња што завршуваат по Бранковата теорија за вечноста, штом тој ќе умре.
Кога нормален човек, кој е стандардно ментално развиен, макар за миг би се ставил во Бранковата кожа, би увидел дека е неиздржливо пеколно да се живее таков бесмислен живот во кој физичкото постоење е сведено на прихранување на деструктивните пориви. Оттаму, малкумина се оние што би посакале да бидат Црвенковски. Дури и Црвенковски, кој е извонредно бистар, е свесен за својот тежок хендикеп, кој се обидува да го компензира со својата слаткоречивост, демагогија и дарбата за манипулирање.``
цел текст http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=160&ArticleID=5611