Достоевски - ,,Идиот,,
,,Глупачката со срце но без ум е исто таква несреќна глупачка каква што е онаа со ум а без срце,,
,,Вистината ја говорат само оние кои немаат остроумност,,
,,Која, на пример, мајка, која нежно го сака своето чедо, не ќе се исплаши и не ќе се разболи страв,ако нејзиниот син или ќерка малку излезат од линијата. ,,Не,подобро е да биде среќно и задоволно,нека си го проживее животот без оргиналност,, си мисли секоја мајка лулајки го своето чедо.,,
,,Во секоја сериозна човечка мисла,која никнува во нечија глава,секогаш остенува нешто такво,кое никако не може да се пренесе на другите луѓе,макар и да испишете цели томови и да ја објаснувате вашата мисла триесет и пет години.Секогаш ќе остане нешто,кое за ништо на светов не ќе сака да излезе од под вашиот череп и засекогаш ќе остане кај вас,со тоа ќе умрете,можеби без да го предадете најглавното од вашата идеја.,,
,,Всушност ништо не може да јадоса толку колку на пример,да бидеш богат,од честито семејство,со пристоен надворешен изглед,доста добро образован,доста умен,дури и добар а во исто време да немаш никаков талент,никаква специјална особеност,дури и никакво чудаштво,никаква сопствена идеја,докрај да бидеш како сите.Богатство има, но не е како Ротшилдовото,презимето е чесно но никогаш не се прославило,надворешноста е пристојна но многу малку изразува,образованието е достатно,не знаеш за што да го употребиш,ум си имаш но е без свои идеи,срце имаш но е без великодушност и тн. и тн......,,
,,За еден ограничен ,,обичен човек,, на пример нема ништо полесно од тоа да си вообрази дека е необичен и оргинален човек и да се задоволи со тоа без никакви двоумења.,,