Цитати

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
"Поредокот на светот е заснован врз лаги". Ф.Кафка
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
"I know thy works, that thou art neither cold nor hot: I would thou wert cold or hot. So then because thou art lukewarm, and neither cold nor hot, I will spew thee out of my mouth" (Revelation 3:1516).
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
“Сакате да Ве погубат, сакате да Ви ја отсечат главата, Вие јуначиште! За овој глупав идеал би извршиле уште десет убиства. Сакате да умрете, Вие страшливецу низаеден, но не сакате да живеете. По ѓаволите, но баш морате да живеете! Би Ви било по волја кога би биле осуден на најтешката казна.
...
Но сега треба да им се стави крај на патетиката и убиствата. Вразумете се конечно! Треба да живеете и да научите да се смеете. Треба да научите да ја слушате проклетата радио музика на животот, да го почитувате духот што таа го носи во себе, да научите да се смеете на тие бескорисни нешта во неа.“
Хесе.​
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
"Наградите се големи за оние што успеваат, но наградите се големи само затоа што толку малку успеваат. " (Og Mandino-The Greatest Salesman in the World)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Пиреј- Петре М. Андреевски

- На човек му е убаво кога не го пушта работата, кога не му дава да мисли на лоши работи
-Помогни си прво сам за да ти помогне и Господ
-Стравот е страшен само за оние што му се плашат
-Племето наше е пиреј и не го ништи ниедна војска и ниедна болест. Пирејот е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакас кошкај ја, корни ја, куби ја таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
- Стравот го чува лозјето
-Подобро да си ја познаваш несреќата отколку во непознато да си ја бараш среќата
-Животот е пиши бриши. Ќе пишуваш, а смртта наеднаш се ќе ти избрише.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Нишан- Блаже Миневски

*Вети дека ќе бидеш најдобар, а потоа направи повеќе од тоа што си ветил
*Животот е она што ќе се раскаже
*Дали човекот воопшто некогаш би сонувал да лета ако немало суштества што летале кога тој учел да оди како човек
*Секој човек умира во својата заборавена приказна
*Не е доволно да знаеме дека постоиме, човекот не живее во природата, туку во љубовта
*Ако грешките не постојат без нас, тогаш и ние не постоиме без нив. Секоја грешка се поправа со нова грешка. Затоа поправајте ги грешките без да се плашите дека ќе зграшите
*Секој си го носи своето време во себе и нокој нема друго време освен своето.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Каков и одговор да си дадеш, пак останува прашањето - зошто?

Од "Зора зад аголот" - Димитар Солев
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
“ Сиот свет е луд. Единствената причина поради која не сме сите затворени во лудница е што не има премногу. Значи, луди сме“

“ Кога се бориме против нешто, засекогаш сте врзани за тоа. Се додека се бориме со нешто, му даваме моќ. Му даваме толкава моќ, колку што трошиме во таа борба.“

Антони Де Мело
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Вистина за вас е она што вие самите сте го виделе. Кога ќе го загубите тоа, сте загубиле се.
Што е личен интегритет? Личен интегритет е да го знаете тоа што го знаете.
Она што го знаете е тоа што го знаете и кога имате храброст да го знаете и да го кажете тоа што сте го виделе, тоа е интегритет. Не постои друг интегритет.
Се разбира дека можеме да зборуваме за чест, вистина, благородност и за сите вакви нешта-вакви езотерични поими. Но, сите тие би можеле да бидат многу добро опфатени, доколку тоа што навистина сме го виделе е тоа што сме го гледале, доколку сме се погрижиле да го видиме тоа што сме го гледале и доколку секогаш сме гледале за да видиме. И не со скептичен или критичен став, или со простодушност-но секако со доволно личен интегритет, со доволно лична верба и сигурност во себе и со храброст, за да можеме да го видиме она што го гледаме и да го кажеме тоа што сме го виделе.
Ништо не е вистина за вас, ако самите не сте го виделе, а е вистина во согласност со вашето видување-Л.Р.Х.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Петиот ден, повторно благодарение на овцата, ја открив оваа тајна од животот на малиот принц. Одеднаш, без размислување, ме праша, како да ми поставува проблем за кој долго време размислувал во тишината:

- Ако овцата јаде гранки, таа исто така јаде и цеќиња?
- Овцата јаде се што ќе сретне.
- Дури и цевќињата што имаат трнчиња?
- Да, дури и цвеќињата што имаат трнчиња.
- Добро, а за што им служат трнчињата?

Јас тогаш не го слушав. Бев многу зафатен околу одвртувањето на еден престегнат шраф од мојот мотор. Бев многу загрижен, оти дефектот почнуваше да ми се чини многу сериозен, а водата за пиење, што се докрајчуваше, ме тераше да се плашам од најлошото.

- Трнчињата, за што им служат тие ним?

Малиот принц не се откажуваше од прашањето кога веќе еднаш ќе го поставеше. Бев налутен поради мојата работа и му одговорив било што.

-Трнчињата не им служат за ништо, тие се таму само од лошотијата на цвеќињата!
- Оф!

И по мала пауза, тој ми дофрли малку пакосно:

- Јас не ти верувам! Цвеќињата се слаби. Тие се наивни и се осигуруваат како што можат. Тие мислат дека се страшни со своите трнчиња...


Јас не му одговорив ништо. Во тој момент си велев: "Ако овој шраф се протиставува, ќе го истерам со чекан". Малиот принц пак ги вознемири моите размислувања.

- И ти мислиш дека цвеќињата...
- Ама не, јас не мислам ништо!

Му одговорив што било:
- Јас сум зафатен со сериозни работи.
Тој ме гледаше вчудоневидено.
- Со сериозни работи!

Тој ме гледаше, бев со чекан во рака, со прсти црни од маслото, наведнат над предметот што нему му изгледаше толку грозен.

- Ти зборуваш како возрасен.

Се засрамив малку од таа забелешка. Но, немилосрден, тој додаде:
- Ти побркуваш се...Измешуваш се!
Тој навистина беше многу лут. И неговата златеста коса потреперуваше од ветрот.

- Јас знам една планета на која живее еден господин, целиот црвен. Тој никогаш не помиирисал убав цвет. Никогаш не погледнал во некоја ѕвезда. Никогаш не правел ништо друго освен што сметал. И цел ден повторувал како ти: "Јас сум сериозен човек!". Но, тој не беше човек. Беше една печурка.

-Едно што?
Малиот принц беше сега сосема блед од лутина.
- Со милиони години цвеќињата произведуваат трнчиња. Со милиони години, покрај сето тоа, овците ги јадат цвеќињата. И не било сериозно да се бара причина зошто тие толку се мачат да ги прават своите трнчиња што не им служат за ништо? И не била важна војната помеѓу овците и цвеќињата? И сето тоа не било посериозно и поважно од сметањето на црвениот господин? Ако јас познавам еден единствен цвет во светот што не постои никаде освен на мојата планета и ако една овчичка го уништи одеднаш, едно утро, без да знае што прави, сето тоа за тебе не е важно!

Тој поцрвени, потем продолжи:
- Ако некој сака цвеќе што постои само во еден примерок помеѓу милиони и милиони ѕвезди, за него е доволно само да ги гледа ѕвездите па да биде среќен. Тој ќе си рече: "Моето цвеќе е таму некаде..." Но, ако овцата го изеде цветот, тогаш одеднаш за него сите ѕвезди ќе бидат угаснати! И сето тоа не било важно!

Тој ништо веќе не можеше да проговори. Почна несопирливо да липа. Ноќта веќе беше паднала. Јас ги оставив моите алати. По ѓаволите чеканот, работата, жедта и смртта. Имаше на една ѕвезда, на една планета, на мојата, на Земјата, еден мал принц што требаше да се утеши! Го зедов в раце. Го лулав. Му велев:
"Цвеќето што го сакаш не е во опасност...Јас ќе и нацртам на овцата мрежа на муцката, и ќе ти нацртам еден заштитен покрив за твоето цвеќе...
И јас...Јас не знаев веќе што да му речам. Се чувствував многу несмасен.
Нека ја научам лекцијата на малиот принц.
И нека осознаам како да ги впијам неговите солзи, претворајќи ги во насмевка.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
ada напиша:
Егзипери напиша:
Јас знам една планета на која живее еден господин, целиот црвен. Тој никогаш не помиирисал убав цвет. Никогаш не погледнал во некоја ѕвезда. Никогаш не правел ништо друго освен што сметал. И цел ден повторувал како ти: "Јас сум сериозен човек!". Но, тој не беше човек. Беше една печурка.
------
Ако некој сака цвеќе што постои само во еден примерок помеѓу милиони и милиони ѕвезди, за него е доволно само да ги гледа ѕвездите па да биде среќен. Тој ќе си рече: "Моето цвеќе е таму некаде..." Но, ако овцата го изеде цветот, тогаш одеднаш за него сите ѕвезди ќе бидат угаснати! И сето тоа не било важно!
Неверојатно е како книгите кои не учеа за животот мораме да ги повторуваме секои 4-5 години, за да не заборавиме од каде ни доаѓаат акциите кои ги правиме секојдневно. А јас ете, сосема сум заборавил на убавината на Малиот принц. :cuc: Фала Ада.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Меѓу животот...
... и смртта
Летам.
Не. Паѓам.
Слободно паѓање кон небото кое е бескрајно.
Лесен сум. Се подигам. Лизгам по ватиран тепих. Се капам во светлина.
Добро сум.
Гледам се'. Разбирам се'.
Се' е запишано.
Се' си има своја смисла: доброто, злото, страдањето...
Добро сум.
Но знам, ова нема да потрае.
И знам. Се' ќе заборавам.

од Затоа што те љубам-Гијом Мисо
 
Член од
18 август 2008
Мислења
156
Поени од реакции
14
,,...Јас имам сериозни причини да верувам дека планетата од каде што дошол Малиот Принц е Астероид Б 612. Тој Астероид е забележан само еднаш преку телескоп - во 1909 година, од еден турски астроном.
Тогаш тој поднесе многу голем реферат за своето откритие на еден интернационален конгрес на астрономите. Но, никој не сакаше да му верува, поради неговата облека. Возрасните личности секогаш се такви.
За среќа, за репутацијата на Астероид Б 612, еден турски големец му нареди на својот народ, по цена на смрт и живот, да носи европска облека.
Кога астрономот го поднесе својот реферат, во 1920 година, беше облечен во многу елегантна облека, и, овојпат, сите го прифатија неговото мислење.
Тоа што ви ги раскажав овие детали за астероидот, и што ви го доверив дури и неговиот број, е само заради возрасните. Тие сакаат бројки. Кога им зборувате за некој нов пријател, никогаш нема да ви речат: ,,Каков е звукот на неговиот глас? Кои се игрите што ги сака најмногу? Дали собира пеперутки?,, Тие ќе ве прашаат: ,,Колку години има? Колку браќа има? Колку е тежок? Колку заработува татко му?,, и само тогаш мислат дека го познаваат.
Ако им речете на возрасните: ,,Видов една убава куќа со розови тули, со гераниуми на прозорците и со гулапчиња на покривот...,, тие нема да успеат да ја замислат таквата куќа. Треба да им речете: ,,Видов една куќа од сто илјади франка,,. Е тогаш тие ќе извикаат: ,,Колку убава куќа!,,
Така, ако им речете: ,,Доказ дека Малиот Принц постоеше, е тоа, што тој беше многу убав, што се смееше и што сакаше една овца,, (кога се сака една овца, тоа значи и дека се постои), тие ќе ги кренат рамениците и ќе ве сметаат за дете. Но ако им речете: ,,Планетата од каде што доаѓаше тој е Астероид Б 612,, тогаш ќе бидат убедени во тоа и ќе ве остават на мира со нивните прашања.
Тие се такви. И не треба за тоа да им се лутиме. Децата треба да бидат многу попустливи спрема возрасните,,.

:smir:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
*Да одиш во пресрет на светлината наместо да одиш по нејзините стапки значи да се враќаш во темнината- „Адска машина“ од Венко Андоновски

„Вештица“-Венко Андоновски
*Лицето е мапа на скриеното богатство во телото-душата.
*Љубовта не е милостина. Кога даваш милостина се откажуваш од златник, кога даваш љубов се откажуваш од себе. И раката која го прима златникот брза да го потроши, раката која го прима подареното срце брза да го сочува.
*Оној кој се правда самиот се обвинува.
*Ако ништо не се гледа тоа не значи дека не постои
*Убавината на тајната е во одлагањето на нејзиното решение.
*Вербата го создава, а сомнежот го зацврстува постоењето на нештата.
*Животот е море, а човекот кораб. Умот е сидрото на тој кораб, срцето е едро, а страста ветер во тоа едро. Каква полза од едро без ветер?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Најумно е да се молчи. Такво е времето.
Се согласив дека е тоа најумно.
Но, едно е да се знае што е умно, а сосем друго да се направи тоа што е умно. Знаеше дека е умно да се молчи, но веднаш раскажа сè. Можев да се крстам од чудо, можев да барам каква и да е разумна причина, можев да се лутам, но сето тоа не ми помогна да сфатам. Изгледа дека секогаш чини спротивно од она што го мисли. Или не може да не го каже тоа што го знае.
Премногу е важно да за да може да премолчи, дури кога би му нанело тоа и штета.

„Тврдина“ - Меша Селимовиќ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom