Кога ќе се најдеш во тешка,незавидна положба,што ти изгледа како се да е сплотено против тебе и дека веќе не можеш да издржиш ниту миг,не се предавај,бидејќи тоа е само едно место и една точка во времето,кое едноставно ќе помине.
"Демонот и госпоѓица Прим" - Пауло Коелјо
"Ја знаеш ли најголемата разлика меѓу оние на кои ништо не им оди од рака,и на оние успешните?" - Успешните луѓе го прават она што оние промашените се плашат и да се обидат да го прифатат.
"Мисија:Успех!" - Ог Мандино
Кој е поодговорен од галеот кој ќе ја пронајде и ќе ја следи смислата и повисоките цели на животот? Илјада години се измачуваме за да дојдеме до рибините глави,а сега имаме причина да живееме-да учиме,да откриваме и да станеме слободни.Дајте ми можност,дозволете ми да покажам што научив...
"Галебот Џонатан Ливингстон" - Ричард Бах
Слободни сме да одиме каде што сакаме и да бидеме она што сме
"Галебот Џонатан Ливингстон" - Ричард Бах
Искористи го секој миг,ако не сакаш подоцна да жалиш и да си префрлаш за залудно изгубената младост.На секоја возраст Господ му дава на човекот различни стравувања
"Петтата гора" - Пауло Коелјо
Има три работи што возрасните во секое време можат да ги научат од децата:да бидат среќни без причина,секогаш да бидат зафатени со нешто и да знаат да го бараат - со сите свои сили - она што го посакуваат
"Петтата гора" - Пауло Коелјо
И моето омилено,од "Демонот и госпоѓица Прим" од Коелјо:
Некој човек заедно со својот коњ и со своето куче одел по некој пат,и фатила бура и ги удрил гром,но човекот не сФатил дека го напуштиле овој свет,и си продолжиле по патот.Патот бил долг и стрмен,сонцето силно печело и тие биле многу жедни.Здогледале прекрасна мермерна порта,која водела кон некој плоштад,во чиј центар се наоѓала чешма од која течела кристално бистра вода.Патникот му се приближил на чуварот,и дознал дека тоа место е Рајот,и побарал да се напие вода.Чуварот му дозволил,но рекол дека не е дозволено за животни.Човекот се разочарал,не сакал да пие сам,се заблагодарил и си заминал.Понатаму тие наишле на другаврата и таму си лежел некој човек.Патникот побарал вода за себе,и за својот коњ и за своето куче,а човекот ги упатил кон некој извор и му рекол да пијат колку им душа сака.Откако се напиле,патникот му се заблагодарил на човекот,и го прашал како се вика тоа место,па повторно го добил истиот одговор:Рајот.Патникот рекол дека и претходното место се викало Рај,а стражарот му рекол дека тоа е Пеколот,затоа што таму остануваат сите оние кои се во состојба да ги изневерат најдобрите пријатели