Дали може некој да ми каже пошто многу е неразбирливо во коментари сите пишуваат.
За страна како кајгана и мотика дали треба хтмл,др, и слично искуство.
и што слично треба и колку испаѓа месечен надоместок, колку пари е севкупно.
Ми треба ваква страна на која можам да објавувам новости за комјунити менаџер на имеприја!
Ако може некој нека пише.
Kоментарите се разбирливи кадешто барањата се прецизни.
1. За страна како наведените немора да имаш никакво искуство ако си на позиција менаџер, тогаш треба да имаш само идеја и пари за да платиш луѓе со потребно искуство. Од друга страна, ако сакаш сам да ги правиш сајтовите (да ги програмираш) тогаш такви познавања ти се малку.
2. Месечен надоместок за што и за што тоа бараш вкупна цена?
3. Новости може да објавуваш и на твитер и фејсбук, секако и блог е решение, затоа е прашање што навистина сакаш.
4. Еве јас напишав, но не верувам дека ќе си задоволен од одговорот. Тоа е затоа што барањето е генерално непрецизно, исто како да прашаш колку чини една кола. Имаш од 10К евра, 50К евра, но и за 80 денари од 1,5 литри, а и поефтини во лименки.
Знам дека калкулација е потребна за да се димензионира буџет на секој проект, но ти треба да знаеш дека за истата да се добие одредени делови од проектот треба да бидат ставени „на маса“. Имаш два начини да стигнеш до целта, или вадиш колку е можно подетална листа на функционалности и бараш цена, или вадиш буџет и бараш функционалности за даден проект. Трето нема, иако многумина се обидуваат.