Не знам што подразбираш под урбанизирано, да, нема да одиш по кал. Имаш едно школо, една градинка, болница баш во населба немаш, ама е одма преку мостот, така што од било кој дел од населбата до болницата со кола стигаш за 5 минути. Од маркети имаш еден стокомак на излез од Геге накај Ново Село, за останатите маркети ти важи истото ко и болницата + пазар, полиција, пожарна. Имаш и цигани на почеток од населба, така што ако си на почеток и ти, летно време можеш да имаш галама од циганска музика, ама не е ко пред 20 години. Зградите ти се завршени некаде почеток на 90 ти, најголем проблем со зградите е што ѕидовите ти се бетонски платна и немаат топлотна изолација, парно немаш, така што опција за греење ќе ти биде инвертер или ко и секој жител на Геге да гориш нешто, мада последни 5 години доста топли се зимите. Позитивни работи: нема да имаш проблем за наоѓање паркинг, доста тивко е, немаш гужви во сообраќај. Така што од моја гледна точка е идеално место да живееш во куќа. Тука и Ново Село би го вклучил, таму имаш плус еден бенефит, а тоа е што си одма залепен до обиколница. Од таму до Зелениково сум стигал за пола саат до 45 минути.