Цени на станови во Скопје? Колку се реални?

G

Goldie

Гостин
http://www.build.mk/katastarot-belezhi-rast-na-brojot-na-neprodadeni-stanovi-i-na-stanovi-vo-gradba/

Во делот на трансакциите, 499 од продадените недвижнини биле новоградби, што претставува намалување од 228 продажби во однос на истиот период лани.

Доколку се разгледаат цените на становите низ македонските општини, може да се констатира намалување на нивната вредност во периодот април-јуни 2016 година. Меѓу поголемите општини, единствено во Охрид имаме зголемување на цената на становите во однос на истиот период од минатата година. Најголем пад е регистриран во скопската општина Центар.
Цената на еден метар квадратен станбена површина е намалена за 6.649 денари, и тоа од 62.643 во 2015 година на 55.994 денари во 2016 година.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824

Мене напишаново не ми е доволно убедливо, посебно во делот на цените, уште повеќе кај закупите Вели: Вкупната бројка на направени продажби во овој квартал е 3.954, со вкупна вредност од 133,3 милиони евра. Правните субјекти и физичките лица извршиле 1.799 закупи со вредност на вкупната месечна закупнина од 684 илјади евра.
Испаѓа дека за наведениот период една трансакција - стан изнесува во просек 33700 евра, а еден закуп во просек месечно изнесува 380 евра. Ако ништо друго, мислам дека е непрецизно, недоволно објаснето. Башка, мислам дека Катастарот може да има точна евиденција на продадени станови, додека за непродадените би требало да се прашаат општините
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Градежната експанзија ги топи цените на становите - голема понуда, мала побарувачка
Пад на цените на становите регистрира Катастарот. Причина - голема понуда, малата побарувачка. Зголемената градежна активност ги топи цените на недвижностите. Квадрат во Центар чини над 900 евра, што е пад од 50 евра за една година.

Битола за една година пад на цената за 140 евра од квадрат :shok2:
 
Ова е само старт, уште многу ќе паѓа цената сакале или не

Баш вчера газдата на Телекабел кој има и градежна фирма кажа на 24Вести во емисија дека на зграда од 6 милиона во Штип уште толку имале профит, 100% па ова го има само во Македонија..
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Баш вчера газдата на Телекабел кој има и градежна фирма кажа на 24Вести во емисија дека на зграда од 6 милиона во Штип уште толку имале профит, 100% па ова го има само во Македонија..
Сулуди се овие 100-200% маржи што ги лупаат, сосема очекувано е дека ќе почнат да паѓаат. Никој не е против градежните фирми да заработат, профит од 20-30% е сосема солиден на тој обрт што го имаат. Земајќи во предвид дека производствена цена име е 400-500 евра на убавите локации по Скопје* тоа значи дека цената ќе се стабилизира на 600-700 евра за некоја година.

* Центар, Карпош 1/2, Стар Аеродром, К. Вода кај Рампа и слично
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Koga ke padne na 500e m2 za nov stan i 300e m2 za stara gajba vo posirokiot del na Skopje moze da se kaze deka cenite ke se *normaliziraat* sprema standardot.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Мислам дека никогаш нема до толку да се „нормализираат“ цените
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Кои новоградби во Аеродром се најквалитетни ? На кој инвеститор, мислам? Слушнав дека на Golden art не биле баш посебно квалитетни. Какви искуства имате? Посебно ме интересираат вашите искуства или сознанија за квалитетот на становите на Globalimpact и Дабар.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кои новоградби во Аеродром се најквалитетни ? На кој инвеститор, мислам? Слушнав дека на Golden art не биле баш посебно квалитетни. Какви искуства имате? Посебно ме интересираат вашите искуства или сознанија за квалитетот на становите на Globalimpact и Дабар.
За зградите на Глобалимпакт и Дабар неможам нешто да ти кажам, од проста причина што не сум ни запознаен што материјали користат. Исто така не сум живеел во зградите на Golden Art, но за истите имам слушнато пофални зборови, а и за истите знам дека користат доста квалитетни материјали. Nexe цигли кои се едни од највалитетните и од циглите со најдобри карактеристики, Baumit Pro термофасада, дебели и добро распоредени бетонски столбови/конструкција и уште други добри материјали. И исто така можеш да ги разгледаш становите на Елена Лука. Квалитетна градба, а и пофални зборови од станарите.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Stanuva, ama cenite ne pagjaat

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Stanuva, ama cenite ne pagjaat

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Сеуште нема причина за пад на цените . Инвеститорите си ја знаат клиентелата . Главни купувачи на станови се млади брачни парови и луѓе кои имаат приходи кои не сакаат да ги ставаат во банка . Првите нема кај да бегаат а на вторите им е сеедно ! Така да продавачите имаат време за чекање и тактизирање.
Колку за компарација , првото малку поосетно паѓање на цените на недвижности во Грција се случи 3 години после почетокот на кризата . Значи , кај нас е рано за тоа .[DOUBLEPOST=1492174691][/DOUBLEPOST]
Koga ke padne na 500e m2 za nov stan i 300e m2 za stara gajba vo posirokiot del na Skopje moze da se kaze deka cenite ke se *normaliziraat* sprema standardot.
Па и не си далеку од реалните цени , додај тука 100 евра за комуналии и 80-90 за фактот оти само Скопје е град а другото е провинција и ете ја нормалната цена на квадрат !
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom