Некои луѓе толку се загрижени за филмската и музичката индустрија што срце ми плаче. Па викаат кој сака филм да си го купи. Или да го гледа на кино. За ова ќе ни треба брза обука на масите за купување онлине од амазон и блок карти за автобус од внатрешноста до Рамстор, билет и пуканки. Џанам се функционира во државава остана уште ние да се однесуваме „чесно“ и да не ги „крадеме“ кутрите мали богаташи.....
Делумно се согласувам со твоите ставови, но сепак во целото мислење упорно го игнорираш фактот дека компаниите направиле и тоа како голем профит со тоа што овозможиле натамошно кршење на авторски права. Се согласусам со примерот да купиш филм и да го дадеш „на шетање“ по пријатели да го изгледаат, се е тоа во ред, но ако на истите им наплатиш тогаш навистина: 1. ти си за ќотек ... 2. они се глупи што ти платиле

Софтверските компании некако и го издржуваат налетот на пиратеријата, се прилагодуваат на истата, но кај останатите поради специфичноста на работата не е така лесно. Во најмала рака софтверска компанија наместо да произведува софтвер за режење на пример кој нема да може никако да го продаде, ќе направи сајт за споделување на содржини и ќе заработи како и МУ нели

Во секој случај, треба да се има усул во се, отсекогаш имало пиратерија и секогаш и ќе има. Но отсекогаш филмовите, песните и програмите се делеле меѓусебно, по разни сокриени и некомерцијални сервери. Во последниве 4-5 години сведоци сме на подем на сајтови кои бессрамно го комерцијализираат своето пиратско работење ... тоа е премногу.
Ставете се накратко на местото на авторите ... во ред би било кога во редакција Вечер би ја испринтале сликата и закачиле на ѕид за да уживаат во убавината, не е во ред истата слика да им помогне да го зголемат тиражот. Неопростливо е и се надевам дека јавно ќе биде објавено извинување и строго санкционирано. Да не должам непотребно ... некои граници мора да постојат а по нивно екстремно изместување нормално некој ќе се обиде да ги врати во нормала.
И да, не целиот софтвер на мојот компјутер е лиценциран и повремено гледам филмови симнати од нет: Но од друга страна поголем дел од софтверот ми е лиценциран, голем дел од филмовите кои ги гледам ги гледам на HBO, музика слушам на VH1 и сл.