Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.999
- Поени од реакции
- 61.818
Се е во ред но јас до сега никогаш не сум платил за пиратска копија од филм. Тие сајтови колку што ми е познато наплаќаат за побрзо да симнеш или да симнуваш без застој. Јас симнувам поспоро и немам проблем со тоа.Делумно се согласувам со твоите ставови, но сепак во целото мислење упорно го игнорираш фактот дека компаниите направиле и тоа како голем профит со тоа што овозможиле натамошно кршење на авторски права. Се согласусам со примерот да купиш филм и да го дадеш „на шетање“ по пријатели да го изгледаат, се е тоа во ред, но ако на истите им наплатиш тогаш навистина: 1. ти си за ќотек ... 2. они се глупи што ти платиле
Софтверските компании некако и го издржуваат налетот на пиратеријата, се прилагодуваат на истата, но кај останатите поради специфичноста на работата не е така лесно. Во најмала рака софтверска компанија наместо да произведува софтвер за режење на пример кој нема да може никако да го продаде, ќе направи сајт за споделување на содржини и ќе заработи како и МУ нели
Во секој случај, треба да се има усул во се, отсекогаш имало пиратерија и секогаш и ќе има. Но отсекогаш филмовите, песните и програмите се делеле меѓусебно, по разни сокриени и некомерцијални сервери. Во последниве 4-5 години сведоци сме на подем на сајтови кои бессрамно го комерцијализираат своето пиратско работење ... тоа е премногу.
Ставете се накратко на местото на авторите ... во ред би било кога во редакција Вечер би ја испринтале сликата и закачиле на ѕид за да уживаат во убавината, не е во ред истата слика да им помогне да го зголемат тиражот. Неопростливо е и се надевам дека јавно ќе биде објавено извинување и строго санкционирано. Да не должам непотребно ... некои граници мора да постојат а по нивно екстремно изместување нормално некој ќе се обиде да ги врати во нормала.
И да, не целиот софтвер на мојот компјутер е лиценциран и повремено гледам филмови симнати од нет: Но од друга страна поголем дел од софтверот ми е лиценциран, голем дел од филмовите кои ги гледам ги гледам на HBO, музика слушам на VH1 и сл.
Значи не гледам тие да продаваат нешто, тоа би било флагрантно кршење на авторски права. Тоа го прават препродавачи на пазари, таков вид на пиратерија се согласувам дека треба да се забрани. Не може јас да направам нешто а ти да го продаваш.
Но некој да ми забрани да го споделам нешто што сум го платил, тоа е според мене надвор од здравиот разум. Кога ќе купам нешто тоа е мое и ако сакам да го споделам тоа е моја работа, а дали ќе го направам тоа електронски или од рака на рака, не би требало да има разлика.
Иначе едно време затворија двд-теки кои продаваа пиратски верзии (пред да имаат сите интернет дома) и тоа го оправдувам, не гледам зошто тие би заработувале на нешто што се споделува бесплатно. Во тоа време купував оригинал филмови кои имаа заштита која пак се пробиваше со некакви двд-шринк програмчиња. Пак се се сведува на заштитата, компаниите нека се потрудат да направат подобри програми за заштита од копирање.
Значи на кратко: сум за тоа да се забрани продажба на пиратерија по пазари, улици и двд-теки, апсолутно сум против скринери и кино снимки (иако тие излегуваат од самите компании) затоа што го уништуваат филмот. Но споделување на купено двд или аудио цд секогаш ќе поддржувам затоа што сметам дека е најнормална работа.
А овие другите сервери можеби е најдобро да се пререгистрираат во Швајцарија, макар што денес ништо не е сигурно, овие почнаа да заобиколуваат и закон и суд кога е тоа потребно...