- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.024
- Поени од реакции
- 12.528
Веста објавена на веб сајтот кон кој води наредниот линк повеќе се однесува на британскиот идиотизам, британската арогантност и самобендисаност, отколку што се однесува на цензурирањето на Интернетот, но сепак заслужува да биде објавен во оваа тема на форумов, бидејќи го поставува прашањето:
Зошто воопшто да се мачиме да одиме на вакви настани ако ни е забрането да споделиме по некој дигитален спомен од истите со остатокот од светот ?
Значи не е забрането фотографирањето и снимањето на Летните Олимписки Игри 2012, но забрането е објавување на истите тие фотографии и видео снимки на Интернет.
Нема да смеете да споделите на Интернет ниту една заедничка фотографија која го овековечила споменот кога сте биле сами или со некој близок на трибините или пред влезот на некој објект поврзан со ЛОИ 2012.
Па можете само да си замислите како ова би функционирало со ACTA на сила, кој сеуште не е усвоен ни во Европскиот Парламент, ни во британскиот Парламент.
Ова што важи за фотографиите и видео снимките од ЛОИ 2012, ќе важи и за концерти, театарски претстави, јавни говори, јавни собири и ред други работи кои секојдневно ги објавуваме на Facebook, Twitter, YouTube и ред други Интернет сервиси.
http://off.net.mk/vesti/svet/london-2012-ta-bez-sheruvanje
Лондон 2012-та, без шерување

Фановите и спортистите на Лондон 2012-та ќе можат да прават сè што сакаат, сè додека тоа не е на Фејсбук, на Твитер, на Јутјуб, на Инстаграм...