Она што најмногу го цениме е слободата: слободата на говорот и на пристап до информации и култура. Чувствуваме дека интернетот е таков каков што е благодарение на слободата, па затоа наша должност е да ја одбраниме таа слобода. Тоа им го должиме на следните генерации.
Веројатно не постои збор кој е позлоупотребуван во медиумите од зборот "генерација". Реалноста никогаш не ни дала единствен, материјалн, смислен и незаборавен импулс, заедничко искуство кое засекогаш би не одвоило од претходната генерација. Очекувавме тоа да се појави, но сеопфатната промена дојде незабележително, во пакет со кабелска телевизија, мобилен телефон, и најмногу од се, со пристап до интернет. Дури денес во целост можеме да разбереме колку работи се имаат променето во изминатите 10 години.
Ние, децата на интернетот; ние, кои пораснавме со нет и на нет, ние сме генерација која ги менува критериумите за изразот "генерација" на субверзивен начин. Ние не го искусивме импулсот од стварноста, туку метаморфозата во таа иста стварност. Она што нè обединува не е единствен, јасен културен контекст, туку верувањето дека тој контекст е самодефиниран и последица на слободен избор.
Додека го пишувам ова, свесен сум дека ја злоупотребувам именката "ние", бидејќи "ние" е флуидно, испрекинато, заматено - според старите мерила: привремено. Кога велам "ние", тоа значи "многумина од нас" или "некој од нас". Кога велам "ние сме", тоа значи "ние сме често". Велам "ние", само за да можам воопшто да зборувам за нас.
Прво
Ние пораснавме со интернетот и на интернет. Тоа нè прави поинакви; тоа прави клучна, изненадувачка разлика: ние не "сурфаме", и за нас интернетот не е "место" или "вирутелен простор". Нам нетот не ни е нешто поинакво од реалноста, туку тој е дел од неа: невидлив, но постојано присутен слој вмрежен со физичко опкружување. Ние не користиме интернет, ние живееме со него и покрај него. Ако вам, аналогните, мора да ви го раскажеме нашиот процес на растење, би можеле да кажеме дека по некоја природа на нештата, во секое поединечно искуство кое нè обликуваше, беше присутен нетот.
Создававме пријатели и непријатели онлајн, правевме пушки за онлајн тестови, организиравме забави и учење онлајн, се заљубувавме онлајн и раскинувавме онлајн. Интернетот за нас не е технологија која моравме да ја учиме, урок кој моравме да го владееме. Интернетот е процес кој се одвива и развива без престан и пред наши очи; со нас и преку нас. Технологиите се создаваат и исчезнуваат, веб страни се отвораат, растат и потоа пропаѓаат, но интернетот продолжува, бидејќи ние сме интернет; ние, кои комуницираме едни со други на начин кој ни е потполно природен, поинтензивно и поефикасно од кога и да било во историјата на човештвото.
Растејќи на нет, ние размислуваме поинаку. Можноста да пронајдеме информација за нас е најосновното нешто, исто како што вам ви е потребно да пронајдете железничка станица или пошта во непознат град. Кога нешто сакаме да знаеме - првите симптоми на сипаници, причини за потопување на некој брод или зошто сметката за вода изгледа преголема - ние превземаме мерки од возач во сателитски наведувано возило. Ние знаеме да најдеме информација на голем број места, знаеме како да стигнеме до тие места, знаеме како да ја процениме нивната веродостојност. Научивме дека наместо само 1 одговор постојат многу различни одговори. Научивме како од сите тие одговори да ја изградиме најверојатната верзија и да ги отфрлиме оние кои ни изгледаат неуверливо. Ние бираме, ние филтрираме, и ние сме спремни да ја замениме научената информација со нова и подобра, и тоа во истиот момент кога таа ќе се појави.
За нас, интернетот е вид на заедничка надворешна меморија. Не мора да памтиме непотребни детали: датуми, суми, формули, причини, имиња на улици, прецизни дефиниции. Доволно е да имаме сиже, суштина која е потребна за да се обработи информацијата и да се поврзе со други информации. Ако некогаш ни притреба некој детал, ќе го најдеме само за неколку секунди. Исто така, не мора да бидеме стручни за сè, бидејќи знаеме каде да најдеме експерти за тоа што не го знаеме, и тоа такви на кои можеме да им веруваме. Луѓе кои со нас ќе го поделат своето знаење не заради профитот, туку заради заедничкото верување дека информацијата постои само кога е во движење, дека треба да биде слободна и сите да имаме корист од размената на информации.
Ние знаеме како да се натпреваруваме и сакаме да го правиме тоа, но нашето натпреварување, нашата страст да бидеме поинакви е изградена на основа на знаење, на можноста да преведуваме и обновуваме информации, а не истите да ги монополизираме.
Второ
Не ни е непознат уделот во културата: глобалната култура е камен темелник на нашиот идентитет, многу поважен и од традицијата, од историските наративи, општествените статуси, предци, па дури и од јазикот кој го користиме. Од океанот културни настани ги бираме оние кои нам најмногу ни одговараат; реагираме на нив, ги разгледуваме, ги поставуваме своите ставови за нив на сајтови кои постојат баш за тоа, на кои има препораки за други албуми, филмови или игрици кои би можеле да ни се допаднат.
Некои филмови, серии или видео спотови ги гледаме со колегите или пријателите ширум светот, нашата наклоност кон некои од нив ги делиме само со мала група на луѓе кои најверојатно никогаш нема да ги сретнеме лице во лице. Заради тоа чувствуваме дека културата во ист момент станува глобална и индивидуална. Затоа ни треба слободен пристап до неа.
Тоа не значи дека бараме сите производи на културата да ни бидат достапни без надокнада, иако производите од нашето творештво обично ги праќаме да циркулираат. Јасно ни е дека и покрај користа од технологијата која ни ги прави достапни професионалните филмови и музика, творештвото бара труд и инвестиција. Подготвени сме да платиме, но огромната дистрибутерска провизија ни се чини претерана. Зошто да плаќаме за дистрибуција на информација кога таа може лесно и совршено да се копира без каков било губиток во однос на оригиналниот квалитет?
Ако добиеме информација, сакаме цената да биде во сразмер со таа информација. Спремни сме и да платиме повеќе, но тогаш очекуваме да добиеме нешто повеќе: интересно пакување, корисен уред, подобар квалитет, можност да ја добиеме овде и сега, без чекање. Имаме можност да покажеме благодарност, сакаме да го наградиме авторот (бидејќи парите повеќе не се во хартиена форма од кога станаа низа од бројки на екран, и од тогаш плаќањето на некој начин стана симболичен акт на размена), но продажните цели на корпорациите нам не ни се од никаква важност.
Не сме ние криви што нивната работа престана да има смисла во традицонална форма, и што тие одлучиле да ги бранат своите застарени обичаи, наместо да го прифатат предизвикот и да се обидат да ни пружат нешто повеќе од она што можеме да го добиеме бесплатно.
Уште нешто: не сакаме да плаќаме за нашите сеќавања. За филмовите кои нè потсетуваат на нашето детство, за музиката која нè следела пред 10 години: во надворешната меморија на мрежата, тоа се прости сеќавања. Сеќавањето на нив и разменувањето ни се толку природни, како и вашето сеќавање на "Казабланка". На нет наоѓаме филмови кои сме ги гледале како деца, и сега сакаме да им ги покажеме на нашите деца, исто како што вие нам ни раскажувавте приказни за Црвенкапа и Пепелашка. Можете ли да замислите некој за тоа да ве обвинува за кршење закон? И нам тоа ни е незамисливо.
Трето
Навикнавме нашите сметки да се плаќаат автоматски, сè додека износот на жиро сметката го дозволува тоа. Знаеме дека за отворање банковна сметка или за промена на мобилна мрежа доволно е да се пополни еден онлајн формулар и да се потпише договор, кој може да ви биде доставен и преку курирска служба. Затоа, како жители на некоја држава, сè повеќе не нервира нејзиниот архаичен интерфејс. Не сфаќаме зошто е неопходно даночната пријава да содржи неколку формулари, од кои главниот содржи 100 прашања.
Кај нас нема ни трага од она понизно прифаќање како кај нашите родители кои се убедени дека администартивните прашања се од врховна важност и дека интеракцијата со државата е нешто што би требало да се прославува. Нашето мислење за тоа како треба да изгледа вашиот уставен поредок се разликува од вашиот: општеството е мрежа, а не хиерархија. Навикнавме да започнуваме разговор со кој било, со професор или естрадна ѕвезда, и немаме потреба од какви било квалификации поврзани со општествениот статус.
Успехот на оваа интеракција зависи единствено од тоа дали содржината на нашата порака ќе се смета за доволно важна за да заслужи одговор. Благодарение на соработката и долготрајните препирки преку одбрана на аргументи против критика, понекогаш имаме чувство дека нашите мислења за некои работи едноставно се подобри решенија - тогаш зошто да не очекуваме сериозен дијалог со јавната управа?
Не чувствуваме религиозна стравопочит кон "демократските институции" во нивниот сегашен облик, не веруваме во нивниот сегашен облик, не веруваме во нивната аксиоматска улога, како што во неа веруваат оние на кои тие исти "демократските институции" им се споменик за себе и по себе. Споменици не ни требаат. Она што нам ни треба е систем кој ќе ги исполнува нашите очекувања, систем кој е транспарентен и способен. Научивме дека е можно да има промени: дека секој неудобен систем може да биде и неминовно бива променет со некој нов, кој е поефикасен, кој ги препознава нашите потреби и кој пружа поголеми можности.
Она што најмногу го цениме е слободата: слобода на говорот, слобода на пристапот до информации и култура. Чувстваме дека интернетот е таков каков што е благодарение на слободата и дека наша должност е да ја одбраниме таа слобода. Тоа им го должиме на следните генерации, исто како што им должиме здрава животна средина.
Можеби тоа уште не сме го именувале, можеби за многу работи уште не сме потполно свесни, но ми се чини дека она што го сакаме е реална, вистинска демократија. Демократија која е нешто повеќе од само еден сон за неа во вашето новинарство.
Piots Czerski via e-novine