Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Да си ги исчистам јас фајловите за секој случај xD
 
Член од
13 февруари 2008
Мислења
231
Поени од реакции
160
ако се донесе у првичната верзија oh my god.
 

nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Европскиот парламент денес расправа по прашањето за ACTA (Anti Counterfeiting Trade Agreement ), а веќе утре преку гласање ќе се знае неговата конечна одлука за договорот.

Комисијата на Европскиот парламент за меѓународна трговија неодамна оцени дека контроверзниот договор треба да се отфрли, бидејќи претставува закана по личната слобода и приватност не граѓаните на ЕУ и му препорача на Европскиот парламент да го отфрли.
ACTA која предвидува остри казни за прекршувањето на авторските права, во јануари беше потпишана од 20 членки на ЕУ од вкупно 27, како и од повеќето развиени земји во светот.
Противниците на договорот, сметаат дека одредбите кои се однесуваат на симнувањето филмови, музика и слична содржина преку интернет, влијаат врз воведувањето на еден вид цензура и им овозможуваат на властите да ги надгледуваат корисниците на интернетот и мобилната телефонија.
После масовните протести кои беа одржани во главните градови на неколку европски држави, неколку од земјите одлучија да не го ратификуваат договорот, а некои го повлекоа својот потпис.
Со оглед на фактот дека и останатите комисии при ЕУ негативно се одлучија по договорот, шансите утре да биде изгласан договорот се мали, а без одобрување на Парламентот, ACTA нема да може да стапи на сила во ЕУ.
Според мене тешко да се изгласа, но доколку се изгласа тогаш наебавме. :cautious:

Превземено од kajgana.com
Е ако го изгласаат отиде rapishare, hotfile и други страни, ќе треба да поднаучиме руски и да симнуваме од руските страници.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Мамата нивна, само на контрола мислат, а да мислат малку на слобода.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.207
Поени од реакции
34.446
Европскиот парламент ја отфрли ACTA


Како што беше најавено вчера, денес Европскиот парламент се состана по повод ACTA договорот и како што се очекуваше после негативната препорака на Комисијата за меѓународна трговија, го отфрли со гласање.

Поддржувачите на договорот, се обидоа да влијаат врз откажувањето на седницата на Европскиот парламент со цел да ја пролонгираат одлуката, но истата денес сепак беше одржана бидејќи парламентот одлучи да не се развлекува прашањето.

Одлуката беше донесена со 478 гласа против, 39 за и 146 воздржани.

Благодарение на одлуката, најголемите стравувања кои се однесуваат на слободата на интернетот нема да се реализираат.
ACTA предвидува огромни рестриктивни мерки и казни од страна на земјите потписнички на договорот, кои главно се однесуваат на симнувањето филмови, музика и слична содржина.
Овој договор беше создаден со заедничка согласност на земји како САД, Јапонија, Австралија, Јужна Кореја и одреден број европски држави. Кога последиците од договорот се раширија низ јавноста, следеа огромен број на демонстрации низ повеќе светски градови.

Европската Унија го суспендираше договорот во февруари со цел да го разгледа подобро, па потоа да донесе одлука.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
4 јули - ден на науката, активизмост, интернетот... фак ју Ју Ес Еј :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.024
Поени од реакции
12.528
Европскиот парламент ја отфрли ACTA


Како што беше најавено вчера, денес Европскиот парламент се состана по повод ACTA договорот и како што се очекуваше после негативната препорака на Комисијата за меѓународна трговија, го отфрли со гласање.
Ова е прекрасна вест.

После ова, парламентите на европските држави потписнички на ACTA слободно можат да го отфрлат истиот овој озлогласен меѓународен договор.

Претпоставувам дека парламентите на сите европски држави потписнички на ACTA ќе го отфрлат договорот, или уште подобро, самите држави потписнички ќе ги повлечат своите потписи од договорот, со што истиот ќе стане тотално безвреден и некорисен во Европа.

Само будали би гласале за ратификација на овој меѓународен договор, барем во европските држави, откако самиот Европски Парламент му кажа едно големо НЕ на ова ѓубре од меѓународен договор.

Ова треба да биде охрабрување за американците, кои после ова, треба да излезат масовно на протести и на демонстрации во САД, чиј што Конгрес сеуште не гласал за ACTA, но сепак гласаше ЗА озлогласениот закон CISPA, а за истиот озлогласен закон допрва треба да се гласа во американскиот Сенат.

Отфрлувањето на ACTA од страна на Европскиот Парламент треба да биде повик за будење на американците, за да излезат масовно на протести и на демонстрации против ACTA, CISPA и сите останати обиди на американската влада и на американските политичари и профитери за ставање крај на Интернет приватноста, како и на отвореноста и на слободата на Интернетот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.024
Поени од реакции
12.528
И Русија подготвува свое издание на озлогласените SOPA и PIPA.

http://on.net.mk/vesti/internet/rusija-na-golemo-se-sprema-za-cenzura

Русија на големо се спрема за цензура

Рускиот парламент усвојува нов закон што ќе овозможи цензура на содржини на интернет без судски процес. На „црната листа“ веќе има 1.279 сајтови.



На 6-ти јули руската Дума го започна процесот на усвојување на федералниот „Закон за заштита на децата од информации штетни за нивното здравје и развој“. Законот предвидува ставање на црна листа на сајтовите кои наводно содржат штетна содржина, како порнографија и користење дроги, или промовираат екстремистички идеи и воведува дополнителни рестриктивни мерки без судски процес.

„Секој обид за забрана на нејасно дефинирана содржина на интернет на нетранспаренттен начин речиси сигурно ќе доведе до прекумерни забрани, можна е и цензура, а со тоа се спречува слободен проток на информации“, велат од Организацијата за европска безбедност и соработка.

Во нацрт законот се наведува дека ако сопственикот на сајтот не ја отстрани забранетата содржина во рок од 24 часа, провајдерот мора да го блокира целиот сајт. Тоа може да доведе до блокирање содржина надвор од рамките на законот.

„Загрижувачки е што во нацртот се игнорира неопходната процедура, со исклучување на судовите од дефинирањето на штетната содржина и издавањето налог за блокирање на содржината. Не е јасно ни според кој критериум ќе се дефинира содржината штетна за децата“, додаваат од ОЕБС.

Администраторите на руската Википедија велат дека ако предложените измени навистина се почитуваат, резултатот ќе биде руска аналогија на големиот Кинески ѕид. Тие велат дека ситуацијата во рускиот правен систем само покажува дека постои голема можност за лоши сценарија, меѓу кои веројатно е и блокирањето пристап до Википедија во Русија.
Е во државите кои би го ратификувале озлогласениот меѓународен договор ACTA, ова би било еквивалентно на фалсификување и би било казнувано како такво криминално дело.

http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/moda/ne-e-sramota-da-lazhesh-sramota-e-da-nemash-lobutin

Не е срамота да лажеш, срамота е да немаш Лобутин

Продажбата на две нијанси на црвена боја во Лондон бележи раст од 40% откако жените открија како можат и самите да направат Лобутин штикли.



Според менаџерите на синџирот продавници Homebase, зголемената продажба на двете нијанси на црвената боја на Duracoat "Flame" и "Show Stopper," се должи исклучиво на жените кои сами си прават копии на кондурите на Лобутин.

"Луѓето обично носат со себе списанија, за да ги споредат боите што им требаат за мебел, за тапети или за молерисување, меѓутоа забележавме голем број на девојки кои бараа боја иста како чевлите во списанијата што ги носеа. Исто така ги прашуваа вработените за совети како се фарба кожа или гума," изјавил менаџерот на една од продавниците на Homebase.

Лобутин кој е познат по чевлите со црвен ѓон ( и кои редовно се продаваат за околу 500 евра), дојде на идејата во 1992-ра, кога со лакот за нокти на неговата асистентка го обоил ѓонот на еден пар штикли бидејќи чувствувал дека "им недостасува енергија."

"Купив пар обични црни кондури за 20 фунти, црвена боја и дома ги направи штиклите. Внимателно ги офарбав ѓоновите и ги оставив преку ноќ ги оставив да се исушат. Следниот ден беа готови за носење. Добив еден куп пофалби колку ми се убави штиклите," објаснува една 24-годишна девојка која дома направила свој Лобутин, за на свадба кај братучетка и.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.024
Поени од реакции
12.528
Бог нека им е на помош на Русите после изгласувањето на ова ѓубре од закон во парламентот на најголемата држава по големина на територија во светот.

Македонската Википедија собира потписи во знак на солидарност кон корисниците на руската Википедија, која беше недостапна во знак на протест.

Сите вие кои сте членови на македонската Википедија, можете да ја изразите својата солидарност кон корисниците на руската Википедија на следниот линк:

http://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Солидарност_со_штрајкот_на_корисниците_на_Википедија_на_руски_јазик

А на Русите останува да соберат храброст и да организираат масовни протести и демонстрации против ваквиот идиотизам од закон за цензурирање на Интернетот во Русија, со цел истиот никогаш да не стапи на сила, а официјално истиот треба да стапи на сила во ноември 2012.

http://kajgana.com/rusija-go-usvoi-kontroverzniot-zakon-za-cenzura-na-internet

Русија го усвои контроверзниот закон за цензура на Интернет

12 јули 2012

Текст: Б.С.Б

Руската Дума денес го усвои законот кој овозможува цензура на Интернет, чекор за кој опозицијата тврди дека ќе им овозможи на властите да ги укинат или блокираат интернет страниците кои не им се по ќеиф.



Во соопштението се наведува дека владејачкото мнозинство е согласно од нацрт законот да се исфрли формулацијата дека тој, меѓу останатото, служи за заштита на „штетните информации“.

Како што пренесува DPA, се очекува контроверзниот закон на сила да стапи во ноември оваа година.

Во знак на протест поради неговото усвојување, Wikipedia денес ја затвори својата страница на руски јазик.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.024
Поени од реакции
12.528
Како илинденска честитка за православните христијани, американскиот Сенат на 2 август 2012, со 46 гласа ЗА и 52 гласа ПРОТИВ, го отфрли озлогласениот закон CISPA, кого американската влада го преименува на 19 јули 2012 во Cybersecurity Act of 2012, со надеж дека ќе ги збуни противниците на предложениот закон.

Но без разлика дали како CISPA или како Cybersecurity Act of 2012, на 2 август 2012, американскиот Сенат го отфрли овој озлогласен закон кој се закануваше да им даде право на американските федерални агенции да доаѓаат до информации за корисниците на услугите и за купувачите на производите од областа на информатичката технологија, без притоа да им биде потребен судски налог.

Но опасноста од CISPA, односно од Cybersecurity Act of 2012 можеби сеуште не е во целост отстранета, бидејќи се шпекулира дека можеби американскиот претседател Барак Обама ќе го воведе законот преку употреба на своите службени овластувања, без било какво гласање во американскиот Конгрес и во американскиот Сенат, со писмена гаранција дека, се до крајот на неговиот прв претседателски мандат, кој завршува во јануари 2013, нема да ги искористи правата и овластувањата кои му следуваат од законот, но би можел да ги искористи во можниот втор претседателски мандат од јануари 2013 па понатаму, а истите тие претседателски права и овластувања би можеле да ги искористат идните претседатели на САД.

Останува надежта дека или Обама никогаш нема да го воведе CISPA, односно Cybersecurity Act of 2012, преку употреба на своите службени овластувања, или доколку воопшто го направи тоа, како што веќе има направено во минатото со слични контроверзни и озлогласени закони, би останала надежта дека отпорот на граѓаните на САД и незадоволството на американската јавност, би ја повлекле ваквата одлука на Обама.

Истовремено, не смееме да го игнорираме фактот дека 2012 е изборна година во САД, година кога треба да се избираат не само нов претседател на САД, туку и нови членови на американскиот Конгрес и на американскиот Сенат, поради што можно е ваквото отфрлување на CISPA, односно на Cybersecurity Act of 2012, да е предизборен трик на американските сенатори.

http://www.digitaltrends.com/web/senate-votes-against-cybersecurity-act-of-2012/

Senate kills Cybersecurity Act of 2012

August 2, 2012 By Andrew Couts



In a defeat for Senate Democrats and President Obama, the Senate voted against moving forward with cybersecurity legislation.

In a 52-46 vote, the Senate shut down the Cybersecurity Act of 2012, essentially blocking any chance at cybersecurity legislation passing this year, and maybe for years to come. The bill failed to gain the 60 votes needed to move the bill past cloture and go up for a full vote.

The unsurprising defeat of the Cybersecurity Act of 2012 (CSA2012), proposed by Sens. Joe Lieberman (I-CT) and Susan Collins (R-ME) is seen as a blow to President Obama, who expressed strong support for cybersecurity legislation that would have bolstered protections for critical infrastructure networks, like water supply systems and electrical grids, from attacks by rogue hackers and foreign nation states.

“This is one of those days when I fear for our country and I’m not proud of the United States Senate,” said Lieberman following the Senate vote. “We’ve got a crisis, and it’s one that we all acknowledge. It’s not just that there’s a theoretical or speculative threat of cyber attack against our country — it’s real.”

Despite strong support from Democrats and the White House, CSA2012 faced opposition from both business groups and privacy advocates, though their reasons for dissent differed. The U.S. Chamber of Commerce said the bill would have imposed debilitating pressures on businesses to establish cybersecurity measures. In contrast, civil liberty groups like Fight for the Future and the Electronic Frontier Foundation said the bill would have allowed businesses to spy on Web users, and expose that information to the U.S. government.

But not all civil liberty advocates saw Lieberman’s bill as a bad choice for Web users. In a statement following the blockage of CSA2012, the American Civil Liberties Union lamented the early death of the “improved cybersecurity bill,” which included protections against the passage of private information to military agencies, like the National Security Agency. The ACLU urged Members of Congress to make sure any future cybersecurity legislation includes similar users protections.

“Regardless of today’s vote, the issue of cybersecurity is far from dead,” said Michelle Richardson, ACLU legislative counsel. “When Congress inevitably picks up this issue again, the privacy amendments in this bill should remain the vanguard for any future bills. We’ll continue to work with Congress to make sure that the government’s cybersecurity efforts include privacy protections. Cybersecurity and our online privacy should not be a zero sum game.”

The blockage of CSA2012 does not necessarily mean the end of government-imposed security measures — something Republicans in both houses of Congress strongly oppose. Jim Lewis, director of technology and public policy at the Center for Strategic and International Studies, explained to The Hill on Thursday that President Obama could still order government agencies to establish certain cybersecurity standards.

“The executive order option has been off the table because people were waiting to see what would happen with legislation,” Lewis said. “But the president could direct agencies to use their existing authorities to require cybersecurity standards. He could do that right now.”

Updated with statement from the ACLU; updated with statement from Lieberman
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.024
Поени од реакции
12.528
http://on.net.mk/vesti/internet/od-internet-do-intranet

Од интернет до интранет

До знаење со само неколку клика со „глувчето“ беше визијата на слободен и достапен интернет, но сè почесто се слуша за забрани. Најмалку 40 влади ја цензурираат мрежата.



„Да, интернетот е загрозен. Најголем ризик е на тнр. безграничен интернет да се постават граници, какви што имаше во 20-от век. Така интернетот ќе стане интранет. Кина веќе го постави `интернет ѕидот` а Иран го има Халал-нет`“, изјавил Волфганг Клајнвехтер, професор за политика и регулација на интернетот од Универзитетот Архус, објавува Дојче веле.

Винстон Церф пак, кој го нарекуваат „татко на интернетот“ коментира дека слободниот интернет никогаш не бил толку жестоко нападнат како сега, и дека се крчка нова меѓународна битка, која што ќе ја одреди иднината на интернетот.

Според интернет активистите во 2002-ра само четири влади ја цензурирале мрежата, додека тоа сега го прават најмалку 40.

Известување на кое често налетуваат интернет корисници во Кина: Вашето видео е избришано
Причина: Непристојно е за објавување. Ве молиме повеќе да не ставате вакви видео записи.

Во Индија на пример по верските судири власта блокирала сајтови и кориснички акаунти на социјалните мрежи, за да се спречи ширење на гласини, во Виетнам блогери биле изведени пред суд, а во Етиопија (каде едвај 1% од населението има пристап до интернет) се филтрираат интернет страници, се блокираат врски и се контролираат е-мејлови, со образложение дека тоа е во име на националната безбедност.

Добра вест: Во Кина околу 10% од корисниците изнаоѓаат алтернативни патишта до слободната информација, како што се прокси сервери или шифрирани мрежи.

Според организацијата „Репортери без граници“ во светот оваа година се убиени 29 интернет активисти и новинари, а 127 се во затвор.

Ерик Кинг од Privacy International критикувал дека западните земји се тие кои профитираат од продажба на опрема за следење и регулирање на интернет содржини.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.024
Поени од реакции
12.528
Се подготвува Интернет цензура и во Македонија.

Добра вест: Интернет порталот и форумот на Кајгана не е на .mk домеин, па затоа би требало да бидат имуни на ваквото ѓубре од закон, кое допрва треба да се усвојува во македонскиот Парламент.

Лоша вест: На форумов има бајаги негативни критики не само кон државата и кон политичарите, туку и кон многумина други кои сигурно ќе најдат начин како да протуркаат измени во ваквото ѓубре од закон со кои ќе можат да бидат цензурирани и сајтовите кои не се на .mk домеинот.

Се ближи моментот кога и ние Македонците ќе мораме да излеземе на улица за да ги одбраниме слободата на говорот, на самоизразувањето и на самоопределувањето, како и Интернет приватноста.

http://it.com.mk/opasnost-od-tsenzura-vo-makedonija-preku-noviot-zakon-za-navreda-i-kleveta-predupreduva-metamorfozis/

Опасност од цензура во Македонија преку новиот Закон за навреда и клевета, предупредува Метаморфозис

Објавено на 28 сеп 2012, 13:16 од Виктор Дано

Деловите од Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кои се однесуваат на комуникација преку интернет може да доведат до целосно затворање за можностите за јавна дебата преку сајтови регистрирани во Македонија и преку поттикнување цензура го кршат Член 16 од Уставот на Република Македонија, пишува фондацијата Метаморфозис .



Фондацијата предупредува дека новиот предлог-закон, кој се наоѓа на прво читање во Собранието, содржи делови кои не се прецизно дефинирани како „провајдер на интернет услуги“, што може да се однесува од провајдер до веб сајтовите и форуми, па и мобилни апликации, и дека како таков терминот може да предизвика судијата, доколку се дојде до суд, да одлучи за кој дозволил навредлив коментар или клевети за трето лице.

Знаејќи дека за Веб е потребна поголема стручност во развирање на слободата на говор, кој споделува линкови и отворени платформи за комуницирање, вакви недевинирани термини можат да бидат лошо протолкувани и да наштетат на голем дел од сајтовите кои само со една поголема финансиска казна (според предлог-законот има казни до 27.000 евра) ќе бидат приморани да го изгасат својот сајт.

Ова е членот 11 кој се однесува на Интернет:

Одговорност на провајдерот на интернет-услуги
Член 11
(1) Провајдерот на интернет услуги превзема одговорност, заедно со авторот, за надоместување на штетата која произлегува од овозможување на пристап до навредливи или клеветнички информации.
(2) Провајдерот на интернет услуги не одговара за изнесена навреда или клевета како резултат на овозможување пристап до навредливи или клеветнички информации под услов доколу:

1. докаже дека авторот на информацијата објавена на веб порталот не дејствувал под директна или индиректна контрола или влијание од страна на провајдерот на интернет услугата, и
2. докаже дека не бил свесен ниту трeбал да биде свесен дека навредлив или клеветнички материјал е објавен на веб порталот, или, во рок од 24 часа откако станал свесен за навредливиот и клеветнички карактер на објавениот текст или информација, ги превзел сите технички и други мерки за отстранување на таквата информација. Барање за отстранување на информација може да поднесе и оштетеното лице.

Во суштина, законот бара веб сајтовите да бидат построги кон своите читатели кои оставаат коментари, иако како што наведува фондацијата Метаморфозис „со овој член сопствениците се ставаат во ситуација да мора да ја докажуваат дека биле невини, наместо оној кој ги тужи да треба да понуди докази за нивната вина односно зла намера“. Односно:

„Законов ќе ги обврзе порталите да цензурираат содржини објавени од нивните корисници по барање на „оштетеното лице“, не по судски налог врз основа на докажан и осуден прекршок. На пример, некој владин функционер може да биде навреден од изнесување докази за негова корупција. Ако провајдерот не може да докаже дека сторил сè да му го спаси угледот тогаш се соочува со иста одговорност за содржините како граѓанинот кој ги објавил.“

Фондацијата бара од пратениците на РМ да го одбијат законот во таква форма, и бара од граѓаните, медиумите и организациите активно да се вклучат во дискусијата и доведување на соодветен закон кој ќе ги спречи навредите и клеветите на Веб и по медиумите.

Дали се согласувате со Метаморфозис? Дали треба сопствениците на сајтовите да цензурираат, или пак слободното право на мислење, какво и да е, треба да се почитува?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Барем да бевме голема како Кина па на друго паметот да ни беше. Вака ем мали ем без информации *самоубиство*.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.730
Моментално се down
revolutiontt (еден од најпознатите приватни тракери)
the pirate bay (најпознатиот јавен тракер)
rlslog (страница што објавува scene releases)

кажете ми дека е коинциденција
 

Kajgana Shop

На врв Bottom