Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

I

Iblis

Гостин
Од што имам ептен многу торенти спуштено ми се чини дека ако го изгласат ова мене дирек ќе ме екстрадират во Гвантанамо :pos::pos:
Мене ќе ме дезинтегрираат,Marv the Martian style

--- надополнето: 15 февруари 2012 во 22:20 ---
Абе шо му се секирате толку многу СОПА ПИПА и остала екипа важат само и секаде каде што има КОМ домејни значи со овој закон само ќе им се овозможи на РИА и други правни Медиски и Компании за заштита на авторско право да почнат постапка на одреден сајт кој објавува содржини со кои се нарушува законски права под уставот на УСА.

Ако да речеме замунда е надвор од КОМ домејн односно има друг поддомејн Америте можат само да ми го пушат.........

Башка торентите и другите материјали можат така добро да се енкриптираат и на пример за 5 усд да членуваш во некоја група и да имаш материјали колку сакаш.Ем брзо ем убаво ем со мерак.

Тешко дека Американците ќе можат да се вратат на тронот Еве го освоија Ирак па сега и ова ли сакаат да ти се мешаат во бракот.

А вие одите им на ВОРК и травел и данок плаќајте им која брука......
ignorance is bliss , isn't it?
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Еве пуштете на ХРТ 1 ако имате, има дискусија на оваа тема.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
Абе шо му се секирате толку многу СОПА ПИПА и остала екипа важат само и секаде каде што има КОМ домејни значи со овој закон само ќе им се овозможи на РИА и други правни Медиски и Компании за заштита на авторско право да почнат постапка на одреден сајт кој објавува содржини со кои се нарушува законски права под уставот на УСА.

Ако да речеме замунда е надвор од КОМ домејн односно има друг поддомејн Америте можат само да ми го пушат.........

Башка торентите и другите материјали можат така добро да се енкриптираат и на пример за 5 усд да членуваш во некоја група и да имаш материјали колку сакаш.Ем брзо ем убаво ем со мерак.

Тешко дека Американците ќе можат да се вратат на тронот Еве го освоија Ирак па сега и ова ли сакаат да ти се мешаат во бракот.

А вие одите им на ВОРК и травел и данок плаќајте им која брука......
Точно, SOPA, PIPA и неодамна најавениот PCFIPA се предложени закони во американскиот Конгрес, со исклучок на PCFIPA кој сеуште не е доставен и предложен, и ќе важат само на територија на САД.

TPP ќе важи само за пацифичките држави кои ќе го потпишат и ратификуваат, односно за државите кои излегуваат на Тихиот Океан, Русија и Кина на пример, иако излегуваат на Тихиот Океан, сепак засега немаат изразено интерес за пристапување кон TPP.

Но ACTA е меѓународен договор за трговија кој веќе го имаат потпишано САД, Јапонија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Сингапур, речиси сите држави членки на ЕУ, со исклучок (барем засега) на Германија, Холандија, Словачка, Естонија и Кипар и ред други држави, за среќа Република Македонија, Русија и Кина засега немаат изразено интерес за пристапување кон ACTA.

Мексико и Швајцарија сеуште седат на преговарачка маса за пристапување кон ACTA, но за среќа, засега не го имаат потпишано и ратификувано истиот, но можеби ќе го потпишат и ратификуваат подоцна, не дај Боже.

Трагично е и тоа што иако Германија, Холандија, Словачка, Естонија и Кипар не го имаат потпишано ACTA, сепак со самото членство во ЕУ се обврзани да го ратификуваат истиот, а на истото ќе бидат обврзани и сите идни членки на ЕУ, почнувајќи од Хрватска која треба да стане полноправна членка на ЕУ во 2013, а и Република Македонија може да ја снајде истото, доколку воопшто стане полноправна членка на ЕУ, не дај Боже.

А со ACTA сите Интернет провајдери ќе бидат обврзани да ги набљудуваат, односно да ги шпионираат сопствените корисници 24/7, Интернет приватноста во целост ќе ја снема, а тоа не се однесува само на САД или само на .com Интернет домеините, се однесува и на приватни разговори преку Skype, Windows Live Messenger, Yahoo! Messenger и ред други видови на Интернет врски.

Исто така, со ACTA се криминализира пиратеријата, односно, пиратеријата станува криминално дело казниво со затворска казна.

Така да, имаме зошто да бидеме загрижени и зошто да ги охрабруваме нашите познаници, пријатели и роднини кои живеат во државите кои веќе го имаат потпишано ACTA или се заинтересирани за пристапување кон ACTA, да излезат на протести и да го дадат максимумот од себеси како знаат и умеат за да го спречат потпишувањето и ратификувањето на ACTA во нивните држави.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Добро и на крајот ќе се појави Интернет 2 и сите ќе работиме тајно хахаххаах

Ја знаеш онаа изрека волкот го менува крзното ама намерата му е иста.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
Добро и на крајот ќе се појави Интернет 2 и сите ќе работиме тајно хахаххаах

Ја знаеш онаа изрека волкот го менува крзното ама намерата му е иста.
Ама пиратеријата и понатаму ќе биде криминализирана, без разлика дали симнуваш преку Интернет или преку Интернет 2, а првичната цел на ACTA е укинување на Интернет приватноста, а најверојатно истото ќе важи и за Интернет 2 приватноста.

И за ADSL има ADSL и ADSL2 линии, но сепак и ADSL и ADSL2 корисниците ќе бидат шпионирани, истото ќе важи и со ACTA.

И The Pirate Bay ќе премине од торент фајлови кон магнетни линкови, и целиот веб сајт тежок 90 MB може да се симне и да се хостира преку USB меморија, но поентата не е во тоа да се бараат алтернативни решенија, туку да се спречат овие ѓубриња од предложени закони и меѓународни договори додека сеуште не излегла ситуацијата од контрола.

И за Хитлер кога дошол на власт во Германија во 1933 велеле дека ќе го истрпат, да, го трпеле 13 години и потоа си заминал, е сега дали го убиле, дали се самоубил или избегал е друга приказна, факт е тоа дека си заминал, но зад себеси ги оставил над 10 милиони истребени невини луѓе во Холокаустот, од кои над 6 милиони биле Евреи, плус 35 до 40 милиони војници и невини цивили.

Затоа денес треба барем 2 пати да размислиме пред да му ја дадеме власта на некој како Хитлер, за да не се соочиме со истите последици со кои се соочиле германците.

И затоа денес кога веќе можеме, не требаме, туку мораме да ги спречиме овие ѓубриња од предложени закони и меѓународни договори додека сеуште ја имаме моќта да го направиме тоа, бидејќи ако попуштиме пред овие ѓубриња од предложени закони и меѓународни договори, потоа ќе следуваат редици други попуштања, се додека на крајот не попуштиме пред самиот Интернет и одлучиме своеволно да се исклучиме од Интернетот за да си ја вратиме приватноста на сметка на откажувањето од сајбер просторот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
Како функционираат магнетните линкови?
Исто како обичните URL линкови.

Во програмот што го користиш за симнување на торенти би требало да ти даде опција за внесување на URL или magnet линк.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Исто како обичните URL линкови.

Во програмот што го користиш за симнување на торенти би требало да ти даде опција за внесување на URL или magnet линк.
Тогаш што е разликата помеѓу торент и магнетен линк и како едното е легално другото е нелегално?(според АКТА или и двете се нелегални според акта?)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
Тогаш што е разликата помеѓу торент и магнетен линк и како едното е легално другото е нелегално?(според АКТА или и двете се нелегални според акта?)
Не сум запознаен до толку, но бидејќи The Pirate Bay преминуваат кон магнетни линкови, најверојатно според сегашната законска регулатива, магнетните линкови се легални, а за ACTA без разлика дали се легални или не, самиот факт дека со ACTA Интернет провајдерите ќе бидат обврзани да ги набљудуваат, односно да ги шпионираат сопствените корисници, говори повеќе од доволно дека Интернет приватноста во целост ќе ја снема, а во такви околности ни магнетни линкови ни ништо нема да ја заштити твојата Интернет приватност.

Најверојатно бидејќи едно е да имаш линкови кои водат до пиратски содржини, а друго е да имаш подготвена врска за симнување на пиратски содржини, па затоа The Pirate Bay преминуваат кон магнетни линкови.

Торент фајлот е подготвена врска за симнување, го стартуваш и веднаш се поврзува со тракерот, односно со тракерите, додека URL линковите и магнетните линкови дополнително го превземаат торентот директно од самиот тракер, па дури потоа ја стартуваат врската за симнување, не сум толку запознаен со сета таа технологија, еднаш симнував преку магнетен линк и забележав дека беше значително бавен трансферот, но тогаш користев кабелски Интернет, па можеби затоа така беше тогаш.

Како и да е, како што веќе спомнав, поентата не е во тоа да се бараат алтернативни решенија доколку торент симнувањата бидат загрозени, туку поентата е во тоа да се спречат овие ѓубриња од предложени закони и меѓународни договори додека сеуште се во самиот зачеток, на овие ѓубриња мораат да им се исечат корењата додека сеуште не израснале.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
Не знам колку сте запознаени со овој веб сајт Ars Technica, јас лично ама воопшто не сум запознаен со истиот, но бидете сигурни дека ваквите негирања на негативните последици кои следуваат од ACTA ги имам прочитано на повеќе веб сајтови и не им верувам ама ни 0.01%.

Дури и да се вистинити негирањата на негативните последици кои следуваат од ACTA, сепак самиот факт дека станува збор за меѓународен договор за трговија, за кој е преговарано во целосна тајност надвор од Организацијата на Обединетите Нации и надвор од Светската Трговска Организација, говори повеќе од доволно дека овој меѓународен договор за трговија секоја држава ќе може слободно да го протолкува како сака и да постапува како сака во однос на истиот, едни држави ќе ги обврзат своите Интернет провајдери да ги набљудуваат, односно да ги шпионираат сопствените корисници, други држави ќе им предложат на своите Интернет провајдери да ги шпионираат сопствените корисници, а со малку политички притисок и инспекции, таквиот предлог ќе се претвори во обврска, така да, речиси и да нема некаква разлика помеѓу тоа дали државата ќе ги обврзува или ќе им предлага на своите Интернет провајдери да ги шпионираат сопствените корисници.

Треба да се земе во предвид фактот дека овој текст не е официјален став на Он.нет, барем засега, туку е само превод на официјалниот став на Ars Technica.

А што се однесува до мојот личен став за ACTA, истиот останува непроменет - ACTA е опасен меѓународен договор за трговија чија што цел е укинување на Интернет приватноста и единствено решение за ваквиот проблем е - целосно повлекување од ACTA на сите држави кои досега преговарале за пристапување или веќе го потпишале ACTA.

http://on.net.mk/vesti/internet/mitovi-i-zabludi-za-acta

Митови и заблуди за ACTA

Да се разбереме, ACTA е сериозно опасен документ, но дури и веб сајтот Ars Technica (кој ја поттикна анти-SOPA кампањата), почувствува обврска да ги урне сите митови околу договорот, што почнаа да циркулираат по социјалните медиуми.
Не, не станува збор за никакви митови и заблуди, станува збор за сурова вистина која може да стане пеколна реалност доколку ACTA биде ратификуван од страна на САД и државите членки на ЕУ, а потоа и од страна на останатите држави, вклучувајќи ја и Република Македонија.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Тогаш што е разликата помеѓу торент и магнетен линк и како едното е легално другото е нелегално?(според АКТА или и двете се нелегални според акта?)
Не е легално ниту едното ниту другото, разликата помеѓу магнетен и торент линк е тоа што кај магнетните линкови нема никакви зачувано податоци на веб серверите (со тоа и неможат да ги обвинат за пиратерија), меѓутоа самиот процес на симнување фајлови со вакви мангетни линкови ќе се одвива поспоро (споредено со торентите).
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Утрово симнував преку магнет линкови не осетив некоа разлика, симнуваше со мегабајт.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Тогаш што е разликата помеѓу торент и магнетен линк и како едното е легално другото е нелегално?(според АКТА или и двете се нелегални според акта?)
Ни ја не сум ептен запознаен, но едно е сигурно: ни торентите, ни магнетите, ни рапидшер законски не се нелегални, т.е. се сосема легални технологии како и xvid, h264 и што и да ни падне на памет. Проблемот е за што се користат, т.е. содржината. Има торент сајтови кои држат строго легални торенти, на пример www.legittorrents.info (ова така од гугл ми дојде.). Значи Линукс на пример доколку си симнал од демоноид или незнам каде тоа е 100% легално.

Е сега за магнетите треба да се прочита што и како, сум користел и мислам дека самото превземање на фајлот е малку побавно ама колкав е торент фајлот, 100КБ? Значи ништо. Откако го имаме после се е исто како да е симнат од сајт. Значи, најс.
 

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Online Copyright: EU Court of Justice rules out private and automatic censorship
http://www.laquadrature.net/node/5312

Paris, February 16th, 2012 – The European Court of Justice rendered another decision in defence of freedoms online. In the SABAM vs. Netlog case, it declares that forcing a hosting service to monitor and filter online content violates EU law. This is a crucial and timely ruling, just when initiatives such as ACTA and the revision of the IPRED directive aim to generalise private and automatic online censorship to enforce an outdated copyright regime.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom