Целата Вистина за бог

Н

нихилист

Гостин
Штом ти се лоши од бладања за љубов и човекова енергија, тогаш сигурно не ти се лоши од бладања за зло, за криминал, за акциони филмови, за кантер страјк, за авганистан, за богати милјардери. Е тоа се веќе интересни работи што треба да се слушнат и треба да се вложи напор да се постигне или креира нешто такво?
Кантер страјк барем ми беше интересна за тепање време како помлад, истото е со акционите филмови. Ова твоево за вечна љубов е досадно и детско. Тоа кажано, јас лично не познавам возрасни луѓе кои сеуште ја застапуваат оваа 'теза'. Колку години имаш?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
па според логиката од Твојава лукавштина, ќе испадне дека Павле сам себе се ракоположил..
Не, туку дека Господ го ракоположил. Павле јасно вели дека тој самиот на себе не си го дал апостолството, ниту дека некој друг човек му го дал, туку дека Господ лично му го дал:

„Павле - апостол, испратен не од луѓе, ниту преку посредство на човек, туку преку Исус Христос и Бог Таткото“ (Галатјаните 1:1, Библијата)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако сте додале тоа е ваш проблем. Исус јасно предупредува:
„Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга.“ (Исус Христос, 22:18, Библијата)
.
На жалост, опет криво.
Забраната за промени во Светото Писмо, како што е наведениот стих, се однесува само на книгата на која и припаѓа стихот, а не на целото Свето Писмо.
--- надополнето: Aug 9, 2011 2:51 PM ---
Не, туку дека Господ го ракоположил. )
Хммм, ова, никад не би ми паднало на памет....:icon_lol:. Е сеа, уште да напишеш на кој начин Христос го ракоположи Павлета...:icon_lol:
--- надополнето: Aug 9, 2011 2:53 PM ---
Поткрепени се. Одмори малку од житијата, прочитај ја Библијата и ќе се увериш.
Каде е запишано во Библијата дека таа (Библијата) е доволна за влез во Рајот?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Факт е дека институционализираната самонаречена „црква“ го држела во мрак народот околу 1000 години (Dark Age), но исто така непобитен факт е дека протестантската реформација ги скршила прангите на тиранинот (институционализираната самонаречената „црква“) и токму таа го ослобоила народот од неа, создавајќи религиозна слобода, слобода во писменоста слободата на мислата, творештвото, науката, книжевноста, образованието, националните јазици и култири, демократијата итн.
A mislis deka Luther,Knox,Calvin ili Jan Hus se vo rajot?
Zarem seriozno tvrdis deka tie lica bile od Boga?
I pokraj nivnite grevovi i raskol so koj ja raznisaa verata vo crkvata koja trae uste od apostolot Petar?
Go izednacuvas Petar koj bese so Nego so nekakvi germanski i skotski bogohulnici?

Демек протестантската црква не е самонаречена. Зарем Светиот Дух дојде во 16 век да ја формира вашата црква. Та нели вие се повикувавте на сола скриптура, епа тогаш јасно е кога е создадена Црквата, и единствената самопрогласена црква е вашата. Патем што мислиш е повистинито - создадената Црква од Исус и Светиот Дух на Педесетница, или вашата реформирана создадена од Мартин Лутер и другарите во 16 век?
--- надополнето: Aug 9, 2011 11:43 AM ---

Место одговор, несакајки ти стиснав и еден лајк. Да не помислиш дека навистина ми се допаѓа она што го напиша.

А велиш без религијата народот немало да се дели? Та зарем ти не беше сатанист? Зарем ти не се делиш од другите?
Pokaj se, za da ne ti bide ova staveno na vagata na sudniot den.
Lajk za sledbenik na lukaviot e isto kako lajk za lukaviot...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Кантер страјк барем ми беше интересна за тепање време како помлад, истото е со акционите филмови. Ова твоево за вечна љубов е досадно и детско. Тоа кажано, јас лично не познавам возрасни луѓе кои сеуште ја застапуваат оваа 'теза'. Колку години имаш?
Имам 23, и многу добро те разбирам зошто тоа ти е детско. За мене тоа значи исто како да си кажал дека тоа е чисто и искрено, бидејки децата немаат никакви предрасуди, немаат толку информации во главата и туѓи мислења, наметнати од другите. Децата размислуваат поприродно по своеумно него возрасните. Почисто размислуваат, и како растат тие учат толку многу глупости од родителите и школото, што нормално и потоа се претвораат во нешто што не се, туку нешто што некој друг им кажал дека треба да бидат. Нашите мисли не се наши, тоа се мисли на многу луѓе, наставници, родители, телевизиски емисии, филмови и мно други мислења. Значи тоа не се наши мислења, наша е само комбинаториката на составување на сите мислења кои другите ти ги пренесле на тебе, во едно мислење.
Цело време зборам дека треба да се ослободиме од целото срање од информации во нашата глава, од туѓи мислења и предрасуди, религии, традиции и обичаи, кои влијаеле врз нас и да бидеме чисти исто како малите дечиња, за да дозволиме на нашите длабоки чувства да излезат на виделина, да се препознаеме што сме ние и што сакаме, а не што другите сакаат ние да направиме и дали на нив би им се допаднало тоа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Имам 23, и многу добро те разбирам зошто тоа ти е детско. За мене тоа значи исто како да си кажал дека тоа е чисто и искрено, бидејки децата немаат никакви предрасуди, немаат толку информации во главата и туѓи мислења, наметнати од другите. Децата размислуваат поприродно по своеумно него возрасните. Почисто размислуваат, и како растат тие учат толку многу глупости од родителите и школото, што нормално и потоа се претвораат во нешто што не се, туку нешто што некој друг им кажал дека треба да бидат. Нашите мисли не се наши, тоа се мисли на многу луѓе, наставници, родители, телевизиски емисии, филмови и мно други мислења. Значи тоа не се наши мислења, наша е само комбинаториката на составување на сите мислења кои другите ти ги пренесле на тебе, во едно мислење.
Се ти е тоа љубав...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Забраната за промени во Светото Писмо, како што е наведениот стих, се однесува само на книгата на која и припаѓа стихот, а не на целото Свето Писмо.
А случајно ли е Откровението последна книга (задна корица) во Библијата? Случајно ли во неа е запишан епилогот на Божјиот план за Земјата и човештвото? Зарем Откровението ја затвара приказната започната во Битието?
По истата оваа логика одат и другите еретици кои што си измислуваат свои „свети книги“ и ги надоврзуваат на Библијата. Но не случајно Бог ставил и задна корица во Библијата, затоа што знаел дека ѓаволот ќе се обиде да наметне и други човечки преданија врз Светото Писмо. Денес во католичката и православните цркви Светото Писмо е засенето од нивните човечки преданија. Повелете прочитајте еден класичен православен напис и ќе видите како тој изобилува со цитати од црковни „отци“ (Јован Златоус, Василиј Велики, Кипријан, Палама, Григориј Ниски, Симеон итн) и тук таму по некое стихчи од Библијата колку да се рече дека текстот е библиски

Каде е запишано во Библијата дека таа (Библијата) е доволна за влез во Рајот?
„И многу други чуда направи Исус пред учениците, кои не се запишани во книгава; а овие се запишани, за да верувате дека Исус е Христос, Божји Син, и верувајќи да имате живот во Негово име.“ (ев. Јован 20:31, Библијата)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А случајно ли е Откровението последна книга (задна корица) во Библијата? Случајно ли во неа е запишан епилогот на Божјиот план за Земјата и човештвото? Зарем Откровението ја затвара приказната започната во Битието?
Воа са прашања во стилот „а ла Тома Аквински„. Барав одговори, а не прашања...:icon_lol:
Патем, стихот кој забранува промени, се однесува само на Откровението, а не и на целото Писмо!
--- надополнето: Aug 9, 2011 3:09 PM ---
Повелете прочитајте еден класичен православен напис и ќе видите како тој изобилува со цитати од црковни „отци“ (Јован Златоус, Василиј Велики, Кипријан, Палама, Григориј Ниски, Симеон итн) и тук таму по некое стихчи од Библијата колку да се рече дека текстот е библиски
(ев. Јован 20:31, Библијата)
Светие Оци цитираат библиски стихови, за да покажат дека се потпираат и на Светото Писмо, а не, како велиш, колку да се рече дека цитирале стихови од Писмото.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Spasot e vo pokajanieto i vo eden golem lajk za katolickata vera, vecna, vistinska i apostolska...
Како можеш да кажеш дека нешто е вистинито, кога не знаеш со сигурност дека тоа е вистинито туку само веруваш дека е вистинито, бидејки некој друг ти кажал дека е вистинито?
И јас можам да верувам дека утре ке врне ама дали стварно ке врне, ке знам утре.
 
Н

нихилист

Гостин
За мене тоа значи исто како да си кажал дека тоа е чисто и искрено, бидејки децата немаат никакви предрасуди, немаат толку информации во главата и туѓи мислења, наметнати од другите.
Кажувам дека е детско зошто е пред се наивно и отсечено од реалноста, а не се сомневам дека си искрен и навистина веруваш во тоа што проповедаш.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Како можеш да кажеш дека нешто е вистинито, кога не знаеш со сигурност дека тоа е вистинито туку само веруваш дека е вистинито, бидејки некој друг ти кажал дека е вистинито?
И јас можам да верувам дека утре ке врне ама дали стварно ке врне, ке знам утре.
:pos:

Како ди ти кажам, се заебава...

:icon_mrgr:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
„И многу други чуда направи Исус пред учениците, кои не се запишани во книгава; а овие се запишани, за да верувате дека Исус е Христос, Божји Син, и верувајќи да имате живот во Негово име.“ (ев. Јован 20:31, Библијата)
1. Каде се запишани чудата кои Он ги правел, а не се запишани во Писмото?
2. Категоријата „...имање живот во Негово име...„ ни оддалеку не асоцира на живот вечен! Не секој кој верува во Христа ќе влезе во Рајот, оти и демоните веруваат па дури и Го знаат Христа, ама ним пеколот им е загарантиран.

Ај, биди троа поубедлив и посочи, каде е запишано дека Библијата е доволна за влез во Рајот? Изразот „..книгава...„ не мора да се однесува на целото Свето Писмо, туку само на книгата од Новиот Завет, во која нештата се запишани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom