Целата Вистина за бог

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Молам? Зарем ова не е контра на сола скриптура?
Не воопшто. Ете каде било твоето недоразбирање: ти имаш погрешно разбирање за протестантскиот слоган „Sola Scriptura", веројатно наметнат од некои други православни апологети кои исто така немаат разбирање на истиот и се полни со предрасуди.
Во Библијата пишува дека Бог е љубов, но и Ошо го вели истото. Дали тоа што го вели Ошо е вистина? Се разбира дека да. Дали се што вели Ошо е вистина? Според христијанството не.
Во дневните весници можете да најдете и извештаи кои се вистинити и веродостојни (пр. текст за грабеж на некоја менуваница). Но тоа што е вистина, тоа воопшто не го прави тој текст и Боговдахновен и свет.
Евреите имале многу книги и списи паралелно со нивните свети книги (стариот завет), но тие правеле дебела разлика меѓу нив и светите книги. Тие не ги рамнеле нивните традиции со Божјиот збор, ниту тие им биле основа за нивните верувања и пракси.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ткн. „Апостолското преемство“ е католичко/православна измишљотина, а не христијанска и затоа јас нагласувам дека тоа е „според вашите канони“, а не според каноните на Христос.
Од кого го прими апостолското преемство апостол Павле? :)
Да а? А самиот Нов Завет и он ли е измишљотина? Оти не бевте вие протестантите кои ги канонизиравте книгите. Проверете си, може и нешто сме додале. Ете Лутер велеше дека Откровението, Посланијата на Јаков, Јован, и некои други не биле Божји збор.

А дали сола скриптура и сола фиде се поткрепени со цитат од Библијата? Ако не тогаш тие се протестантска измишљотина.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Со покајание, вера во Исус Христос и крштевање во Името на Таткото, Синот и Светиот Дух.
Жив Ти све!
А добро бе, освен тоа што цело време си ласкате на самите себе, кој е тој кој ќе потврди дека, еве Ти на пример, си се покајал? Треба да Ти верувам на „жими мајка„ дека навистина си се покајал, така?

И кој е тој кој Ве крштева и со чија и каква моќ и власт?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Тројца се расправаат чија црква е боЉа, а други двајца одстрана бладаат за љубов и енергија. Овие вториве полоши од првите. :tapp:
А ти си од тие неутралните што немаат друга работа па какаат по форум?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Не воопшто. Ете каде било твоето недоразбирање: ти имаш погрешно разбирање за протестантскиот слоган „Sola Scriptura", веројатно наметнат од некои други православни апологети кои исто така немаат разбирање на истиот и се полни со предрасуди.
Во Библијата пишува дека Бог е љубов, но и Ошо го вели истото. Дали тоа што го вели Ошо е вистина? Се разбира дека да. Дали се што вели Ошо е вистина? Според христијанството не.
Во дневните весници можете да најдете и извештаи кои се вистинити и веродостојни (пр. текст за грабеж на некоја менуваница). Но тоа што е вистина, тоа воопшто не го прави тој текст и Боговдахновен и свет.
Евреите имале многу книги и списи паралелно со нивните свети книги (стариот завет), но тие правеле дебела разлика меѓу нив и светите книги. Тие не ги рамнеле нивните традиции со Божјиот збор, ниту тие им биле основа за нивните верувања и пракси.
Што е тогаш тоа што Јуда го цитирал. Некаква јудејска измислена приказка? Или некоја вистина, која останува вистина иако не е дел од Светото Писмо?
--- надополнето: Aug 9, 2011 2:32 PM ---

А како ти се допаѓа ова:
„Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Светиот Дух слезе на сите, кои го слушаа словото“ (Дела 10:44, Библијата)
„И кога почнав да зборувам, Светиот Дух слезе на нив, како и на нас во почетокот.“ (Дела 11:15, Библијата)
Како тоа овие го примиле Светиот Дух без да бидат ракоположени?
Ми допаѓа де, не велам „не„. Арно ама, стихот никаде не вели дека сите присутни ги стекнале и даровите од Духот Свет! Никој друг не полагаше раце за генерациско примање/пренесување на тие дарови, освен Апостолите! Светиот Дух слегува само на достојните!

По Твојава логика, ќе испадне дека Светиот Дух ракополага! Во случајов од стихот, јасно е дека Светиот Дух не ракоположил никого, туку Он самиот слегол врз присутните.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Секогаш кога не знаеш да одговориш наа прашање, или ќе треснеш некоја тротоарска глупост, или ќе поставиш џоамити котра прашање, се со цел лукаво да го избегнеш одговорот (кој предосеќаш дека е шах мат за твоите верувања).
Значи ќе повторам: Од кого го прими апостолското преемство апостол Павле? (може и некој друг православец да одговори пошо MIKI1 очигледно зариба)
)
Де, де, пак си ласкаш. Намерно Ти возвратив со Твоја финта, за да посочам дека поствуваш лукаво прашање, па затоа и напишав: а кој го ракоположи Св. Ап Петар. Повеќе е од јасно дека Св. Ап. Павле не примил од никого Апостолско преемство, отиј Павле и самиот е Апостол, па според логиката од Твојава лукавштина, ќе испадне дека Павле сам себе се ракоположил...:icon_lol:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Со покајание, вера во Исус Христос и крштевање во Името на Таткото, Синот и Светиот Дух.

„А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух. Зашто, ова ветување е за вас, и за вашите деца, и за сите далечни, колку што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.”“ (Дела 2:39, Библијата)
А еве моето решение е подобро. Наместо сите да веруваме дека исус е стварно она што тврдел дека е, и ако е жив и бессмртен, нека се симне овдека меѓу нас смртниците, и ние нема да имаме потреба да веруваме дека тој е тоа, туку ке бидеме сигурни дека е тоа што кажува дека е, и нема да има потреба од медијатори (попови) кои ке не водат до неговото даааалечно царство. + ке си ги скратиме трошоците за оставање пари на икони и купување на свеќи. Нека живее меѓу нас во материјална форма и сите проблеми ке ги снема, бидејки тој се ке ни разјасни, и ке ни покаже како навистина да се сакаме. Ама не, тој само си седи горе, гледа и ништо не прави, си чека да се испотепаме ние луѓето. На крај самиот себеси ке се утепа пошто нема кој да верува во него, сите верници умреле, од нуклеарки.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не станува збор за, како што ти ги нарекуваш, неважни, безвезни учења и записи на апостолите. Но тоа не значи дека биле Боговдахновени, затоа што ако биле Боговдахновени ќе влегле и тие во канонот на Светото Писмо - кое е свето баш заради тоа што е составено од Боговдахновени писма.
А-ха...
Значи, Св. Ап. Павле. пишувал „небоговдахновени„ писма до тогашните Цркви, така? Колку да има шо да праи во текот од денот. А што всушност пишувал Павле, а е „небоговдахновено„?

И кој одлучува што ќе биде а што нема да биде дел од Писмото?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да а? А самиот Нов Завет и он ли е измишљотина? Оти не бевте вие протестантите кои ги канонизиравте книгите.
Православните пак ич :) Господ е Тој што го канонизираше Неговиот збор, а христијаните од првиот век само ги препознаа Боговдахновените книги. На ниту еден концил не е изгласано тие и тие книги да бидат свети. Вистина е дека на некои локални места се спорела вдахновеноста на одредена света книга, но генерално 39те книги од стариот завет и 27те книги од новиот завет биле широко прифатени од мнозинството христијански цркви тогаш.

Проверете си, може и нешто сме додале.
Ако сте додале тоа е ваш проблем. Исус јасно предупредува:
„Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга.“ (Исус Христос, 22:18, Библијата)

Ете Лутер велеше дека Откровението, Посланијата на Јаков, Јован, и некои други не биле Божји збор.
Жал ми е што така велел твојот Лутер. Тоа се само неколку од неговите кривоверства :)

А дали сола скриптура и сола фиде се поткрепени со цитат од Библијата? Ако не тогаш тие се протестантска измишљотина.
Поткрепени се. Одмори малку од житијата, прочитај ја Библијата и ќе се увериш.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Далеку од неутрален, ама кога ќе прочитам бладања за љубов и енергија ми се лоши...
Штом ти се лоши од бладања за љубов и човекова енергија, тогаш сигурно не ти се лоши од бладања за зло, за криминал, за акциони филмови, за кантер страјк, за авганистан, за богати милјардери. Е тоа се веќе интересни работи што треба да се слушнат и треба да се вложи напор да се постигне или креира нешто такво?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ова е форум, а намената на форумот е да се дискутира и критикува. Јас негледам проблем тука....кога би одел по улица и би плукал по убедувањата на другите тогаш да - би било чудно, глупо, и смешно.
Ако сметав дека треба да олабавам, ќе олабавев, но не сметам дека тоа е случај.
П.С. Аврам не го убил синот, во последен момент кога му го ставил ножот под грло, бог го спречил....нешто као у смисла абе се зезав немора да го колеш.
Ма сигурно, само ти шибај. Форум е ова. А дали гледаш проблем во твоето плукање или не, е исто така предмет на дискусија. ;) Да, така е -- Араам бил спремен да го убие Исаак. Бог ја искушувал неговата вера.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom