Хуманоста и донирањето

Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Хуманизмот и донирањето немаат никаква врска.
Ако немам пари и поради тоа не дадам на некој просјак тоа не значи дека не сум хуманист. И ако дадам на просјакот, зарем ќе станам хуманист?
Хуманистот се одликува со следниве особини;
- Смета дека секој Човек е неверојатна и неповторлива творба на природата и како таков сазлужува секаква почит.
- Смета дека Човештвото е еден голем организам и дека секој човек е дел од тој организам
- Смета дека секој друг Човек, е еднаков на него, дека му е пријател и брат и дека меѓу припадниците на Човечкиот род треба да владее братска врска
има и други особини, моментално не ми текнуваат... нека другите ме надоплнат...
Homo sum, humani nihil a me alienum puto
Како може едно со друго да нема врска, кога само хуман човек донира?

Зарем не беше хуман човек оној што прави добри дела и што помага на оние што им треба помош?
--- надополнето: 18 јули 2012 во 20:39 ---
Пари донирам речиси секогаш кога сум во можност, т.е кога има хуманитарни акции ( дури еднаш ние " јазично уметничко подрачје " што бевме, си организиравме акција и собравме околу 3.800 ден. ) кои подоцна ги дадовме пола на едно семејство ( купивме зејтин, брашно, и сл ) а со другата половина купивме пакетчиња за нова година на децата со специјални потреби :) ..

на крводарителските акции сум редовна на секои 4 месеци, нели така е правилото за девојчињата :) 5 пати до сега имам дадено, и секако ќе продолжам ..

хуманоста немора да значи дека си хуман ако даваш пари бидејќи мораш, туку од срце го правиш тоа .. најголем хуманист кај нас го сметав Тоше ..
Баш убаво... Убаво е кога има вакви луѓе.

Како го најдовте тоа семејство? Имаше не тв дека им е потребна помош или на некој друг начин дознавте?

Така е, Тоше беше холем хуманист за кој се повеќе и повеќе дознаваме после неговата смрт. Секоја чест на таков човек, секоја чест на луѓето што помагаат и не себично се даваат во таквите работи и сето тоа го прават од срце и со љубов.
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Хуманизмот и донирањето немаат никаква врска.
Ако немам пари и поради тоа не дадам на некој просјак тоа не значи дека не сум хуманист. И ако дадам на просјакот, зарем ќе станам хуманист?
Хуманистот се одликува со следниве особини;
- Смета дека секој Човек е неверојатна и неповторлива творба на природата и како таков сазлужува секаква почит.
- Смета дека Човештвото е еден голем организам и дека секој човек е дел од тој организам
- Смета дека секој друг Човек, е еднаков на него, дека му е пријател и брат и дека меѓу припадниците на Човечкиот род треба да владее братска врска
има и други особини, моментално не ми текнуваат... нека другите ме надоплнат...
Homo sum, humani nihil a me alienum puto
поготово Хуманизмот нема..
па тоа е период во историјата алоо ! :cautious:

и да донирам најчесто сатри алишта, здрави и чисти ги давам во црвен крст или некоја фамилија која им треба за децата..
и вртам чат пат на тие броевите што се за донирање по 100 денари или колку таму :)
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Не донирам. Сум кажал и порано, на луѓето не им треба еднократна парична помош. Тоа не го решава проблемот. Едино што со тоа постигнуваш е да направиш да се чувствуваш подобро.
Ако сакаш да помогнеш, потребни се системски решенија. Како што кажуваше старата поговорка, дај му на човек риба и си го најал за еден ден, научи го да лови риби си го најал за цел живот. Така се решава проблемот на сиромаштијата, не со давање 100 денари. Слично и со донирање за болни - потребно е трајно решение, а не ад хок ќе собираме пари, па кој ќе има среќа ќе преживее, кој не нема.

На сиромашните не им треба милост, им треба шанса да застанат на свои нозе.
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Како може едно со друго да нема врска, кога само хуман човек донира?

Зарем не беше хуман човек оној што прави добри дела и што помага на оние што им треба помош?
--- надополнето: 18 јули 2012 во 20:39 ---

Баш убаво... Убаво е кога има вакви луѓе.

Како го најдовте тоа семејство? Имаше не тв дека им е потребна помош или на некој друг начин дознавте?

Така е, Тоше беше холем хуманист за кој се повеќе и повеќе дознаваме после неговата смрт. Секоја чест на таков човек, секоја чест на луѓето што помагаат и не себично се даваат во таквите работи и сето тоа го прават од срце и со љубов.
Појдовме до центарот за социјални работи ( социјалното на нашки :P ) и прашавме на кое семејство у моменто му треба било каква помош .. они не упатија до една жена шо има мало дете, невработена, и се грижи за инвалид во едно село близу до Виница, и ние отидовме :)

никогаш нема да го заборавам погледо на жената кога не виде нас .. :)
 
H

HITCH

Гостин
Хуманост е човечност! И хуманоста нема врска со донирање. Што е човечност и како можеш да помогнеш? Се` што ќе направите за да ви биде убаво на вас и на другите е помош. Најважно од се` е: Биди присебен! Понекогаш најголема помош е да му се тргнеш на човек од патот, ако не можеш да му помогнеш. Во оваа држава има многу луѓе кои одмагаат наместо да помогнат, се` едно дали е од немуакет или пак со ниет. Не значи дека ако им дадеш храна на дечињата кои просат дека си направил добро дело, напротив ги мотивираш за да продолжат или на оние луѓе кои просат на семафори само за да купат алкохол.

Се согласувам со Curious дека со еднократна помош не може ништо да се реши, но во ова време - невреме многу е тешко да им помогнеш на друг начин. Еднократната помош е многу важна кога се потребни финансии за лекување или за помош од опожарен дом, иако за второво може и друга материална помош. Кога треба леб на маса џабе е, никогаш не е доста. Трошоците за живот се високи за сите. Во оваа држава никоја работа која ќе ја направите, никоја помош која ќе ја пружите, не е на одмет. Кој колку може - толку. Важно е да е од срце. Понекогаш и муабетот е многу голема помош.

Немојте да ме сфатите погрешно, но мене не ми се допаѓа прашањето: како помагате? Нема секој услови и можности за да помогне! Воведот во темава е многу лошо формулиран.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Како може едно со друго да нема врска, кога само хуман човек донира?
Зарем не беше хуман човек оној што прави добри дела и што помага на оние што им треба помош?
Не да донираш, туку да направиш се што можеш да да тој биде третиран во се еднаков на тебе.
Еве ти пример: Директорот на ЈП Градски паркинг, од парите на ЈП купил машина за перење и ја подарил на некоја, мислам, градинка. Истиот тој директор, на граѓаните од Центар наплатува за паркирање 200 денари месечно, а на граѓаните од Драчево, Ѓорче, Бутел, 50 денари на саат и ги казнува со лисици и пајаци ако не му платат, само затоа што живееле во Драчево, Ѓорче, Бутел.....
И ти, тој директор ќе го наречеш хуманист, затоа што од парите што ги украл купил една машина?
За таков тешко е да се каже дека е човек....
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.732
Поени од реакции
4.483

Јас викам друже политичари се нека крадат ама барем трошка осет да имаа.Је*бига човек кој стигнал на таква позиција тешко дека е хуманист.
Не можеш да стигнеш до врвот без да прегазиш некого кон патот до успехот.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.971
Поени од реакции
24.296
Не донирам. Сум кажал и порано, на луѓето не им треба еднократна парична помош. Тоа не го решава проблемот. Едино што со тоа постигнуваш е да направиш да се чувствуваш подобро.
Ако сакаш да помогнеш, потребни се системски решенија. Како што кажуваше старата поговорка, дај му на човек риба и си го најал за еден ден, научи го да лови риби си го најал за цел живот. Така се решава проблемот на сиромаштијата, не со давање 100 денари. Слично и со донирање за болни - потребно е трајно решение, а не ад хок ќе собираме пари, па кој ќе има среќа ќе преживее, кој не нема.

На сиромашните не им треба милост, им треба шанса да застанат на свои нозе.
Не е така нарочито не за болните. Во отсуство на систематско решение односно како и во секоја нормална земја да се собереме и да го обесиме Тодоров на некоја бандера послужувајќи му се со носот како ченѓел донациите се единствениот начин да им се помогне на некои луѓе. 20 000+ луѓе има на фејсбук страната на донации https://www.facebook.com/donacii која е можам да кажам една од најактивните страни од овој тип. Сите тие да се јават еднаш на телефон тоа се над 30 000 евра. Уште еден пријател и член од фамилијата да замолат да се јави тоа се 90 000. Не дај Боже на твоја врата да дојде такво нешто а ниту еден од фамилијата да не ти е вработен, или вработен а непријавен ќе кажеш ли и тогаш-Не ми треба ничија помош, потребно е систематско решение а не да донирате за мене? Мислиш дека болестта чека систематски решенија и ти го одбива времето што си го поминал во бирократски процедури? А ти ако сакаш не донирај и понатаму тоа е твој личен избор и никој не те тера на сила.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не донирам. Сум кажал и порано, на луѓето не им треба еднократна парична помош. Тоа не го решава проблемот. Едино што со тоа постигнуваш е да направиш да се чувствуваш подобро.
Ако сакаш да помогнеш, потребни се системски решенија. Како што кажуваше старата поговорка, дај му на човек риба и си го најал за еден ден, научи го да лови риби си го најал за цел живот. Така се решава проблемот на сиромаштијата, не со давање 100 денари. Слично и со донирање за болни - потребно е трајно решение, а не ад хок ќе собираме пари, па кој ќе има среќа ќе преживее, кој не нема.

На сиромашните не им треба милост, им треба шанса да застанат на свои нозе.
Еве вака ќе ти одговорам на твојот пост, пошто правам и размислувам многу спротивно од тебе.

Донирам! Кога можам, колку можам. Пошто живеам во вукојебина во која пет пари не се дава за човеково достоинство и здравје, гледам да им помогнам на луѓе кои имаат проблем и заедно да го решиме пошто не постои такво нешто како системско решение барем кај нас. 100 денари ги гледам како капка која на гладно дете му го купува лебот за два дена. Еве нека седне некое детенце карши тебе кое умира од глад и ти објасни му дека системот ќе му го реши проблемот и дека е подобро да научи да лови риба отколку ти да му помогнеш. Ако умре во меѓувреме, шо го вртам, не научило да лови м?

Мислам како бе така да не се донира за болни луѓе? Она дечињана од две години што умираат треба да чекаат помош од непостоечки систем? Очигледно, нити имаш потреба од туѓа милост, нити си имал болен во семејство. Не дај Боже да имаш ниедна од овие потреби, оти ќе видиш дека ставот кој го имаш е комплетно непрактичен за луѓе во неволја.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Sussaro и RocknRolaa
Викате непрактично е, на луѓето им треба помош сега. Одма! Сега или никогаш!
Како да се работи за некоја криза. Но не се работи за криза. Ние како општество имаме хроничен проблем. И после овие луѓе на кои ќе им помогнеме ќе дојдат нови, други и после пак и пак.
Пробај да го сватиш ова: не можеш да ги спасиш сите. Јас сум сигурен дека ако сите што донираат пари и време и што се не друго, ги фокусираат своите напори и ресурси кон наоѓање трајно решение далеку повеќе луѓе би биле спасени.
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ние како општество имаме хроничен проблем. И после овие луѓе на кои ќе им помогнеме ќе дојдат нови, други и после пак и пак.
Ова е главниот проблем. Прво имаме ѓоамити социјално здравство кое треба да ги покрива сите и е платено од придонеси и даноци. Очигледно ваквиот систем воопшто не функционира и секој ден имаме огласи за спасување на дечиња што ќе приумрат ако не се донираат пари. Луѓето вртат телефони, донираат, добар дел од парите одат на телекомите и даноци, а по некој денар капе кај кутрите луѓе што бараат помош. Краен резултат: иљадници луѓе потрошиле многу време, пари и нерви за да постигнат минимален ефект, а луѓето на кои им требаат пари за лекување претрпеле голгота да добијат некоја мала пара. Не само што ова не го решава системскиот проблем, туку упорно го одлага решавањето на проблемот со тоа што спречува луѓето да се организираат и навистина да побараат промена на системот на здравствено осигурување. Краен добитник -- владата: ем не мора ништо да работи, ем може Ламбе (или кој и да е сега на негово место) да си купи маус од 1000 евра, ем никој не прашува каде и како се трошат парите од фондот. Ништо чудно што животниот век 20 години постојано опаѓа и имаме најголема смртност на новороденчиња во Европа.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Се согласувам во целост со Кјуриоз и Бан Савле дека треба на државата да и биде приоритет здравството и дека државата недомаќински ги арчи нашите пари.
Од друга страна не мислам дека ако се престане со телефонско донирање, државата ќе се загрижи за болните и ќе почне фондот да им го покрива лечењето.
Наместо да се делат глупавите субвенции за земјоделци како на бели мечки би требало токму овде да се пренеменат тие пари, но овие се многу мало гласачко тело и непродуктивни за главучите.
Донирам од причина што знам колку им значи секоја донација на семејствата од болните кога веќе тоа им е и последна шанса покрај неспособната држава во која што живеат.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Sussaro и RocknRolaa
Викате непрактично е, на луѓето им треба помош сега. Одма! Сега или никогаш!
Како да се работи за некоја криза. Но не се работи за криза. Ние како општество имаме хроничен проблем. И после овие луѓе на кои ќе им помогнеме ќе дојдат нови, други и после пак и пак.
Пробај да го сватиш ова: не можеш да ги спасиш сите. Јас сум сигурен дека ако сите што донираат пари и време и што се не друго, ги фокусираат своите напори и ресурси кон наоѓање трајно решение далеку повеќе луѓе би биле спасени.
Очигледно размислуваме крајно различно. Не можам да седам настрана додека човек умира од глад, чекајќи системско решение од лопови и неписмени кое нема да го добијам. Кога човек бара помош јас не размислувам „системов нека му го реши проблемот“ туку си викам „човеков е гладен, овие не го есапат, дај ќе помогнам што можам“.

Во суштина супер би било кога би било возможно тоа системско решение кое го спомнуваш. Кога само би биле Канада, јас и ти не би го воделе разговоров нели? Но, ова е распад систем кој јас не верувам дека некогаш ќе се оправи, и пошто е оставено да си помагаме како единка на единка така и постапувам. Едно е што сакаме и што треба, друго е што во реалност се прави.

Или еве, објасни ми како ние овде да го добиеме конечно тоа системско решение, за помошта да не биде оставена на волјата на единката?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Не донирам. Сум кажал и порано, на луѓето не им треба еднократна парична помош. Тоа не го решава проблемот. Едино што со тоа постигнуваш е да направиш да се чувствуваш подобро.
Ако сакаш да помогнеш, потребни се системски решенија. Како што кажуваше старата поговорка, дај му на човек риба и си го најал за еден ден, научи го да лови риби си го најал за цел живот. Така се решава проблемот на сиромаштијата, не со давање 100 денари. Слично и со донирање за болни - потребно е трајно решение, а не ад хок ќе собираме пари, па кој ќе има среќа ќе преживее, кој не нема.

На сиромашните не им треба милост, им треба шанса да застанат на свои нозе.
Теоретски си во право, но во пракса не си. Како на болните не им е потребна еднократна парична помош? Прво разграничи ги работите. Да, потребно е такво решение, но во моментов го нема. Би кажал на некој болен "оди заработи си"? Живееме во таква држава во која твојата идеја е борба со ветерници. Не може да чекаме системско решение во нашиот систем. Лошо, да, но такви сме какви што сме, никогаш нема да направиме таква револуција. Трајно решение е неопходно, секако, но што до тогаш? Се бориш против системот така што не помагаш некому кому тие 100 денари живот му значат? Право поле за борба си избрал. (n)

Се согласувам во целост со Кјуриоз и Бан Савле дека треба на државата да и биде приоритет здравството и дека државата недомаќински ги арчи нашите пари.
Од друга страна не мислам дека ако се престане со телефонско донирање, државата ќе се загрижи за болните и ќе почне фондот да им го покрива лечењето.
Наместо да се делат глупавите субвенции за земјоделци како на бели мечки би требало токму овде да се пренеменат тие пари, но овие се многу мало гласачко тело и непродуктивни за главучите.
Донирам од причина што знам колку им значи секоја донација на семејствата од болните кога веќе тоа им е и последна шанса покрај неспособната држава во која што живеат.
Многу недостига кај нас, Србите имаат еден израз "сеци уши, крпи дупе", така излегува со ова за парите од субвенциите да се пренаменат. На секое поле имаме недостаток од пари, да не знае човек од кај да пресипе (освен од спомениците, тоа е универзално глупо и непотребно).
Секако, за жал, сега за сега сѐ што може да направиме е она "циганското", да помогнеме колку можеме сега и овде, а покрај тоа, секако, да се бориме за глобално решение на проблемот.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Те
Многу недостига кај нас, Србите имаат еден израз "сеци уши, крпи дупе", така излегува со ова за парите од субвенциите да се пренаменат. На секое поле имаме недостаток од пари, да не знае човек од кај да пресипе (освен од спомениците, тоа е универзално глупо и непотребно).
Секако, за жал, сега за сега сѐ што може да направиме е она "циганското", да помогнеме колку можеме сега и овде, а покрај тоа, секако, да се бориме за глобално решение на проблемот.
Не е баш така... Ти, јас, Ѓуро Шнајдерот, Аце Механичарот, Невзат од Лохална, Трајко од Сенокос, итн, итн плаќаме исто ДДВ, даноци, придонеси од кои се прави или треба да се прави во државата инфраструктура, подмират пензии, социјална помош, здравствено осигурување, школство, правен поредок и се што треба да функционира една нормална држава.
Од популистички причини државниот естаблишмент кој треба да направи прераспределба на сите наши заеднички пари одлучува да го награди Трајче од Сенокос со некој бонус наместо да се одлучи да ги искористи парите за здравствен фонд каде што сите граѓани на државата би имале бенефит, а не само одредена група како во случајот земјоделците.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom