Хуманоста и донирањето

Сум донирала за некои болни деца, за некои операции кога е било потребно..А многу често облаката која веќе не ја носам, мајка ми ќе ја даде или во црвен крст или на некои ѓупчиња...Исто така сум донирала и крв...Сакам да помагам на другите луѓе, не секој кој му е потребна помош, бидејќи можеби некој ден на мене ќе ми биде потребно и можеби ќе нема да сака никој да донира за мене..Затоа треба да се помага на секој!!Кој колку може, важно е што сакаш да помогнеш....
 
Донирам кога можам. Имам донирано преку монбилен неколкупати колку што можев тогаш, многу ми е течко кога ќе чујам млад човек кој т реба да иде на оперција а неговите родители продале се што имаат и пак не е доволно уфф срце ми се кине така.
Облека на неколку пати имам донирано.
 
да сум донирала и донирам :)

најчесто пари, а посебно облека на неколку месеци може да се каже донирам цели шкафови
 
Јас донирам преку оние СМС пораки сто идат по телевизија...
 
Донирам, кога можам. Вртам на телефони за помош на луѓе со здравствени проблеми, давам на изнемоштени луѓе, во цркви оставам по некој денар, итн
 
Не прочитав еден коментар на темата да каже некој не донирам.

Епа јас не донирам. Секој да си гледал за себе, да пробал да успее во животот, а не да чека да му се даде од друг. Единствено на еден циган што живее блиску до нас му оставам секој ден по 10 денари кога одам на школо, и толку. Ниту донирам, ниту имам план да донирам во иднина.
 
Да донирам, многу пати облека по црвени крстови, сиромашни фамилии и слично. Донирам и од мобилен за потребни средства за операции.

Баш донирав за Ива која боледува од редок рак, ти ебам болеста глупа.

http://www.saveiva.org/
 
Да донирам секогаш кога сум во можност и имам неколку пати досега донирано
 
Да донирам и имам донирано неколку пати до сега некогаш облека и кога има да донираш од мобилен за некого по 100денари тоа секогаш го правам
 
На улица кога ќе ми побара некој 10 ден давам, а овие донирања по телефон, ретко. Исто така облека многу сум давал
 
Донирам колку што можам. За крв, уште сум мала да донирам,а за овие телефонскиве линии што се за донации за некое болно дете кога ќе сум во можности донирам. Исто и алишта имам донирано во Црвен Крст...
за други луѓе што просат на улица или доаѓаат по врати да бараат пари не донирам баш поради причина што неколку пати ме имаат излажано, така да и некој што вистински би му биле потребни пари нема да му дадам баш заради таквите..
 
Што значи да се биде хуман?
-Како човекот е хуман?
-Кои се начините за да се биде хуман?

Колку донирате? Колку им помагате на луѓето?
Каде се може да се донира и да се помогне?

И ред дргуи прашања поврзани за хуманоста, кое верувам дека ќе се надополнуваме во темава.
 
Хуманизмот и донирањето немаат никаква врска.
Ако немам пари и поради тоа не дадам на некој просјак тоа не значи дека не сум хуманист. И ако дадам на просјакот, зарем ќе станам хуманист?
Хуманистот се одликува со следниве особини;
- Смета дека секој Човек е неверојатна и неповторлива творба на природата и како таков сазлужува секаква почит.
- Смета дека Човештвото е еден голем организам и дека секој човек е дел од тој организам
- Смета дека секој друг Човек, е еднаков на него, дека му е пријател и брат и дека меѓу припадниците на Човечкиот род треба да владее братска врска
има и други особини, моментално не ми текнуваат... нека другите ме надоплнат...
Homo sum, humani nihil a me alienum puto
 
Пари донирам речиси секогаш кога сум во можност, т.е кога има хуманитарни акции ( дури еднаш ние " јазично уметничко подрачје " што бевме, си организиравме акција и собравме околу 3.800 ден. ) кои подоцна ги дадовме пола на едно семејство ( купивме зејтин, брашно, и сл ) а со другата половина купивме пакетчиња за нова година на децата со специјални потреби :) ..

на крводарителските акции сум редовна на секои 4 месеци, нели така е правилото за девојчињата :) 5 пати до сега имам дадено, и секако ќе продолжам ..

хуманоста немора да значи дека си хуман ако даваш пари бидејќи мораш, туку од срце го правиш тоа .. најголем хуманист кај нас го сметав Тоше ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom