Хуманоста и донирањето

deko123456

Помош за малата Ева
Член од
2 февруари 2012
Мислења
19
Поени од реакции
19
Според мене најмногу донира обичниот човек,страдалник,оној кој осетил на своја кожа.Во нашиот случај големите,,хуманитарци,,оние на кои потајно се надевавме потфрлија,(најверојатно поради сезоната на годишните одмори).Големината на хуманоста не е само во давањето пари,сепак некогаш и утешниот збор има голема улога.Не дека го решава проблемот,ама подруго е кога ке знаеш дека некој сочувствува со твојата болка.
И ДА НЕ ЗАБОРАВАМ-Не се радувај ако ме видиш на дното...и змијата ползи,ама сите и се плашат;)
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Очигледно размислуваме крајно различно. Не можам да седам настрана додека човек умира од глад, чекајќи системско решение од лопови и неписмени кое нема да го добијам. Кога човек бара помош јас не размислувам „системов нека му го реши проблемот“ туку си викам „човеков е гладен, овие не го есапат, дај ќе помогнам што можам“.
Јас го разбирам тоа. И јас ги имам истите чувства.
Ама сакам да сфатиш дека тоа не е најефикасно решение на проблемот пред нас. Ако сакаме да спасиме максимум луѓе од глад, како што беше во примеров, наместо на поедници мора да мислиме на цели групи. Зошто ти ќе го спасиш тој што го гледаш, ама што е со 50 други што не ги гледаш? Што никој не ги видел?

Во суштина супер би било кога би било возможно тоа системско решение кое го спомнуваш. Кога само би биле Канада, јас и ти не би го воделе разговоров нели? Но, ова е распад систем кој јас не верувам дека некогаш ќе се оправи, и пошто е оставено да си помагаме како единка на единка така и постапувам. Едно е што сакаме и што треба, друго е што во реалност се прави.

Или еве, објасни ми како ние овде да го добиеме конечно тоа системско решение, за помошта да не биде оставена на волјата на единката?
Не сум толку паметен да ти кажам крајно, трајно решение. Да бев, ќе го кажев на сам старт. Но еве пример, сите тие средства што се даваат за сиромашни, комбинирај ги во еден фонд, потоа со тој фонд купи им земја на сиромашните што би можеле да ја обработуваат. Со тие твои пари ти им наоѓаш долгорочно решение за нивниот проблем, им даваш шанса да застанат на свои нозе, како што реков на почеток.

Теоретски си во право, но во пракса не си. Како на болните не им е потребна еднократна парична помош? Прво разграничи ги работите. Да, потребно е такво решение, но во моментов го нема. Би кажал на некој болен "оди заработи си"? Живееме во таква држава во која твојата идеја е борба со ветерници. Не може да чекаме системско решение во нашиот систем. Лошо, да, но такви сме какви што сме, никогаш нема да направиме таква револуција. Трајно решение е неопходно, секако, но што до тогаш? Се бориш против системот така што не помагаш некому кому тие 100 денари живот му значат? Право поле за борба си избрал. (n)
Значи ако го прочита добро мојот пост ќе видеше дека примарно зборев за сиромаштијата, а кога зборев за болните зборев за елементот на лотарија што е вклучен во сета таа работа. Или со други зборови: имаш 50 болни на кои им треба помош во еден даден временски интервал, имаш лимитиран буџет за донации. Што ќе правиш, ќе одбереш еден. И сите ќе одбереме еден. Најверојатно вкупните наши донации нема да бидат доволни за сите, така ќе имаш 5 што собрале доволно (и нешто више), 10 што за малку не собрале доволно и 35 што стигнале до пола и испод. Многу факинг ефикасно!
Ако бевме разумни ќе го платевме лекувањето за 20-мина.
И сега ќе речеш, како етички ќе го оправдаш тоа што бираш кои ќе живее а кој ќе умре. Па тој избор се прави и вака и така. И ако донираш пак бираш на кого ќе му донираш, а на кого нема.
Немаме доволно пари да ги спасиме сите. Барем да спасиме најмногу што можеме.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Јас го разбирам тоа. И јас ги имам истите чувства.
Ама сакам да сфатиш дека тоа не е најефикасно решение на проблемот пред нас. Ако сакаме да спасиме максимум луѓе од глад, како што беше во примеров, наместо на поедници мора да мислиме на цели групи. Зошто ти ќе го спасиш тој што го гледаш, ама што е со 50 други што не ги гледаш? Што никој не ги видел?


Не сум толку паметен да ти кажам крајно, трајно решение. Да бев, ќе го кажев на сам старт. Но еве пример, сите тие средства што се даваат за сиромашни, комбинирај ги во еден фонд, потоа со тој фонд купи им земја на сиромашните што би можеле да ја обработуваат. Со тие твои пари ти им наоѓаш долгорочно решение за нивниот проблем, им даваш шанса да застанат на свои нозе, како што реков на почеток.


Значи ако го прочита добро мојот пост ќе видеше дека примарно зборев за сиромаштијата, а кога зборев за болните зборев за елементот на лотарија што е вклучен во сета таа работа. Или со други зборови: имаш 50 болни на кои им треба помош во еден даден временски интервал, имаш лимитиран буџет за донации. Што ќе правиш, ќе одбереш еден. И сите ќе одбереме еден. Најверојатно вкупните наши донации нема да бидат доволни за сите, така ќе имаш 5 што собрале доволно (и нешто више), 10 што за малку не собрале доволно и 35 што стигнале до пола и испод. Многу факинг ефикасно!
Ако бевме разумни ќе го платевме лекувањето за 20-мина.
И сега ќе речеш, како етички ќе го оправдаш тоа што бираш кои ќе живее а кој ќе умре. Па тој избор се прави и вака и така. И ако донираш пак бираш на кого ќе му донираш, а на кого нема.
Немаме доволно пари да ги спасиме сите. Барем да спасиме најмногу што можеме.
За да дојде до тоа треба многу, ако не и премногу. Се сомневам дека некогаш тоа ќе биде направено, еднсотавно не функционираме така. А ти, јас и некој друг како поединец може да помогне, и подобро е да помогне и да се спаси тој едниот што го гледаме отколку да го гледаш а да не му помогнеш. А сам како поединец нема можности да можеш да ги спасиш сите... А убаво би било.
--- надополнето: 20 јули 2012 во 23:16 ---
Хуманост е човечност! И хуманоста нема врска со донирање. Што е човечност и како можеш да помогнеш? Се` што ќе направите за да ви биде убаво на вас и на другите е помош. Најважно од се` е: Биди присебен! Понекогаш најголема помош е да му се тргнеш на човек од патот, ако не можеш да му помогнеш. Во оваа држава има многу луѓе кои одмагаат наместо да помогнат, се` едно дали е од немуакет или пак со ниет. Не значи дека ако им дадеш храна на дечињата кои просат дека си направил добро дело, напротив ги мотивираш за да продолжат или на оние луѓе кои просат на семафори само за да купат алкохол.

Се согласувам со Curious дека со еднократна помош не може ништо да се реши, но во ова време - невреме многу е тешко да им помогнеш на друг начин. Еднократната помош е многу важна кога се потребни финансии за лекување или за помош од опожарен дом, иако за второво може и друга материална помош. Кога треба леб на маса џабе е, никогаш не е доста. Трошоците за живот се високи за сите. Во оваа држава никоја работа која ќе ја направите, никоја помош која ќе ја пружите, не е на одмет. Кој колку може - толку. Важно е да е од срце. Понекогаш и муабетот е многу голема помош.

Немојте да ме сфатите погрешно, но мене не ми се допаѓа прашањето: како помагате? Нема секој услови и можности за да помогне! Воведот во темава е многу лошо формулиран.
Па не секој буквално секој, али верувам дека повеќето имаат да одвојат 100 денари барем еднаш месечно за да донираат, но за жал има многу луѓе што можат тоа да си го дозволат но не го прават. Исто така верувам дека секој има по дома стара облека што не ја носи, и таа може да ја подари. Значи има повеќе начини, не значи дека треба да му дадеш 1000 евра, може и со помалку да се помогне, само да се има срце за тоа.

А за темата да, нема некој вовед и некои филозофии, едноставни се прашањата а од нив може да произлезе една убава дискусија а и да се научат некои нови начини за давање помош ;)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас го разбирам тоа. И јас ги имам истите чувства.
Ама сакам да сфатиш дека тоа не е најефикасно решение на проблемот пред нас. Ако сакаме да спасиме максимум луѓе од глад, како што беше во примеров, наместо на поедници мора да мислиме на цели групи. Зошто ти ќе го спасиш тој што го гледаш, ама што е со 50 други што не ги гледаш? Што никој не ги видел?


Не сум толку паметен да ти кажам крајно, трајно решение. Да бев, ќе го кажев на сам старт. Но еве пример, сите тие средства што се даваат за сиромашни, комбинирај ги во еден фонд, потоа со тој фонд купи им земја на сиромашните што би можеле да ја обработуваат. Со тие твои пари ти им наоѓаш долгорочно решение за нивниот проблем, им даваш шанса да застанат на свои нозе, како што реков на почеток.


Значи ако го прочита добро мојот пост ќе видеше дека примарно зборев за сиромаштијата, а кога зборев за болните зборев за елементот на лотарија што е вклучен во сета таа работа. Или со други зборови: имаш 50 болни на кои им треба помош во еден даден временски интервал, имаш лимитиран буџет за донации. Што ќе правиш, ќе одбереш еден. И сите ќе одбереме еден. Најверојатно вкупните наши донации нема да бидат доволни за сите, така ќе имаш 5 што собрале доволно (и нешто више), 10 што за малку не собрале доволно и 35 што стигнале до пола и испод. Многу факинг ефикасно!
Ако бевме разумни ќе го платевме лекувањето за 20-мина.
И сега ќе речеш, како етички ќе го оправдаш тоа што бираш кои ќе живее а кој ќе умре. Па тој избор се прави и вака и така. И ако донираш пак бираш на кого ќе му донираш, а на кого нема.
Немаме доволно пари да ги спасиме сите. Барем да спасиме најмногу што можеме.
Тогаш вака ќе направиме, ти чекај од НАШИОТ систем да го реши проблемот, јас ќе идам на ситно, па кој ќе тепа ќе му се придружи на другиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom