Хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески (05.10.2008)

Статус
Затворена за нови мислења.

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Во чест на нашата легенда Тоше Проески на 5 ти октомври на Градскиот стадион ќе се одржи концерт. Концертот е од хуманитарен карактер и се одржува точно година дена по последниот одржан концерт на нашата најголема ѕвезда. Се планира ваков концерт да се одржува еднаш годишно и да прерасне во традиција.
На овој концерт ќе настапат најголемите балкански музички ѕвезди кои ќе ги отпејат најголемите хитови на нашата легенда Тоше Проевски. Меѓу оние кои што ќе настапат се Џибони, Оливер Драгоевиќ, познатата грчка евровизиска претставничка Ана Виси, Леонтина Вукомановиќ, Иван Плавшиќ, Калиопи и уште многу други големи звезди.
Песната ,,Чија си" на која автор е Леонтина и со која Тоше победи на Беовизија ќе ја испејат токму Леонтина и Ана Виси во дует. Калиопи ќе ја испее песната ,,Немаш ни благодарам", додека Иван Плавшиќ кој е амбасадор на УНИЦЕФ и од мали нозе е во инвалидска количка ќе ја отпее песната ,,Соба за тага".
Веројатно ќе биде промовиран и неговиот англиски албум.
Организатори на овој концерт се фондацијата ,,Тоше Проески" и Министерството за култура. Ќе има директно пренесување на концертот.

Навистина одлична идеја. На овој начин се продолжува она што Тоше најмногу го ценеше, хуманитарната работа. Јас ќе сум на стадион и ќе му ја оддадам целата почит на нашиот Тоше.
Вие?
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
без никакво размислување, дефинитивно одам.уште кога слушнав на телевизија донесов одлука да одам, бев и лани на неговиот(последен)хуманитарен концерт, ќе одам и сега..да му оддадам почит и да му се заблагодарам за сите прекрасни песни и сите пресреќни моменти на неговите концерти..:pipi:
се надевам дека ќе го промовираат англискиот албум кој сигурно е бепрекорно изработен, едвај чекам да го купам

се натажив од самата помисла што некој друг ќе ги пее неговите песни:cry:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Се наежувам од самата помисла.:(

Бев на неговиот последен концерт не ми се веруваше како ја создаде таа атмосфера. Недела дена покасно лошата вест проструи како гром од ведро небо. Бев љута на сите и не верував. И сеуште не верувам, не верувам и дека помина година дена.

Јас сум таму со пакетче палома.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Се наежувам од самата помисла.:(

Бев на неговиот последен концерт не ми се веруваше како ја создаде таа атмосфера. Недела дена покасно лошата вест проструи како гром од ведро небо. Бев љута на сите и не верував. И сеуште не верувам, не верувам и дека помина година дена.

Јас сум таму со пакетче палома.
Зошто? :(
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Тешко ке се дојде до карти. Цела Македонија...ма како Македонија, цел Балкан ке бара карти за на стадион.

Со сета почит кон Тоше, али грк(иња) да ни пее сред Скопје...и тоа во негова чест ?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Со сета почит кон Тоше, али грк(иња) да ни пее сред Скопје...и тоа во негова чест ?
Што сакаш повеќе? Грќиња ќе покаже чест за човекот кој ширеше Македонизам и љубов преку музиката која ги обедини сите.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Баш се прашувам како ке изгледа тоа на стадион кога ке ја најават како Гркиња или кога ке пропее на грчки. На таков важен настан свирежи да има ?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Баш се прашувам како ке изгледа тоа на стадион кога ке ја најават како Гркиња. На таков важен настан свирежи да има ?
Аман бе... немој вакви муабети на темава, апстрахирани се со самото постоење на Тодор Проески и неговите ставови. Ако не делиш филозофија, не оди на концерт. Просто.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
што има врска што е грќинка
барем ќе му одаде почит на една голема звезда...звезда што не ги делеше луѓето според националноста:smir:

мислам барем на тој ден треба сите да имаме разбирање а не да се брукаме со свирежи
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Епа тоа ни е менталитетот. Со самото тоа што ке слушнат грчки јазик, и слушнат за грција...ке почне да се вика и свири од деца и невоспитани луѓе. А тоа би испаднало многу лошо на таков настан. Се надевам и би сакал се да помине вред, па ке видиме.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Ddime до малце е преку куров со тоа размислување Леле грк/гркиња. Преку кур, луѓе се да му ебам мајката.
Имам еден куп братучеди во Грција на кои не им чуе уво, дали ние сме се викале Македонци.
Веќе доста со таа омраза.


Иначе сум на концертот:)
 
H

HITCH

Гостин
Абе Ана Виси ќе пеела потврдила учество SHIT како и секогаш хуманитарен концерт е и една молба НЕМОЈТЕ ПОВЕЌЕ ДА ЧЕКАТЕ ПРЕД ВРАТА БАРЕМ ЕДНАШ КУПЕТЕ КАРТА ЗА ТОШЕ!!!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Здравје, ќе пробам да дојдам, на ваков настан атмосферата мроа да се доживее.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
аман со тоа:tapp:
ке пее ана виси и што..
ви смета што некој сака да дојде да му одаде почит..па и да пее било на македонски, англиски па и на грчки не треба да има свирежи
сепак е концертов посветен на тоше

и ана секаде изјавуваше дека го сака многу тоше, особено откако ја испеа зајди зајди во емисија каде и двајцата беа гости и он ја сметаше за пријателка

место да докажеме колку го сакаме и почитуваме, да ја направиме таа вечер најубава за сите, да им покажеме на сите колку ни значел
ние како народ само си се понижуваме:uvo:

па и желба на тоше беше да има мир во светот, да не се делиме според националноста и верата, да шириме љубов насекаде и да бидеме сложни
ајде да му ја исполниме таа желба:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom