maca_kaka'
тiƒosi јаossoηeјаo
- Член од
- 6 октомври 2007
- Мислења
- 3.515
- Поени од реакции
- 640
Во чест на нашата легенда Тоше Проески на 5 ти октомври на Градскиот стадион ќе се одржи концерт. Концертот е од хуманитарен карактер и се одржува точно година дена по последниот одржан концерт на нашата најголема ѕвезда. Се планира ваков концерт да се одржува еднаш годишно и да прерасне во традиција.
На овој концерт ќе настапат најголемите балкански музички ѕвезди кои ќе ги отпејат најголемите хитови на нашата легенда Тоше Проевски. Меѓу оние кои што ќе настапат се Џибони, Оливер Драгоевиќ, познатата грчка евровизиска претставничка Ана Виси, Леонтина Вукомановиќ, Иван Плавшиќ, Калиопи и уште многу други големи звезди.
Песната ,,Чија си" на која автор е Леонтина и со која Тоше победи на Беовизија ќе ја испејат токму Леонтина и Ана Виси во дует. Калиопи ќе ја испее песната ,,Немаш ни благодарам", додека Иван Плавшиќ кој е амбасадор на УНИЦЕФ и од мали нозе е во инвалидска количка ќе ја отпее песната ,,Соба за тага".
Веројатно ќе биде промовиран и неговиот англиски албум.
Организатори на овој концерт се фондацијата ,,Тоше Проески" и Министерството за култура. Ќе има директно пренесување на концертот.
Навистина одлична идеја. На овој начин се продолжува она што Тоше најмногу го ценеше, хуманитарната работа. Јас ќе сум на стадион и ќе му ја оддадам целата почит на нашиот Тоше.
Вие?