Хрватски острови

Член од
12 март 2012
Мислења
59
Поени од реакции
72
Еден осврт на бродскиот превоз/траектите, споредба ХР/ГР.
Островите во Хрватска се генерално поблиску до копното од на пр.Грчките со портовите. Ќе направам споредба Сплит-Вис и Астакос-Сами(Кефалонија) заради времетраењето на возењето и цената која е отприлика тука некаде, нешто е поскапа Јадролинија во споредба со локалниот Ионион Пелагос vo GR. Ова го споменав како пример пошто Сплит-Вис е една од подолгите директни линии во ХР. Оребич-Корчула 20мин., Дрвеник - Шучурај(Хвар) 40мин, Макарска-Брач(Сумартин) 1 сат итн. Овие на северен јадран се исто кратки релации типот Задар-Угљан или од Истра на Црес.
Во Грција е во наша близина најблиску Тасос со фери кое тера пола сат од Керамоти, Игуменица Крф еден сат до Лефкими(сат и пол до Керкира), Занте- Килини еден сат(и до Кефалонија има за еден сат до таму и од Лефкада од Нидри до Сами сат и пол). Се друго е преку два сати(Самотраки - Александрополи - 2и пол сати), подолу на Спорадите од Волос до Скиатос 2 и пол до три сати сосе истоварање, до Скопелос уште полсат-сат плус и тн. Од Пиреј накај Кикладите 5-6 сати до Парос/Наксос, До Крит најефтината варијанта 9 сати со АНЕК, да не зборувам за Родос или додеканезите итн.
Споредба Грција - Хрватска е неблагодарна. Се си има своја убавина, секое место своја „микроклима“, рајат и убавина. Дека е Хрватска далеку, што знам, зависи од човек до човек(Зборувам за одење со сопствен превоз). Дека има Северниов дел од Грција кој ни е најблизок има прекрасни места на Халкидики и Тасос има, но е преголема гужва. Од Јонска страна е пак порајат и преубаво море.Песочни плажи и сл.во ХР не барајте, но има сосем друга убавина тој дел натаму(Јужна Далмација).
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.246
Поени од реакции
84.288
Можеби малку оф-топик:
Хрватска Е скапа, особено за зарзават туристи од Македонија.
Јас бев пред нешто помалку од десет години, на Истра и беше стварно скапо, све. Неспоредливо со Грција.
Добро, за Истра и важи дека е најскапа. Хрватските производи таму беа скоро двојно поскапи од истите во Веро, кај нас. Полицајците од други делови на Хрватска, кои се распоредени, за време на лето, на приморјето, највеќе се бунат, кога ќе ги стават на Истра, затоа што воедно и летуваат со семејството, таму кај што се распоредени. А платите им се исти.
И самата Истра е различна. Имаш јужен дел, кој е по generic-туристички и северен дел пософистициран и пооригинален. Северниот дел е уште поскап.
Но, да не заборавиме дека тоа е помалку или повеќе такво, монденско место. Има во летото ATP турнир, голем и помал филмски фестивал, џез фестивал и сл.

Повеќето ресторани, на северот, се фамилијарни. Нема хартиени салфетки, само такенина, памук и нема мени. Ти доаѓа келнерот и ти раскажува. Доста користат тартуфи. Во едно такво пробав мечка со тартуфи и беше топ. Тартуфи ставаат и во предјадење, а и во десерт. И секаде одговара.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
210
Поени од реакции
146
Ме интересира од хрватските острови препорака нешто и со убави плажи и да биде по живо да не е само пензионери и фамилии, Хвар гледавме ама солено изгледа некој предлог ?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Ме интересира од хрватските острови препорака нешто и со убави плажи и да биде по живо да не е само пензионери и фамилии, Хвар гледавме ама солено изгледа некој предлог ?
Паг.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.143
Поени од реакции
13.295
Ме интересира од хрватските острови препорака нешто и со убави плажи и да биде по живо да не е само пензионери и фамилии, Хвар гледавме ама солено изгледа некој предлог ?
Сакаш забави со друштво одиш или со фамилија одиш ама сакаш да е раздвижено? Ако ти е за првото плажа Зрче на Паг такозвана Балканска Ибица, има околни местенца не толку далеку каде што може да се сместиш. А ако ти е за второто има доста, јас сум бил на Вис и раздвижено е има за шетање, нема дискотеки, ама има кафулиња на претек, ако си за со фамилија топ е за шетање + некои одузимаш ми дах плажи, има две такви места на островот, Комижа и градот Вис, првото ти е и подобро. Брач и Хвар можеш исто, само зависи кои места, Брач се Супетар и Бол, а Хвар во градот е супер раздвижено, патем тука има и дискотеки ако си во првата категорија можеш и тука. Корчула знам исто раздвижена била за со фамилии, ако си втората категорија.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
210
Поени од реакции
146
Сакаш забави со друштво одиш или со фамилија одиш ама сакаш да е раздвижено? Ако ти е за првото плажа Зрче на Паг такозвана Балканска Ибица, има околни местенца не толку далеку каде што може да се сместиш. А ако ти е за второто има доста, јас сум бил на Вис и раздвижено е има за шетање, нема дискотеки, ама има кафулиња на претек, ако си за со фамилија топ е за шетање + некои одузимаш ми дах плажи, има две такви места на островот, Комижа и градот Вис, првото ти е и подобро. Брач и Хвар можеш исто, само зависи кои места, Брач се Супетар и Бол, а Хвар во градот е супер раздвижено, патем тука има и дискотеки ако си во првата категорија можеш и тука. Корчула знам исто раздвижена била за со фамилии, ако си втората категорија.
Повеке сме за забава, машко друштво околу 30год, Паг ми изгледа како повеќе за помлади да е, Хвар го гледав ама скоро све изгледа букирано што е со нормални цени, едино гледам на Бол има уште нешто.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.143
Поени од реакции
13.295
Повеке сме за забава, машко друштво околу 30год, Паг ми изгледа како повеќе за помлади да е, Хвар го гледав ама скоро све изгледа букирано што е со нормални цени, едино гледам на Бол има уште нешто.
Најверојатно не ти е репер Кавос и Лаганас, бидејќи такви места со англичани пуштени како од кафез нема во Хрватска, ноќниов живот не е нискобуџетен ноќен живот, туку пак е за доста понормални луѓе и секако доста поскап. Освен тие што ти реков значи Супетар или Бол во Брач, Хвар градот и Паг со Зрче, тука е и Раб градот види, ама ако ви е баш за журки тогаш најарно Паг пробувај да најдеш, местото се вика Novalja каде што треба да бараш смештај на booking/airbnb, има во јули фестивал така да таму би било главното журкачко место. Хвар ти се поише ко барови со журки, баш види на јутуб келнерите разни атракции ти праат со флаши и оган, шоу праат на некој начин, и тоа е добра опција.

еве нешто ѕирни ако ова те интересира: https://ultraeurope.com/destination-ultra/
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.325
Поени од реакции
4.610
Скопје Загреб
Загреб Сплит летав со Croatia Airlines во мај за 115 евра, со чекање од 5-6 саата во Загреб. Со бус е 100. Ова за тие што им е мачен патот од 20 саата со бус
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.143
Поени од реакции
13.295
Дечки топло ви препорачувам кој може и е со кола да го посети островот Мљет (Млет), идеален е за време на корона поради многу причини. Еве некои од нив:

- Водата во езерата со морска вода е топла и во мај, јуни, значи не мора да чекате сезона јули, август за да не наидете на некоја гужва (која ја нема на островот и во сезона)
- На островот нема дискотеки, барови, кафичи, се е природа и национален парк, така да гужви и масивни собирања нема да најдете.
- На островот особено покрај Големо езеро имате милион приватни плажички каде што сте си само вие и никој друг, покрај сенка од дрвца, никој не ви досаѓа бидејќи секој си оди на своја приватна плажичка. Така да воопшто не сте во контакт со никого.
- Островот е еден од најблиските острови (ако се исклучат тие што се поврани со мост и за кои не мора траект), тука доволно е траект од Дубровник и тоа е тоа
- Најголем број луѓе возат точак на островот, многу ретко коли, така да вдишувате чист воздух, физички сте активни, се рекреирате и си зајакнувате имунитет, зар не е тоа одлично во време на пандемија. Освен рентање точак, има и опции за рентање кајак и кану, тие се најактуелни 3 рентања, ретко кој рента нешто друго.

Ова е од мое сеќавање за островот од 2011 година. Не би требало нешто драстично да се сменило.
 
Последно уредено:

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.821
Поени од реакции
11.447
Планирам на Мљет да одам уште од лани, ама ете јадел некој љиљак и зоран заев ти е премиер и мораш да се задоволиш со ебан Охрид каде нема место да фрлиш пешкир од сељаци и ѓубре.
Се надевам наредна година ќе отидам конечно. Инаку фала за инфото.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Планирам на Мљет да одам уште од лани, ама ете јадел некој љиљак и зоран заев ти е премиер и мораш да се задоволиш со ебан Охрид каде нема место да фрлиш пешкир од сељаци и ѓубре.
Се надевам наредна година ќе отидам конечно. Инаку фала за инфото.
ПЦР тестче и пали кола. :D
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
ПЦР тестче и пали кола. :D
Без зафрканции само ПЦР тест бараат на жители на резерватов за да влезат во Хрватска ?
Како им е планот за летово, ќе отворат барови/дискотеки ? :D
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Без зафрканции само ПЦР тест бараат на жители на резерватов за да влезат во Хрватска ?
Како им е планот за летово, ќе отворат барови/дискотеки ? :D
I guess so...... еве што велат од ХГК (стопанската комора на Хрватска). Ажурирано на 1ви Април.

Državljani trećih zemalja
Državljani trećih zemalja, koji nisu članovi obitelji državljana država članica schengenskog prostora i država pridruženih schengenskom prostoru, niti su osobe s dugotrajnim boravištem na temelju Direktive Vijeća 2003/109/EZ od 25. studenoga 2003. godine o statusu državljana trećih zemalja s dugotrajnim boravištem i osobama koje imaju pravo boravka temeljem drugih direktiva EU ili nacionalnog prava ili koje imaju nacionalne dugoročne vize, izuzev osoba iz točke I. ove Odluke, ulazak u Republiku Hrvatsku odobrit će se samo u slučaju nužnih putovanja.



8) osobe koje putuju iz turističkih razloga te imaju potvrdu o uplaćenom smještaju u hotelu, kampu, kod privatnog iznajmljivača ili unajmljenom plovilu te drugom obliku turističkog smještaja ili su vlasnici kuća ili plovila u Republici Hrvatskoj, ulaz u Republiku Hrvatsku omogućit će se uz predočenje negativnog nalaza PCR testa ili brzog antigenskog testa – BAT na SARS-CoV-2 koji nije stariji od 48 sati (računajući od vremena uzimanja brisa do dolaska na granični prijelaz) te se, ukoliko se radi o brzom antigenskom testu i boravku dužem od 10 dana u Republici Hrvatskoj, mora ponovo provesti testiranje do desetog dana od dana od datuma izdavanja tog testa; predočenje potvrde o cijepljenju za osobe koje su prije više od 14 dana, primile drugu dozu cjepiva protiv COVID-19. Iznimno, ukoliko se radi o cjepivu koje se prima u jednoj dozi, potvrde o primitku jedne doze ukoliko je doza primljena prije više od 14 dana od dana prelaska državne granice; potvrde kojom se potvrđuje da se vlasnik potvrde oporavio od infekcije virusom SARS-COV-2 nakon što je prethodno imao/la pozitivan PCR ili brzi antigenski test, pri čemu je ta potvrda valjana najranije jedanaestog dana od dana prispijeća pozitivnog testa te najdulje do 180-og dana od dana prvog pozitivnog testa; ili je obveza obaviti PCR testiranje ili brzo antigensko testiranje – BAT na SARS-CoV-2 odmah po dolasku u Republiku Hrvatsku (o vlastitom trošku), uz samoizolaciju do prispijeća negativnog nalaza. U slučaju nemogućnosti testiranja određuje se mjera samoizolacije u trajanju od deset (10) dana);
Изгледа само и треба негативен тест, дали ПЦР, дали антигенски не е важно и резервација од хотел, апартман или пловило.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom