Хорор филмови

D

DimoK

Гостин
Сакам да прочитам повеќе мислења за Paranormal Activity.
Читав некои критики, повеќето позитивни... ама, дали е само бледо издание на Blair Witch Project? Има стопати поголем рејтинг на имдб, ама Блери Вич Проџект е класика.

Сакам да знам... затоа што хорори обично не гледам.
Епа вака многу е сличен во начинот на изработка тоа што луѓево всушност се снимет сами!!!! А во содржина може да се каже дека и има и нема некои големи сличности а е доста добар филм и многу реалистичен!!!(секако дек невервам во она шо се дешават ама многу е реалистичен)

Немој да ме сватиш погрешно, што подразбираш ти под поимот хорор?



Пробај со Dark Floors, не е нов ама како што гледам добар е, јас планирам да го симнам од наредниот месец.
Па вака не е некоја голема филозофија да се разбираш од хорор ама мене воопшто ич не ме заинтересира филмот дур го гледав и многу беше глуппппппппппппппп крајот!! толку:helou:
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Сакам да прочитам повеќе мислења за Paranormal Activity.
Читав некои критики, повеќето позитивни... ама, дали е само бледо издание на Blair Witch Project? Има стопати поголем рејтинг на имдб, ама Блери Вич Проџект е класика.

Сакам да знам... затоа што хорори обично не гледам.
Еве види јас што напишав за [post=3028887]Paranormal Activity[/post] Не ми се допадна многу.

---------------------------------------

Туку, покрај моите стандардни препораки за хорор филмови (Shining, Psycho, Fog, The Thing, …) еве и некои нови:
The Others (2001) - напнат и морничав филм, нема никакви колежи. Главна улога е Никол Кидман

Riget I, Riget II (мак. Кралството) - Одлична данска мини серија во два дела, секој по 4 епизоди. Оваа е повеќе жанровско ремек дело, од кои еден е и хорор жанрот. Има длабока содржина (или барем така изгледа), не може да се опише со неколку реченици. Од хорор страната е навистина многу напната, мистериозна и а одвреме навреме има застрашувачки И по малку грозни сцени (не само грозни како во некои хорори).
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
33
Поени од реакции
4
;3044070 напиша:
Па вака не е некоја голема филозофија да се разбираш од хорор ама мене воопшто ич не ме заинтересира филмот дур го гледав и многу беше глуппппппппппппппп крајот!! толку:helou:

Мене ми е добар....:toe:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Сакам да прочитам повеќе мислења за Paranormal Activity.
Читав некои критики, повеќето позитивни... ама, дали е само бледо издание на Blair Witch Project? Има стопати поголем рејтинг на имдб, ама Блери Вич Проџект е класика.

Сакам да знам... затоа што хорори обично не гледам.
Според мене не е ни малку промашување, но разноразни класификации го изместија поимот хорор. Наводно ако нема шприцење крв, самара морган или ножеви не е хорор. Филмот е доста морничав сам по себе иако не го гледаме „негативецот“. Напнат на доста моменти и ги содржи елементите кои етикираат еден филм како хорор. Ќе те лазат морници, напнат ќе си повеќето време, во исчекување и после ако легнеш да спиеш со едно око ќе гледаш да не помине сенка низ вратата.

Но филмот да го има својот ефект, задолжително е да го гледаш сам, изгасени светла и забрането e alt-tab frequently out of the movie. Значи бара сконцентираност. Инаку ќе е полоша варијанта од тие на Дискавери емисиите.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Paranormal Activity има повеќе краеви. Филмот е направен уште во 2007 и завршува со "оригиналниот крај". Во 2009 излегува и холивудска верзија со различен крај. Наводно постои и уште еден крај кој најверојатно се прикажал само еднаш на screening и тешко дека може да се најде, туку само е објаснет од некој што го гледал. Објаснувањето може да се најде на нет.
Постоеле и уште неколку краеви што никогаш не биле прикажани на screenings.

Ја има по торенти и верзијата од 2007 со DVDRIP квалитет, ама освен крајот има и мали измени во 2-3 сцени.
Иако пишува DVDSCR или DVDRIP 2009 на повеќето торенти, тоа е со поголема веројатност верзијата од 2007.
Решение, наоѓање на DVDSCR или DVDRIP верзија, а крајот од кината може да се најде посебно со квалитет од кино снимка.

http://daveguzman.blogspot.com/2009/08/endings-of-paranormal-activity.html
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Ја има по торенти и верзијата од 2007 со DVDRIP квалитет, ама освен крајот има и мали измени во 2-3 сцени.
Иако пишува DVDSCR или DVDRIP 2009 на повеќето торенти, тоа е со поголема веројатност верзијата од 2007.
Решение, наоѓање на DVDSCR или DVDRIP верзија, а крајот од кината може да се најде посебно со квалитет од кино снимка.

http://daveguzman.blogspot.com/2009/08/endings-of-paranormal-activity.html
Jaс го гледав со *оригиналното* сценарио. Туку ме занимаше дали и каде можат да се најдат алтернативните завршни сцени зошто другото (според опишаното) е далеку поѕверски завршеток. Инаку за твоето решени јас го гледав овој.

Paranormal Activity DVDScr 2009 ACC x264-ExtraScene RG
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Paranormal Activity, не очекував ништо особено, знаејќи што се случува кога има голема галама за некој холивудски хорор, ама испадна полошо, не можам да најдам ништо позитивно. Иако го гледав од 03:00, за мене немаше ниту една страшна сцена, ниту некоја уникатно creepy сцена или било што, што може да го окарактеризира како добар хорор филм.
Филмот нема никаква оригиналност, за мене е неуспешен обид да се искористи стилот од The Blair Witch Project.

Moжеби ова ќе запали кај некој што никогаш не видел некој од филмовите The Blair Witch Project, Cloverfield, [Rec] (американската верзија Quarantine), кои ги ставам десет скалила погоре, а верувам многу други ќе го гледаат како тотална утка.
Можам да го окарактеризирам како некој ванаби хорор, со оглед на тоа што повеќе пати ме насмеа машкиот лик со неколку досетки, а немаше ниту една сцена што ме исплаши.
 

Зуљфи

~~~МУДРЕЦ~~~
Член од
24 октомври 2009
Мислења
33
Поени од реакции
2
Auuu pa toj so klonvot misalam malku postar deka nemojte sami doma da go gledate !!! NEMOJTE !!!!:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom