Лавкрафт има повеќе раскази што вреди да се прочитаат. Има вткаено цела митологија низ нив, оригинален е и има огромно влијание врз натамошниот развој на хорор литературата. Меѓу другото си пишува за Ктулу, Јог-Сотот, Ниарлатотеп, за космичкиот ужас и за измислената книга Некрономикон. Ми текнува на расказите „Случајот на Чарлс Декстер Ворд“, „Херберт Вест - реаниматор“, „Сенката над Инсмут“ и др.
Едит Незбит исто така има напишано извесен број хорор раскази.
Гогољ меѓу другото го има напишано „Виј“, кој послужил како инспирација за српскиот филм „Свето место“.
Клајв Баркер, кого Ставрогин веќе го спомна, има шест збирки раскази со наслов „Books of blood“, како и „Hellbound heart“, „Вткаениот свет“, „Големата и тајна претстава“, „Евервил“, „Игра на проклетсвото“...
Ден Симонс е автор на „Summer of night“ и „A Winter Haunting“, кои навистина не се лоши, посебно првата. Напишал и други, ама јас овие ги имам читано.
Питер Страуб е познат по својата „Приказна за духовите“.
Стивен Кинг напишал повеќе работи, и веројатно е најпознат во хорор жанрот. За издвојување се „Salem's lot“, „Needful things“, „Сјаење“(според мене филмот е подобар), „It“ итн.
Џејмс Херберт го има напишано „The Survivor“.
За подетално и поопширно (што е многу релативна работа, сепак се работи за литературен жанр, а и во текстот има доста пропусти и грешки од различен карактер)запознавање со жанрот може да послужи кратката „Енциклопедија на стравот“ која во раните деведесетти беше објавена како додаток во стрип со Дилан Дог: