Хорор новели/приказни

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
пошо не видов ваква тема, а и јас почнувам да навлегувам во овој жанр на литература(додуша аудиокниги пошо сметам дека хорор приказна е прилично појако да ја слушаш) :)
почнав со ловкрафт и зедов збирка од стивен кинг па се надевам има и други кој читаат хорор приказни па да споделиме некоја книга итн.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
Од Алан По чепни нешто има јаки работи.
Исто ова види го, јас од играта го дознав. http://en.wikipedia.org/wiki/The_Call_of_Cthulhu
со кт'улу почнав, навлезен сум во делата ловкрафт, стварно се добри, ја слушам адапцијата од Wayne June, човекот има феноменален глас за хорор приказни :)
оклучете и превод пошо има и некој зборови кој се неразбирливи ;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
пошо не видов ваква тема, а и јас почнувам да навлегувам во овој жанр на литература(додуша аудиокниги пошо сметам дека хорор приказна е прилично појако да ја слушаш) :)
почнав со ловкрафт и зедов збирка од стивен кинг па се надевам има и други кој читаат хорор приказни па да споделиме некоја книга итн.
Ќе ги земеш расказите на Гогољ, во кои тој го оживува целиот пандемониум од славјанскиот фолклор, да видиш што нависта е хорор приказна.

Приказните на По или Лафкрафт воопшто не се страшни, иако нивната лиературна вредност е несомнена.

Од современите автори ти го препорачувам Clive Barker и неговите раскази собрани во Books of Blood. Единствена мана на оваа книга е што постои голема разлика во квалитетот на расказите, кои варираат од одлични до многу лоши. Исто можеш да ја прочиташ Вткаениот Свет, The Weaveworld од истиот автор.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
Ќе ги земеш расказите на Гогољ, во кои тој го оживува целиот пандемониум од славјанскиот фолклор, да видиш што нависта е хорор приказна.

Приказните на По или Лафктафт воопшто не се страшни, иако нивната лиературна вредност е несомнена.

Од современите автори ти го препорачувам Clive Barker и неговите раскази собрани во Books of blood. Единствена мана на оваа книга е што постои голема разлика во квалитетот на расказите, кои варираат од одлични до многу лоши. Исто можеш да ја прочиташ Вткаениот Свет, The weaveworld од истиот автор.
the thing on the doorstep ме здрви малку и уште една неможам да се сетам точно која беше, исто така мн кратка
има некој што воопшто не го осеќаш хорор елементот во приказната, дагон ми беше така :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
the thing on the doorstep ме здрви малку и уште една неможам да се сетам точно која беше, исто така мн кратка
има некој што воопшто не го осеќаш хорор елементот во приказната, дагон ми беше така :)
Одамна не сум го читал Лафкрафт, нити По. Се сеќавам дека најсилен впечаток од делата на Лафкрафт ми остави Случајот на Чарлд Декстер Вард.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Еве нешто похорорско и од Артур Конан. Воедно во Шерлок се најдуваат по некои со хорор елементи. Му се восхитувам на човеков и неговиот мозок.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
Еве нешто похорорско и од Артур Конан. Воедно во Шерлок се најдуваат по некои со хорор елементи. Му се восхитувам на човеков и неговиот мозок.
баш во рекомендед ми го даде од погорниот клип, мора да се ислуша ова :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
баш во рекомендед ми го даде од погорниот клип, мора да се ислуша ова :)
Порано го читав еден период, другарче мое кое замина Германија да студира ми го даде. Со серијата, а воедно и баткава шо го имам на аватар ме зарази братучед ми. Сега ми притекна дека башка Шерлок, имав сретнато и некои раскази или нешто слично, негови. Па на јутуб и еве ги излегоа сите со ред. :) Вечер и јас нешто ќе прошуркам.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Лавкрафт има повеќе раскази што вреди да се прочитаат. Има вткаено цела митологија низ нив, оригинален е и има огромно влијание врз натамошниот развој на хорор литературата. Меѓу другото си пишува за Ктулу, Јог-Сотот, Ниарлатотеп, за космичкиот ужас и за измислената книга Некрономикон. Ми текнува на расказите „Случајот на Чарлс Декстер Ворд“, „Херберт Вест - реаниматор“, „Сенката над Инсмут“ и др.
Едит Незбит исто така има напишано извесен број хорор раскази.
Гогољ меѓу другото го има напишано „Виј“, кој послужил како инспирација за српскиот филм „Свето место“.
Клајв Баркер, кого Ставрогин веќе го спомна, има шест збирки раскази со наслов „Books of blood“, како и „Hellbound heart“, „Вткаениот свет“, „Големата и тајна претстава“, „Евервил“, „Игра на проклетсвото“...
Ден Симонс е автор на „Summer of night“ и „A Winter Haunting“, кои навистина не се лоши, посебно првата. Напишал и други, ама јас овие ги имам читано.
Питер Страуб е познат по својата „Приказна за духовите“.
Стивен Кинг напишал повеќе работи, и веројатно е најпознат во хорор жанрот. За издвојување се „Salem's lot“, „Needful things“, „Сјаење“(според мене филмот е подобар), „It“ итн.
Џејмс Херберт го има напишано „The Survivor“.
За подетално и поопширно (што е многу релативна работа, сепак се работи за литературен жанр, а и во текстот има доста пропусти и грешки од различен карактер)запознавање со жанрот може да послужи кратката „Енциклопедија на стравот“ која во раните деведесетти беше објавена како додаток во стрип со Дилан Дог:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
The Turn of the Screw од Хенри Џејмс и Haunted од Чак Паланик. Првата е посуптилна, мошне тензична и во готски стил. Втората, пак, е агресивна и пишувана со нагласено вознемирувачки тон, типично за Паланик.

И само што почнав да го пишувам постов нешто почна да тропка и да шушка од дневна. Ај чао.
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
22
Поени од реакции
9
Моментално го читам Стивен Кинг,предобар е.Имам цела колекција дома од него само на српски.Инаку дали може да се најде нешто од Лавкрафт на македоснки.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Miss Peregrine's Home for Peculiar Children - Ransom Riggs

Мене лично не ми беше нешто многу страшно книгава, ама имаше морничави делови. Плус, во неа има прилично creepy слики.







 

Kajgana Shop

На врв Bottom