Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци


  • Вкупно гласачи
    1.113
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Прво да се дадат права на хомосексуалците да може да посвојуваат деца и оформуваат семејства, за понатаму - ќе видиме како оди и дали треба.
Не мора да се брза. :)

Чекор по чекор, некогаш мора и чекор назад... оние што имале права, хетеро на пример, а се покажале недостојни да имаат семејство и деца - да им се скратат правата бидејќи ги злоупотребиле!
Зошто мислиш дека не им се кратат правата ако ги злоставуваат децата? И зошто мислиш дека секое полнолетно лице може да даде правно релевантна волја (за секс)? Сексот нема врска со полнолетството.

И ти си за моногамен брак и си против инцестот. Ако одиме наназад кон твоите мислења од една страна изјавуваш дека "можеш да имаш секс со кого сакаш", а потоа "сексот е света работа и не е за со секој". Те подбра жена ти!? :D
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.248
Поени од реакции
10.874
... посета на една држава... честа ситуација, да жени не се мажат и си имаат милениче т.е. си живеат со некое куче, од тип на доберман или нешто поголемо... ситуација, наеднаш лабрадор куче се пушта по газдарицата ги дига двете нозе над неа и ритмички мрда со половиот орган врз неа, дали газдарицата ќе го прифати тоа, сигурно Не, го трга од себе со сила ...пууу срам те било те гледа туристов свешто ќе помисли... никој ништо не помисли, самата си помисли,

...дали кучето било ,,силувано,, не знам, ама јас му ја видов ,,желбата,, на кучето или тоа му е ,,навиката,, од дома кога е само со газдарицата, ама што ми е гајле за нивни кревет, што сакаат нека прават....ама жената со таа навика останува немажена без потомок ...кој ќе го продолжи човечкиот род, ако ја споделува љубовта со кучето?
Ау, до кои размери иде твојата имагинација чоече.

Има други начини на споделување љубов со животните. Јас имам едно и го љубам прилично долго време, а замисли сексуално не општам со него.

Vadis teorii od gaz.
Ne gi gledame kako luge, tuku pred da griznes u lepinjeto se prasuvas dali moram da go jadam ova ili imam opcija da jadam nesto so ne e ubieno.
Кога јадиш месо, не го гледаш животното, туку го гледаш месото. Нормално ако парчето месо во твојата чинија е животно кое те моли да не го јадеш, нема да го јадеш. Distance јбг.
Автоматски споено мислење:

пи.ес.ес. @Aceso не дозволувај невербалната комуникација да влијае на тебе. ;)
Не бе среќо, само не сакам да те правам тажен. :love:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.753
Поени од реакции
11.821
Зошто мислиш дека не им се кратат правата ако ги злоставуваат децата? И зошто мислиш дека секое полнолетно лице може да даде правно релевантна волја (за секс)? Сексот нема врска со полнолетството.

И ти си за моногамен брак и си против инцестот. Ако одиме наназад кон твоите мислења од една страна изјавуваш дека "можеш да имаш секс со кого сакаш", а потоа "сексот е света работа и не е за со секој". Те подбра жена ти!? :D
Еден ќотек, ќотек... морав да сменам. Женска рака знае каде да удри, со мала сила, ама голема штета :)

Можеш да имаш секс со кого сакаш и е света работа и не е за секој... ти може да имаш секс, но дали другиот ќе се согласи, дали ќе си му привлечен, дали си добар во сексот итн итн...
Бидејќи е света работа, не може човекот да го ограничиме или да го омаловажуваме бидејќи љуби човек со ист пол како неговиот и има секс со ист пол!

Не морам постојано да зборувам дека за секс потребно е согласност помеѓу n лица кои ќе учествуваат во тоа, свесни за ризиците итн итн... ама од каде знаеме дека е свесен?
Еми од каде знаеме дека ти кога ќе се жениш дека си нормален, дека не е никој под принуда во бракот итн итн? Сведоци? Извештај од доктор? Или бидејќи си хетеро, мора да си нормален и по дифолт си способен за семејство, да воспитуваш деца најдобро од другите?

Мора да се даде фер игра... ако не те бидува за родител, за семејство има закони и тие нормално важат за сите! Ќе ти соберат детето, ќе одиш и во затвор ако си забегал и злоставувал, малтретирал... мислам тоа важи за секој човек.
Или сега се повикуваме на она „ама ако им дадеме права (како да ние ќе им дадеме права, ама ајде) после ќе има вака или онака“... многу Нострадамус муабети уште на нероден Петко капа се крои за да се прикаже целата работа како зло.

Не може хомосексуалните лица да не може да имаат семејство бидејќи од омраза луѓе им лепат етикети секакви и ги поврзуваат со секаква форма на сексуална девијација, како да е поврзана со хомосексуалноста, а не со човекот.
Бидејќи ако го поврземе со човекот, тогаш следува дека и правата мора да важат за сите, без разлика што хомосексуалците имаат секс со ист пол, а хетеро со различен пол.
Тоа не ја одредува способноста на една индивидуа да биде добар или лош родител, нели :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.253
Поени од реакции
35.774
Доста со бројноста. Небитна е бројноста. Никогаш не ни била битна.
А и штом се толку мал процент на геј луѓе, нема ниту да ги забележите ни во вашите животи, ниту во животите на вашите блиски - што се заморувате дека некој ќе е рамноправен со вас :)
...па и некои малцинства со свои навики воопшто не ми пречеа, не беа забележителни со мал процент, а сега ,,накотени ,,, ми пречат во нормалниот живот, па и во сопствена куќа го немам мирот и не се чувствувам безбедна, што е најлошо ништо не можам да сменам освен да се иселам, ама се можеше навреме или да се реагира и насочи според правилата или ќе се прилагодат и ќе живеат цивилизирано или да не ги напуштат бачилата и шумите со тамошни навики,
...не може ненормалното да живее божем нормално, покрај нормалното, ако не го спроведува нормалното, некој мора да се тргне,
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Не бе среќо, само не сакам да те правам тажен. :love:
Тажна ли те прават моите реакции? На оваа тема повеќе од "тажно" не можам. :(

Ај, ете ти и едно "љубов", за атер.
Повторно имаш одредени ограничувања.

Формулата "согласност+ возраст" не функционира. Прво самите ја ограничувате, а потоа има лица со пречки во развојот кои не (секогаш) можат да изразат правно релевантна волја! Можеме да ги ставиме и лицата кои страдаат од деменција, пример. Возраста не е 18 години, за информација. Хипотетички, општата формула го легализира и инцестот (иако сеуште е кривично дело)!

За посвојувањето нема да се согласиме. А ни за другото...ок, ќе се согласиме во Религија...за нешто.

Треба почесто да игра папучата. :D
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.248
Поени од реакции
10.874
A mesoto od kade doaga?
A mlekoto kako doaga znaes?
не, не знам...ај ти кажи и на учителката :D

Немаат поента муабетиве Дарлинг, офтопик си. Имаме зборено претходно на темата вегетаријанство. Знам колку си бунтовна по тоа прашање и скроз го прифаќам твојот избор да не јадеш животни. Ама остај ме мене да си уживам во пилешкото! Хипокризија е признавам, лицемер сум и себичњак кога е во прашање јадењето животни, користењето лекарства, вакцинација, козметички производи, па и кожени чизми имам ете јебига. Мене ми е тоа еквивалент со нејадењето животни, а бегањето од глувци, змии, гуштери, лилјаци.

And... на крајот на краиштата тоа е и поентата со хомосексуалците. Јас прифаќам дека постојат луѓе кои не сакаат да ги прифатат ама прифатете и вие дека постојат луѓе кои имаат различно мислење од вашето и не се токмаци, глупаци, ненормални, ретарди, ментално поболени итн инт.
Успешноста на едно општество е синергија од различности.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.753
Поени од реакции
11.821
Се што функционира за хетеросексуалци мора да функционира и за хомосексуалци. Истите импликации што ти ги пишуваш важат за сите луѓе.
Освен ако геј не се луѓе :)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.455
Поени од реакции
28.676
не, не знам...ај ти кажи и на учителката :D

Немаат поента муабетиве Дарлинг, офтопик си. Имаме зборено претходно на темата вегетаријанство. Знам колку си бунтовна по тоа прашање и скроз го прифаќам твојот избор да не јадеш животни. Ама остај ме мене да си уживам во пилешкото! Хипокризија е признавам, лицемер сум и себичњак кога е во прашање јадењето животни, користењето лекарства, вакцинација, козметички производи, па и кожени чизми имам ете јебига. Мене ми е тоа еквивалент со нејадењето животни, а бегањето од глувци, змии, гуштери, лилјаци.

And... на крајот на краиштата тоа е и поентата со хомосексуалците. Јас прифаќам дека постојат луѓе кои не сакаат да ги прифатат ама прифатете и вие дека постојат луѓе кои имаат различно мислење од вашето и не се токмаци, глупаци, ненормални, ретарди, ментално поболени итн инт.
Успешноста на едно општество е синергија од различности.
Kravata e siluvana mozebi 2 pati vo godinata za da jades sirenje, kaskaval i mleko u kafeto.
Odma po raganje na deteto, ne stasuva ni da si go izlize teleto, i go zimaat i go nosatu klanica.

imaat poenta, oti si izmisluvas fikcija deka sme gi gledale "kako luge".

edna krava strada mnogu poveke od bilo koj lgbt lik i toa e nepobien fakt.

I ne mi e gajle deka sum of topik, buckas i omalovazuvas.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.704
Поени од реакции
10.104
Јас зборејќи со 18годинишни, добив одговор дека поради експериментирање пробуваат да водат љубов со истиот пол, а не дека така се родиле. Бем ли га.
Проблемот не се тие на 18 (иако имаш поента), туку тоа што сакаат во основно да има во учебници како тоа ГЕЈ е ОКЕЈ.

Да, Телемит сум. И нема врска дали сум модератор на подфорум религија или не, тоа е апсолутно небитна ствар.
Баш е битна, само заради тие причини ја заобиколуваш. Не ти е забрането, тоа е поентата.

Јас сум толерантен кон се и сешто, освен кон нетолерантоста и простачкиот говор кога сака некој да навреди некој со глупости.
Добро, те разбирам и во право си. Тоа што со некој можеби сте стигнале да дискутирате до ниво на навреда (ти кон него, тој кон тебе) не ме тангира пошто не те вреѓам иако ти ја сфаќам поентата која сакаш да ја доловиш за дискусијата која ја водиш со некои членови тука - но сепак знај: за танго се потребни двајца. ;)

Не наметнувам ништо, не може некој да те натера или присили да го смениш мислењето во однос на хомосексуалците. Но може да имаш некое подобро разбирање за нив, а не да ги поврзува некој со сешто, само за да изгледа сликата ужасна за геј луѓето.
Во право си, треба да има разбирање.
Исто како што треба да има разбирање од геј заедницата (која е малцинство и по самото тоа небитна) кон мене како мнозинство кој НЕ ме интересира што тоа прават по дома па не мора нивните „права“ да ми ги презентираат на геј паради и прајд месеци бидејќи со тоа се ИЗДВОЈУВААТ како посебни - а не се.
Ако СЕ, некој треба да објасни ЗОШТО?

Права мора да имаат сите, не заради хомосексуалност или хетеро, туку бидејќи се луѓе. Ништо поразлични од тебе и мене.
Гледаш како сам(и) се побиваш/те?

Значи, ги имате сите права. Како не го сфати тоа од претходниот мој пост не знам (изгледа не сакаш или не ти одговара, пошто глупав не си - напротив).
ЕВЕ ти како телемит ги уживаш сите права на форумот (иако си малцинство) во однос на оние кои не се телемити (а се мнозинство) - дури и си модератор, што повеќе ја доловува поентата што ти ја извлеков.

Исто е другар и со хомосексуалците... имаат право на образование, здравствена заштита, пензија и слично. Ете гледаш според пишувањето во темата... има успешни професори, доктори и ги има во сите сфери и го уживаат истото што го уживаме и јас и ти како цивилизациско право.

НО, проблемот е во тоа што некој се сетил дека е посебна некоја снегулка па мора да му се обрнува внимание + разни НВО лешинари кои поддржуваат било што (битно да врват проекти) што ти доаѓа и од што може да цицаш пари.
Еве некој нека објасни по што сте толку посебни и различни вие што ги поддржувате или тие пак што самите се хомосексуалци за ЦЕЛО едно мнозинство да мора да се прилагоди кон она што го застапувате?

Обратно е пријателе. Права имате, само сакате да имате ПОСЕБНИ права. ;)


Доста со бројноста. Небитна е бројноста. Никогаш не ни била битна. Референдуми, гласања - ништо битно. Веруваш дека твојот глас е битен во овој моментален систем на управување?
Би сакал да е така.
Знам, во право си, небитна е. Еве живееме во држава каде небитни 30% прогласија за успешен референдум кој беше фијаско затоа што имаа мислење исто како твоето („прогресивно“) и МНОЗИНСТВОТО си легна на брашното, па тоа отвори ширум порти за други работи (промена на устав, име, еве кај да е и знаме, грб, јазик...) - и така (не е целта офтопик и забегување од тема туку проста илустрација).

Истото и тука, почнуваме од една небитна хомосексуалност, па потоа небитна педофилија, зоофилија, некрофилија... ништо од тоа не е битно. Зеби бројки.

А и штом се толку мал процент на геј луѓе, нема ниту да ги забележите ни во вашите животи, ниту во животите на вашите блиски - што се заморувате дека некој ќе е рамноправен со вас :)
Тогаш во исто време ќе му дадеме права и на зоофилите, па што се замараш ти дека ќе се рамноправни со тебе? Нема ни да ги забележиш - освен ако не дојде еден ден да слушнеш во твоја околина блеење навечер. Јбг, модерен комшија, прогресивец.

Vadis teorii od gaz.
Ne gi gledame kako luge, tuku pred da griznes u lepinjeto se prasuvas dali moram da go jadam ova ili imam opcija da jadam nesto so ne e ubieno.
Лицемерие се вика тоа.

Инаку, за делот „Вадиш теории од газ“ има да ти стегне една пријава до модератор па Луси ќе куби тоа косите вечерва кога ќе се уклучи и види колку тоа пријави стигнале од доктор на медицина кој ... (ај да не одам офтопик со муабетот пошто по дифолт кај мене стега „пријави“ - не ни дочитува).
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.753
Поени од реакции
11.821
Не, нема врска тоа што сум модератор... тоа може ти да си сонуваш и да мислиш дека има нешто ефект...
Јас само пријавувам луѓе кои се забораваат со навредите и со простачкиот говор. Не го поднесувам :)

Немаат исти права геј луѓето за да уживаат во животот. Како прво, другите ги гледаат како болест, читај ги мислите на неколкумина тука - ужас. Зошто? Тие си знаат што ги гледаат како болест.
Не ги имаат истите права.
За хетеро на пример, она фамозно мнозинството (кое се гадува од две жени како се бакнуваат и ги сметаат за ороспии, бедни, ужас на денешницата), без проблем може да стапат во брак, да имаат деца, ако немаат да посвоијат итн итн... тоа, сега за сега не оди кај геј луѓето.

Значи ако кај геј луѓето проблемот е што имаат љубов кон ист пол - мора да важат правата како кај другите.
Значи мора... не знам како да нацртам дека мора, луѓе се, не грешат против никој, не силуваат никој, не прават ништо погрешно во однос на другите....

Може да ги поврзувате со зоофилија, со некро со мекро со не знам какви гадости што ќе ви текнат за се обидете да ги навредите тие луѓе - јас ќе ве потсетувам дека такви девијантни сексуални појави не се екслузивитет за геј луѓето, туку го има и кај хетеро.
И тоа и јас не го одобрувам. Ако сакам слобода и без ограничување, мора да се знае што е праведно а што не во однос на себе си и другите :)

Ако се плашите дека и тоа некогаш ќе се одобри и ќе има закон и за тоа - здравје, да дојдеме до тоа да се докажуваме и да се убедуваме колку е здраво, хумано итн итн ....
Ние не можеме да се докажеме дека ако некој сака да има секс со друго возрасно лице и двајцата немаат проблем - дека тоа е најмалку твоја, моја или сечија грижа ако тие се нормални луѓе во општеството. Вие се обидувате да ги оцрните на сите можни начини и да ни покажете како тие се... неморални :)
И јас сум неморален - дојди земи ми ги правата на слобода :)

Ајде прво да се избориме сите луѓе да се еднакви, посебно кога е поврзано со сексуалната ориентација, двајца возрасни мажи или жени да сакаат луѓе од ист пол - со иста шанса да погрешат, па потоа другото.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.248
Поени од реакции
10.874
ЛИЦЕМЕРИЕ се вика твојот став за месото и за животните - не знам што не ти е јасно околу тој дел.


Ех, не си придавај сега до толку значење. Да не беше Дамбле со онај пост-мортум говор што ти го даде во Драга Кајгана ќе си останеше само уште еден небитен лик тука кој виреел низ годините.



Повели, па пријави - иако Бафра овде прилично добро ти ја долови суштината на тоа што го правиш (особено со овој твој втор јузер, а и претходно кога се впушти во дискусии по сите можни теми на ист начин, со омаловажување на соговорникот).
Па да, прилично лицемерна сум ете си признав и сама.

Јас не си придавам никакво значење, ти го правиш тоа со твоите провокации и невкусни дофрлања од страна. Ко 15 годишен тинејџер. Си дискутирам на една прилично популарна тема и до сега не сум имала проблем со некултура. Дури и со колешките доколку се онтопик дискутирам на културен начин, иако дел не го заслужуваат тоа.

Таму кај што сум погрешила по проценка, сум имала доблест и сум се извинала за своето однесување. За возврат ниту сум побарала некое пријателство, ниту поддршка, ништо. Тебе нема да ти се извинам, затоа што сметам дека никаде немам погрешено. Не би сакала ниту ти да ми се извинуваш, само едно елементарно ниво на култура и бонтон да покажеш во дискусиите.

Поздрав.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.704
Поени од реакции
10.104
Дури и со колешките доколку се онтопик дискутирам на културен начин, иако дел не го заслужуваат тоа.
А со колегите (соговорниците де)?
Секој има право на став Дамбс, ама не секој ја има привилегијата да има точен став. :)
Ти го плукаш, тој мисли врне.

Тебе нема да ти се извинам, затоа што сметам дека никаде немам погрешено. Не би сакала ниту ти да ми се извинуваш, само едно елементарно ниво на култура и бонтон да покажеш во дискусиите.
Нема што да се извинуваме еден на друг јас и ти, просто е како грав е. Следен пат кога ќе помислам дека твојот СТАВ кон одреден член е надмен и омаловажувачки повторно МОЖЕБИ ќе те цитирам, но како што гледам ќе мора да ти нагласам дека НЕ е лично туку се однесува на ставот што го завземаш - иако можно е да ми реплицираш со нешто као „оттаму шутирај колку сакаш“ наместо да седниш и да размислиш ЗОШТО воопшто некој (макар и на 15 години) те цитирал.
А ако одиме офтопик, одиме и двајцата па потоа лути се до утре ако сакаш.

Ти реков, Бафра убаво ти кажа кое ти е нивото и каде одиш во дискусиите кога ќе се обидеш да изиграваш бендвагон на одредени тиквари тука (да не ги набројувам, излишно е) кои не знаат за ништо друго освен да исмејуваат. Не ти личи, можеш повеќе и подобро.

Ништо лично (сакаш верувај, сакаш не - тотално ми е небитно).
Поздрав.


Штом не одговори ЗОШТО геј луѓето треба да имаат ПОСЕБНИ права и ШТО всушност ги прави ТОЛКУ посебни, па наместо тоа пишуваш десетта работа тогаш најдобро е пријателски да се разделиме - од едноставна причина што понатамошната дискусија со тебе на оваа тема би изгледала САМО како твоите дискусии со други членови во религија (секој држи до своето - како слеп за стап).

Поздрав пријателе и среќно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom