...Не си ти крив ниту јас,
ѓаволот одамна е влезен
во луѓево денес
нема веќе верба,се е срање
чим еден станува главен
некој друг станува гладен...
...Кога твојот глас е задушен
присилно од власта
од полицискиот кордон или
пионите на истата
не дозволувај да замре длабоко во ноќта
разбуди ја револуцијата против нивната политика
те научија да ќутиш,да страдаш,да патиш,
да ти кажат што е правилно
без право сам да одлучиш,
би било добро да имаш глас во демократија,
го имаш,
пред избори за нечија партија.
Кога го пушти гласот дека нешто не чини
дигнаа рака од тебе,те прегазија,извини...
Не е битно каков играч си,
црвен или син
јас сум слеп за раса,вера,боја
ти си курвин син
секој кич ќе биде блуен
секој гад ќе биде пцуен
викни најгласно што можеш
твојот глас ќе биде чуен!