Daz Flow ќе промовира нов спот во недела
Daz Flow ќе го промовира својот најнов видео запис престојниов викенд, во Кино Фросина (МКЦ).
Во недела (13 март, 2011 година), со почеток во 16:30 часот, ќе биде промовиран спотот на Daz Flow, заедно со српскиот поп-рок артист Марко Милановиќ, за нумерата „Само једном“. Гостите ќе имаат можност да го проследат новиот видео запис на “full HD” проектор на оригинално платно и квалитетен “surround” звук, кој го нуди киното Фросина.
Песната е напишана според вистинска приказна, преполна со емоции и чувства пренесени преку нараторите.
За дополнителното расположение на присутните, ќе се погрижат DJ Drazzy Drags и Goran Pappaz on the Sax.
Извор:
cOoLTuRa.mk
Тука, имате и интевју со Daz Flow -
Интервју: Пред се’ ми е битна почитта