Хипстерите и филмовите

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Не зезај, на кој и да му ја покажеш сценава со 2 грама памет, ќе знае дека се работи за катастрофа, не е битно од кој социјален круг на општестово потекнува, ако веќе постои таков кај кого ќе помине како ок, тогаш тој не само што заостанува од социјално - културолошки аспект, него е заостанат во секој друг можен...т.е. најверојатно се работи за човек со ограничени умстевени способности за расудување....
Треба да се прашаш, ако е барем нормален режисерот, зошто дозволил да се сними таква сцена? Можеби сака да направи некоја заебанција, филм не се снима туку така, има толку фактори и инволвирани страни во снимањето на филм, што го прават еден филм, бидејќи јас сериозно тврдам дека дали ќе биде добар еден филм, зависи од режисерот, актерот во овој филм сигурно можел да одглуми подобро.
За да сфатиш одреден филм онака како што треба треба да влезеш во умот на режисерот, што го натерало, зошто баш така и во најголем број на случаи, бидејќи во тој момент мислел дека така е најдобро. Од друга страна хипстерот, бидејќи често се плитки луѓе т.е мислат само од нивна перспектива и нема менување, за вакви сцени викаат дека се срање, кич и слично или генерално го гледаат светот само со нивни наочари оние хипстерските со двојно поголеми оквири.
Проблемот е што сакаат да го наметнат своето мислење, како демек еве јас сум хипстер и мислам различно, сепак не мисли различно од другите, бидејќи припаѓа во групата на хипстери и според нормативите на таа група се однесува така. :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Значи пак влагаш во катагорија на нешто што не го опфаќа секојдневниот гледач,тука не збориме за изолоирани ситуации, за да може човек да оценува и да навлага во позадинските идеи на режисерот како што говориш, истиот треба да има солидно исксутво во добар дел од случаите, или да е малце по иновативен за да размислува на таков начин. Јас зборам за луѓе со помало искуство не за хипстери, или што и да се....се знае добро што е лош филм, еве да ја тргнеме оваа сцена на страна, можда си во право и се работело за некоја пародија, нека биде и така, мада ова е турски филм колку што знам и чисто се сомневам дека е така, но што е со филмовите од типот на Venom (хорор кој го гледав пред неколку години) тој филм, кај секој, буквално гледач ќе изгледа како катастрофално остварување, а кај гледачите со искуство, ќе биде ставен (евентуално) во категоријата, so bad it's good.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Постојат ликови на Кајгана, чиј број е помал од два, кои од петни жили се напињаат да бидат (сметани за) ептен посебни. Нивната очајна потреба (проследена со форумски крикови!) да бидат патриции е класичен пример за турбо хипстерство. По цена да бидам оф топик, кратко ќе се осврнам на ваквиот уберхипстерај.

Терминот "патрициј" е инфантилна етикета која неиспилени мочковци си ја лепат со цел да се издвојат од „масите“. Оваа потреба за грандиозни етикети ја има секој пубертетлија во пумпањето на некој идентитет. Само што, „патрициите“ како уберхипстери, се мераклии да умуваат во замрсени реченици кои се тегнат во недоглед како свински црева. И како и цревата, се шупливи, а на самиот крај обично содржат остатоци од фекална материја.

Во својот вечен копнеж да остават впечаток на интелектуалци хипстеро-патрициите си играат со големи зборови. Во таквите килавења брилјираат со франкенштајн лексички конструкции кои штедро ги расфрлаат по форумот.

Мислат дека инстантно се станува аристократ со носење лептир машна и истегнуење сериозна фаца. За реско да се разликуваат од плебсот. Уберхипстерај до балчака.

On topic: Хипстерајот не мора да биде негативен. Има и одлични хипстери. Хипстеришта. Као на пример овој господин.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Дали ова се смета за хипстерај, ме интересира онака чисто мислење
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
да


уште па на аватар ако ставиш нешто од овие, поголем хипстер од вот ќе бидеш
Како и да е сцената со окото е една од помадафакерските хорор сцени ever. Нека бидат хипстерски, задоволството е сепак мое :)
 
R

Randy

Гостин
Најпрвин требит да се дефинират шо е то хипстер. Порано имаше снобој. Појќето дефиниции тука шо ги имате напишано се нешчо демек дујање. Ам порано снобојте се дујаја и се понашаја кренато сега според коментариве испадна хипстери ги завикале демек помодерни биле. Убо така нека е. Ама мислам дека не е то правата дефиниција.
То значит дека немат врска работава со филмој, дека филм мојш секаков да гледаш независно од понашање и домашно васпитање.
А крај краева и Блејд ранер мојме да го клајме во хисптерски филмој. Се кладам дека одвај 1 посто од популацијата го имат гледано, а од тие шо го имет гледано ни полојна не го имет разбрано филмот. И сеа ако сакаш да се прајш важен ќе речиш дека си го глеал Блејд ранер и ќе си го мамиш умот и ќе си мислиш дека луѓено паметен те мислет. А уствари ич не им е гајле. Синкир вселенава ќе пропаднит некој филм ак го имаш глеано или некој друг ак го немат глеано.
Е сеа да не испаднит сум бил офтопик, а не сум, ама ај атерот да не им го кршам на некој бирократи или администратори шо ги викет (пак за помодерно) ќе пробам да дам неколку предлози.
Имат многу филмој на пример шо се праени за малограѓанки со трајна и шо си мислет дека кузнајт шо глеале и дека се културни ко ќе одет во некое си кино посредено (не од оње кинана со ламбичиња шо светет на секој чекор, него кино за покултурни шо било мислено). Тие филмој обично не се од америчкине шо се најпопуларни туку се помалу популарни и се на други ј‘зици праени. И обично е за некој некоја шо ја варал па оваја кутрата патела по него. Ама пак то некако не ми изглеат ко хипстерско. А пак не е до толку мејнстрим.
Е сеа мене умов ми ојт дека хипстерско требит да е нешчо ептем ретко, а шо мојт да е то не знам оту не сум хисптер, прос чоек сум јас.
Со два збора ќе речам: Ам шо ти знам јас. Нит знам шо е то хипстер нит шо се таквите филмој. А ми имет појке пати речено ти хипстер си (и сеа шо сакале со то да ми кажет не знам).
И да ја завршам мислата ќе речам оту ако се работит за вкус и нешчо шо ги интересират љуѓето убо, ама ако е работата за изводење и приправање имат иљада начини то да се прајт не морат некој да речит јас ова сум глеал, ти она си глеал, јас сум бил хипстер ти не си бил.
Важно да се дружиме и да не се караме.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Епа тоа е таа културна позадина, ако средината ти дава убедување дека тоа е добар филм, ондак е добар се додека не видиш подобар.
Само тоа некој не го разбираат, а го перцепираат за добро или лошо, во зависност од каква културна средина се.
Постави си го ова прашање, зошто на запад хомосексуалците се третираат како нешто од што не треба да се срамиш, а на балканот тоа се треба да се убие ??? (Hint: на балканот сите мажи се ебачи, а сите жени дева-марија :) )
seriozen?? mnogu droga?? wanna be intelekt?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
seriozen?? mnogu droga?? wanna be intelekt?
Само идиоти, користат дрога, истите ефекти може да ги постигнеш и без неа, само треба да се едуцираш како, а за тоа треба време и труд, а во глобала луѓето се мрзливи и повеќе ги интересира за друг отколку за себе.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Не мора ништо да значи квантитетот, чист пример ти е покојни Јонзе.
Госпот да чува, си помислив Спајк Џонс умрел, ти за некој домашен Јонзе си мислел.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Госпот да чува, си помислив Спајк Џонс умрел, ти за некој домашен Јонзе си мислел.
Хаха, не е тој..Овој гуру имаше безброј имиња од Талахасе до Crazy P0Y0L (оваа пример е тинејџерка која го продолжува неговото животно дело) инаку типичен трол кој направи таетрално самоубиство на форумов.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Кај бевме со хипстерајот... аха, вака:

на форумов сум 5 години и сеуште немам видено ни еден „хипстер“ кој редовно пишува на Филм и ТВ. Можеби некој напишал нешто и ја киднал па не сме му обратиле внимание. Инаку се друго се wannabe хипстери. Најблиску до хипстер на форумов беше еден дечко по име и ник ИЛИЈА. Забегано детуле од Драмски што живее во своја уметничка реалност. Детето душа ни извади од оф-топици, за месец дена залепи постери колку за цела изборна кампања. Ни напнуваше дека Холивуд е срање и дека единствено што вреди на светов е српската или старата екс-ју кинематографија. Они во секој поглед биле бољи од Холивуд. Што е во ред, мислење како мислење, но потоа забега во тролање и хејт на сите што не се согласуваа со него (или буквално, сите)... Со џимеј разговаравме што да преземеме, и пошто не можевме да најдеме начин да го убиеме, го баниравме. До ден денес тој е единствениот лик кој добил перманентен на Филм и ТВ, со исклучок на Карлович кој тролаше во многу подфоруми.

Енивеј, ни ИЛИЈА не беше хипстер иако одеше против меинстримот (и здравиот памет). Сепак, има доста меинстрим и во она што тој го гледа. Да видам лик кој гледа исклучиво тешки филмови, класика, независи филмови итн... а притоа не гледа блокбастери, глупи комедии и романтични клише филмови, акции и sci/fi, би рекол дека е хипстер, или кој год нов термин ќе му измислат. Такви нема, а оние кои тврдат дека изгледале многу малку филмови ама имале богато познавање од филм ем љубов према истиот, не се хипстери, туку се на погрешно место. Филмот не е their thing, да беше, љубопитноста ќе го направеше останатото. Тоа ти е исто како да отидеш на подфорум Литература и Книжевност и да им прокакаш дека си прочитал 10 книги ама имаш многу поголеми позавања од нив таму кои си го изгубиле времето со 300-400 книги и притоа ништо не разбрале од истите.

Како и да е, бидејќи другарот Вот ме прозиваше, јас би се навратил со неколку камења (овај, мислења)... критиката кон одреден филм не е хипстерај. Критиката е критика. Гледаш филм, и си кажуваш што ти се допаднало, а што не. Што мислиш дека е добро, а што дека е лошо. Секој филм има мани (oсвен Cinema Paradiso). Често пати знаеме да претераме со позитивна критика, кога некој филм ќе ни се погоди, иако знаеме дека не вреди колку што ни се допаднал во моментот. Се сеќавам дека му дадов 10-ка на Dаrk Knight само затоа што бев ненормално импресиониран од Хит Леџер, човекот остави сцени за паметење. Се разбира дека филмот објективно не вреди ни приближно толку, посебно што со делот со машината го направија попара. Да пишев препорака 2-3 дена подоцна со ладна глава, ќе речев дека е за 7-8, и ќе го замавав со некоја критика. Прашање на момент е некогаш. Некогаш пак, заеме да претераме со мрчење, како за Прометеус или Стар Трек. Ништо не ни се погодува. Сите си имаме своја верзија како треба да биде.

Ако пишуваме за филмови, нормално е да се навратиме и на добрите страни на филмот, и на лошите. Она што мене ме изненадува кај некои членови кои имаат досега доста изгледано, е што имаат неверојатно висок праг на толеранција. Се им се погодува. Се им е добро. И кога приказната нема никаква смисла, и кога сценариото е полно со дупки... а бе добро е, просек... кој просек? Фрлиле 50-100 милиони за да направат филм, а ние зборуваме за просек? Промашување е зборот кој го барате. Б-филмовите од 80-те се вратија, само со повеќе пари. Разбирам guilty pleasure или so bad it's good филмови, сите си ги имаме. И јас знам дека Continuum е срање во боја, ама ми се свиѓа Кира бе, мерак ми е да си ја гледам.

И тогаш Киро му рече на Лазо...
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
ja nemozam da razberam kako ima faci so go serat Braveheart....
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Со тек на време и хипстеризмот станува mainstream, али тоа е за у друга тема да не фоњам многу, многу на подфорумов за џабе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom