Прво секоја чест за темава..едно време мислев да отворам нешто слично..
Како и да е, дискутабилна работа што е херој. Обично посочуваме на борци против системот, политички или економски, па така ако воопшто имало некој херој денес ќе бил закоравен антиглобалист , зашто ако одиш по текот , а не спротив него нема да носиш етикета на херој. Две имиња ми доаѓаат на памет кога се работи за херои на нашето време, една жена и еден маж.
1. Нелсон Мендела-сите го знаеме неговото патешествие. Човекот сега има 90 години, целиот свет му го честита роденденот и му подава рака. Иако повеќето се тука заради публицитетот и блицовите за мене човеков е симбол за борбата за човекова слобода и рамноправност.
2. Aung San Suu Kyi ( за да не го утнам иметео го пишав во оригинал)
http://en.wikipedia.org/wiki/Aung_San_Suu_Kyi
Несудена премиерка, држена во домашен притвор околу деценија и половина. Нејзиниот обид да воведе демократија во Бурма наиде на одзив кај народот но не и кај тогашните власти кои ја затворија. Добитничка на Нобелова награда за мир , го сврте вниманието на јавноста кон својата земја но по се изгледа нема да и биде дозволено да се кандидира повторно на изборите со својата партија откако ќе биде ослободена , нешто во што меѓународната заедница вмеша прсти на големо.
Thanks
Темата замре, никој нема своја перцепција за херои изгледа...
Не ми се верува (верува хехехе) но има и меѓу поповите.Католички...:uvo:
Оскар Ромеро
Надбискуп на Ел Салвадор, свештеник на т.н. “Либерална теологија“ која ликот и делото на Исус ги толкува како начин за борба против неправедните и нечовечни социјални и економски услови...посебно популарна меѓу дел од свештенството во Централна Америка.
После редица диктатори,манијаци и психопати на власт Ел Салвадор бил на раб на граѓанска војна (која и се случила по смртта на Ромеро),земјата била власништво на полу-феудална олигархија под заштита на армијата,полицијата и паравоени ултра-десничарски единици.
Стандардот на живот,посебно во селата бил на средновековно ниво,без струја,вода,лекови...сите оние елементи кои и се случиле на земјите од тоа подрачје (со исклучок на Коста Рика) каде претседателите-диктатори биле назначувани од ЦИА, во согласност со доктрината на ладната војна.
Смртта,болестите и изживувањето на воените формации врз руралното население биле секојдневие.
Црквата за разлика од повеќето случаи во овој.под влијание на “либералната теологија“ заземала став во корист на оние кои страдаат.
Како главен свештеник во земјата,почнал јавно да настапува против власта и армијата, и против политиката на САД.Дури и му напишал писмо на американскиот претседател да престанат со финансирање и обука на војската која таа обука само ја користи за масакри на цивили и чување на олигархијата.
Неговите говори почнале да се радикализираат,се повеќе и повеќе народ откажувал послушност на власта,луѓето почнале да добиваат надеж дека се можни подобри денови.Ромеро дошол до точка во која барал да се откаже соработка со системот,бидејќи истиот бил во целосна спротивност со учењето на Исус...
Неколку соработници на Ромеро,свештеници се масакрирани,сечени им се делови од телото и покажувани низ селата,некои се убивани од заседа...
24.3.1980
Ликвидиран од страна на армиските специјални сили со снајпер.
Одлуката на воената хунта да го ликвидира била во согласност со ЦИА но и на Ватикан каде Ромеро барал поддршка за своите напори од папата Јован Павле II но секако без успех...му било сугерирано дека световната власт била од бога дадена т.е. да не дига многу прашина, бидејќи на тој начин ги поддржува “безбожните“ ФМЛН кои се борела против диктатурата...
На неговиот погреб се собрале десетици иљади граѓани да го испратат за последен пат.
Но не било судено да оди сам на последното патување...полицијата и армијата отвараат оган за време на погребот и убиваат преку 50 луѓе а стотици се ранети,многумина се апсат,некои се измачувани по средновековни методи...
ЦИА,власта во Ел Салвадор и Ватикан можеле да здивнат,црната овца била елиминирана заедно со другите трули јаболка...
Неговата порака е актуелна и универзална.
Еден од ретките позитивни примери во религијата во последните половина век...