Грофот Карл Густав фон Розен
Малку излегува од времето кое би требало да е “наше“ т.е. веќе бил мртов пред повеќето од нашава генерација да бидат родени, но во недостаток на примери time span should be extended a generation beyond.
Роден во Шведска, потекнува од редовите на високата аристократија што го прави неговиот животен пат малку невообичаен, ако се земе дека кај огромното мнозинство припадноста кон одредена социјална и општествена класа ги моделира начините на кои го перцепираат светот и целите кон кои се стремат.
Можеби се започнало со татко му, склон кон преземање на улога на “црна овца“ во семејството, истражувач и пилот кој го донирал својот авион на финските востаници при војната за независност 1918-19.
Фамилија со добри врски и статус, роднина на никој друг туку Херман Геринг кој бил “кривецот“ за побудувањето на љубовта кон летање на малиот Карл, за време на престоите на подоцнежниот мрсен заповедник на Луфтвафе во домот на Карл и прикаските за неговите (сосема реални) подвизи за време на Големата Војна.
Дали пред или после станувањето пилот и не е важно, но кај Карл се јавила потреба за биење однапред осудени битки, замислена идентификација со витештвото од минатите времиња или повремени испади на алтруизам, како и да е после нападот на фашистичка Италија на Етиопија се пријавува како пилот на црвениот крст и лета на мисии на доставување храна и извлекување ранети цивили, италијаните во немање на воздушен противник од страна на силите на царот Селасие тренирале на понекој авион на хуманитарните организации, па така фон Розен ја става главата во торба многу пати а еднаш е и отруен при напад со боен отров на аеродромот каде бил стациониран.
Неколку години после оваа авантура се пријавува како доброволец при нападот на бољшевичкиот СССР на соседна Финска 1939. Гледајќи ја “бројноста“ на финската авијација, посебно во делот бомбардери се решава за импровизација која ќе му стане заштитен знак понатаму. Располагајќи со доволно средства, што од фамилија што од плата како пилот на холандската КЛМ набавува половен патнички ДЦ-2 кој го претвора во “направи-сам“ бомбардер со импровизирана шахта за исфлање на бомби и оптички нишан. Со него извршува бројни напади на агресорските сили, despite the unthinkable odds.
Откако завршува “зимската војна“ Карл се пријавува во РАФ за да лета како доброволец против Луфтвафе. Но во таа замисла го спречува британската обавештајна служба поради неговите роднински врски со Геринг, потценувајќи ја искреноста на грофот (неговата сопруга загинува како припадничка на холандското движење на отпорот во борба против германците) и губејќи неверојатно силна пропагандна прилика (Herman`s nephew scored a kill against Luftwaffe
)
После војната се упатува повторно во Етиопија каде неговите подвизи не се заборавени и цела деценија живее таму, организирајќи го новороденото воздухопловство во таа земја. За време на граѓанската војна во Белгиски Конго лета како личен пилот на генералниот секретар на ОН, Даг Хамаршалд.
Освен на една дата, кога се пријавува дека е болен и препушта на друг пилот да го превезе Хамаршалд.
А случајно или не, тоа е летот кога авионот на генералниот секретар е соборен и Хамаршалд загинува (атентат, најверојатно од белгиски платеници) .
Напуштајќи го Конго за време на тие контроверзни настани, некое време останува off the radar, и се појавува на сцена по неколку години кога ја прави легендата за самиот себе, граѓанската војна во Нигерија 1967-70 поради отцепувањето на народот Ибо од истата и стварањето на Биафра како независна држава.
Освен Израел,Франција и неколку комшии, Биафра е блокирана од сите страни и САД и СССР и Британија се ставаат на страна на Нигериската централна власт и ги помагаат да ја вратат “забеганата“ покраина назад. Карл лета како доброволец на доставување на хуманитарна помош на жртвите на блокадата кои масовно умираат од глад. Но секојдневниот контакт со деца и нивниот поглед кој се гаси поради интересите на “поголемите играчи“ го наведува да преземе нешто повеќе.
Со група пријатели платеници, колоритна група на екс-Луфтвафе асови, бивши јужноафрикански пилоти. шведски авантуристи и припадници на локални племиња кои се интересираат да научат да летаат - се решаваат да прејдат во офанзива. После неуспехот во набавка на “сериозни“ борбени авиони на меѓународниот пазар за отпадоци и воени вишоци, освен неколку “Тексани“ и “Инвејдери“ како и еден “Мичел“ реликт од втората светска војна, повторно проработува смислата за импровизација.
Се враќа во Шведска каде купува 5 (или 6, небитно) двоседи за основна обука МФИ-9 на кои подоцна француски техничари монтираат ракетни фрлачи и оптички нишани.
Со овие “несериозни“ машини со мотор од 100 к.с го прави она кое ги шокира сите, friends and foes. После обуката на неколку локални пилоти и пробни летови, тргнуваат во најнерамноправната борба во историјата на авијацијата, против Нигериското воздухопловство опремено со современи авиони, радарска мрежа и потпомогнато од “инструктори“ од Варшавскиот договор, Египет и Британија.
За време на целата војна, не е забележан случај на удар на нигериската авијација врз герилата. Основна цел - да се убијат што повеќе цивили и да се запрат хуманитарните летови.
Фон Розен и друштво го растураат Нигериското воздухопловсто. Буквално. Kickin` the shit out.
Нема конечни информации за бројот на авиони кои биле изненадени од малите авиончиња на Фон Розен, дваесетина авиони и хеликоптери, неколку аеродроми, неколку противавионски батерии, голем број возила и преку 300 војници, што загинати, што ранети.
И притоа не губејќи ниеден авион и покрај постојаниот оган на кој биле изложени.
Но најважниот дел било во одвлекувањето на нигериската авијација од нејзините цели (Genocide Airlines) кон борба со противник кој чинел заедно колку резервен мотор за МиГ-17. Talking about cost-benefit, they were out of this world. Бројот на спасени животи е тешко да се процени, но за жал Биафра не успева да се одбрани и е припоена назад кон “матицата“ а репресалиите продолжиле и понатаму.
После евакуацијата од Биафра, повторно лета по Африка на разни летови за доставување на храна и лекови, со години и пркоси на судбината, куршумите и протиавионската артилерија. Кои никогаш нема да го соборат. Среќата на небото не го напуштила воопшто. Но му врти грб на земјата. Карл, 68 годишен, со живот зад себе за кој можат да се пишуваат томови загинува при напад на сомалиски војници на некаков помошен аердором, за време на војната меѓу Етиопија и Сомалија во 1977, последното поглавје од драмата во која сосема доброволно, надвор од сите причинско-последични врски на овој свет се нашол еден аристократ и вечен борец за заборавени идеали.