Не можев да останам имуна на темава. Со хемороиди се мачам од моја 10та година, ги добив поради тврда столица но и наследно од мајка ми. Докторите се чудеа како може дете на таа возраст да има толку воспалени хемероиди. Уште која маст не ја пробав, чепчиња, чаеви од сите краеви на Македонија. Потоа преминав на гатачки и бајачки (кои уште повеќе ја влошија состојбата). Слушнавме за докторот од Велес. Ставив две инекции и донекаде се подобри состојбата, после третата состојбата ми се влоши, практично станав жив мртовец. Човекот ако уште става од тие инекции треба под итно да му се затвори ординацијата и да се стави во затвор. Потоа слушнав дека и други имале лошо искуство од неговите инекции(оние кои ставиле повеќе од 2). Оттогаш две години бев на апчиња за смирување на болка. Прво по два аналгина одеднаш, а потоа преминав на кетонал. Болката на докторите ја објаснував како некој со нож да ме сече одвнатре. (всушност од напнатоста на дебелото црево сум добила и фисура, а тоа да не го виде ниту еден доктор- а уште која болница не ја поминав). На секои 4-5 месеци ми се воспалуваа хемероидите до бескрај, тогаш одев на дежурен и обавезно примав инекции против болки и по цела недела од кревет не можев да станам. Бев на преглед во Ремедика ми кажаа внатрешни хемороиди(сосема неточно никогаш немав внатрешни). Се снимав во Систина 11000 ден ме чинеше- докторот ми кажа дека немам ништо и ме прати дома. После една недела од снимањето завршив на Ургентен во Скопје. Лекот за фисурата бил да седеш во млака вода секој ден по 20 мин. но не се најде доктор тоа да го каже. Почнав да правам купки. Болките исчезнаа, после 10г првпат не чуствував болка, но седмиот ден ме фати запек, добив и фистула и завршив на итна операција. Еве десет години поминаа оттогаш, да знаев порано ќе се оперирав немаше да трпам такви болки. Ретко ке ми се воспалат од време на време ама од претерување. Не внимавам на исхраната и не спортувам. Затоа мој совет: ако немате чести болки пробајте со лекарства, на некои од тоа им поминува и им се појавуваат од време на време. Но доколку хемероидите не поминуваат повеќе од 1-2 години не чекајте оперирајте се затоа што може да ви се случи истото што и мене. Многу е важно правилно да ви дијагностицират. Чести се случаите да се има фисура но докторите тоа го занемаруваат, или кажуваат хемероиди и не сакат да објаснуват повеќе. После мојата операција братучед ми кој имаше исто јаки болки и ослабна 20кг го пратив кај докторот што ме оперираше и му констатира хемероиди и фисура. Со купки и маст се излечи. Срцето ми плаче кога ќе помислам дека лекот бил млака вода 20 мин дневно.