Хемороиди

Член од
4 јануари 2009
Мислења
91
Поени од реакции
5
ke moze li nekoj da mi kaze lek za hemoroidi???? Ve molam za pomos PLS
 

.:TINA:.PINK

.:oksimoronka:.
Член од
17 август 2008
Мислења
354
Поени од реакции
16
ke si kupes mast modolex i dvapati na den,sabajle i vecer, non stop higiena, ke napraves caj od praz(ke svares praz, ke go izcedes od vodata i treba da sedes vo vodata 30 min. da bide mlaka) Ova go probav, mi go kaza doktor i deluva
pozz
 

bezobrazna

...Paste
Член од
7 август 2008
Мислења
440
Поени од реакции
27
Значи имаш избор... Постојат и масти и супозитории. Имаш на природна и на хемиска база,мој совет прво да пробаш на природна база,било да е маст или супозитории. Пример хеморол,хемогал и слично. Ако тоа не помага консултација со лекар за нешто од типот на модолекс,факту и слично :smir:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Имав многу близок пријател се занимаваше со оваа полемика многу, значи беше пред операција, нонстоп се срамеше да збори на таа тема и слично. Беше на лекар му дијагностицираа дека се работи за надворешни хемороиди, бидејќи постојат повеќе типови од истите. Му препорачаа да земе Хемогал. Му помогна делумно, бидејќи единствено нешто за борба против нив е соодветна исхрана, да неречам течна константна исхрана и ништо друго што би можело да произведе тврда столица, во спротивно истите се надразнуваат и повторно се појавуваат.

Значи проба се. Буквално 300 глупости кои му ги кажуваа на лекар, се додека јас конкретно прашав една постара особа која исто така знаев дека имаше проблеми со истите. Таа ми одговори ... сеа малце ке звучи гадно и нелогично, но хемороидите се едни од болесите на анусниот прстен кои најчесто се јавуваат кај дебели луѓе, оние што сакаат анален секс : ) и луѓе кои постојано се во седечка состојба. Значи народниот лек, кој му помогна беше следниов. Гол полжав се нанесува директно врз местото (анусот) и се остава да седи некој период (30-60мин). Лигавицата која ја испушта полжавот делува на бактериите и екстремно брзо ги уништува. Тој малце се колебаше на почетокот и му звучеше глупаво и гадно, но немаше излез, и верувајте за 2-3 дена се излечи. Сега зависи од тебе дали сакаш или не да го примениш, ама ако несакаш на нож ова ти е единствениот излез.

Прашај некој постар доктор или лице што боледувало од ова верувај ке ти го кажат истово. Ако прашаш помлад доктор верувај си го на**ала зошто се што ке добиеш е еден саркастичен потсмев меѓу нејзе и колегите. :smir:
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Ова со полжавот беше јако :pos2::pos2::pos2:
Иначе хемороиди може да се појават и од нередовна исхрана , поради нередовната столица доаѓа до попуштање на свинктерите .
Иначе освен полжавот ( кој е навистина доста грозен лек ) има по просто народско решение ... Има една трева се вика мајасолка ( погоди зошто се вика така ако знаеме дека хемороидите се викат мајасол по народски ), многу е честа во нашите краеви . Пиеш чај од неа две недели секој ден и ти се решава проблемот за некое време ( година година и пол обично ) ПО просто и по лесно од клавање од полжав на одредени места нели ...
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Мислам дека иам тоа, и сеа треба повеќе да шетам ова она? дајте инфо?
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Хаха абе какви полжави и чаеви, тоа е привремено решение зашто ако имаш лоши навики во исхраната пак ќе си продолжиш по старо. Само откажување од џанк фуд, односно колку што е можно помалку ако ви е веќе толку проблем да се откажете, зеленчуци, овошја и супи секој ден и нормално многу физичка активност.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
ke moze li nekoj da mi kaze lek za hemoroidi???? Ve molam za pomos PLS
Мачкај се со кантарион или има една маст Faktu се вика.. помага многу.
Јас кога имав големи маки претрпев, битно мораш да мируваш, да се мачкаш со кремата и секое одење во вц да значи менвење гшти и хигиена ненормална да држиш и брзо ќе се повлечи, за три дена мене ми се повлече..
Со среќа:back:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Имав запалење на гзот пред 2 години и не можев да вршам нужда.:kesa::kesa::kesa:
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
ke moze li nekoj da mi kaze lek za hemoroidi???? Ve molam za pomos PLS

Најпаметно ти е да се отсрамиш и да си отидеш на доктор. Ќе си купиш од аптека креми, супозитории, (полжав!?) и ќе си го залечиш проблемот краткорочно. Долгорочно решение за хемороиди е само ПРЕВЕНЦИЈА.

1) Промени начин на исхрана. Внесувај производи богати со влакна (например грав). Намали процесирана храна. Заборави на црвено вино. Јади супи. Пиј многу вода. Погрижи се столицата да ти биде помека.

2) Ако ти е работата седечка (каква што ни е на повеќето) прави пауза на секој саат по 5 минути и прошетај се малку, протегни нозе.

3) Промени ги навиките за одење во тоалет. Кога ти се оди во тоалет, оди веднаш! Не мора ни да чекаш последен момент, пробај да се поканиш отпорано, например секое утро. Немој да седиш долго на даската. Никако немој да читаш весник или да пушиш цигара додека се обидуваш да завршиш работа. Промени го видот на тоалетна хартија, можеби во неа е проблемот. Парфимирана тоалетна хартија не е препорачлива бидејќи може да предизвика додатна иритација.

4) !Ова е најбитно! Миј се темелно со вода после секоја успешна мисија. (и после не заборавај да си ги измиеш убаво рацете со сапун)

На мајка ми ова и помогна, и веќе 20 години нема вакви проблеми. Се надевам и тебе ќе ти се најде.
 

BeatMaster

The Rising of The Neofit
Член од
22 септември 2009
Мислења
51
Поени од реакции
5
Јасно ми е дека ретко кој сака да говори за оваа тема, а уште појасно ми стана кога видов дека до сега нема ваква тема отворено во овој форум.

Не мора да се срамите, слободно кажете. Јас зборувам од искуство.

-Што се хемороиди?
Под поимот хемороиди се подразбира насобрани испреплетени крвни капилари при спојните мускули на ректумот и анусот. Попросто кажано, тоа се крвни садови кои се собираат под кожното ткиво, а на повржина излегуваат како топче под кожата.

-Причина за појавување на хемороиди
-Долго седење на едно место може да го отпочне овој процес, пред се поради потењето на анусот, притисокот што се врши на крвните садови кои се наоѓаат близу до ректумот.
-Напрегнување на аналните мускули, посебно при вршење на голема нужда, посебно при заболување од дијареа, е исто така една од главните причини за појавување на хемороиди.
-Кај жените, честа причина за појавување на хемороиди е слабеење на аналните мускули, особено за време на бременоста.
-Високиот крвен притисок, од друга страна е една од почестите причини. Може да биде предизвикан од консумирање на преголема количина на кофеин (се разбира зависи од организмот), како и преголема количина на никотин (да, мислам на цигари).

-Симптоми
Хемороидите не се кој знае колку опасни по здравјето или пак по животот. Единствената непожелна страна се самите симптоми: чешање, ретка и тврда столица, дијареа, болки во стоматкот, кај хемороидите во понапреден стадиум и болка околу и во самиот анус.
Физичките последици изгледаат страшни, но во овј случај неопходни, затоа што самите тие се знак дека хемороидите почнале да се повлекуваат. Крварење од анусот, така најчесто се објаснува во книгите од `73+ година, што всушност е крварење на самите хемороиди. Тоа значи дека хемороидните гранули, кои се полни со крв, односно самите крвни садови, не можат да го поднесат притисокот кој крвта го врши, затоа што овие крвни садови не можат да ја изнесуваат крвта надвор од насобраното место (што е и главната причина за појавувањето на хемороидите), па истите пукаат, а крвта што истекува од нив, мора да го напушти тоа место, па ја пробива кожата. Ова не е некое обилно крварење, туку екстремно краткотрајно, и не се осеќа (како кај менструацијата), туку се забележува на долниот веш.
Чешањето само уште повеќе ги дразни, затоа не е препорачливо да се чешаат, ниту преку облека, ниту со директен допир. Секаков контакт со нечисти раце може да резултира со надразнување на хемороидите, па симптомите стануваат уште поизразени.
Болката е неминовна, нервозна и напорна. Некогаш знае да трае и со денови. Во овој случај се советува да се земаат некои аналгетици со цел да се ублажи болката, но тоа исклучиво да биде во совет со матичен лекар.
Психичка последица од хемороидите, е се разбира, нервозата. Често луѓето кои патат од хемороиди се нервозни, напнати, не ги држи место, знаат да повишат тон и кога не треба... Единствен совет за оние кои се во контакт со луѓе кои имаат хемороиди е - не им отежнувајте. А оние кои патат од хемороиди, нека се трудат да не бидат во контакт со луѓе, посебно со оние кои знаат лесно да изнервираат некого.

-Спречување
Иако многу здравствени организации се борат да најдат лек за оваа т.н. болест, лекот не е пронајден.
Затоа има начин да се спречат.
-Исхрана: течности, супи, сокови... Да се избегнува сува и тврда храна, со тоа ќе се избегне и тврдата столица, која уште повеќе ги надразнува хемороидите. Исто така, се препорачува да се конзумира овошје, зеленчук, како и секој вид на храна кој содржи витамини, кои се потребни за стабилизрање на крвниот притисок. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЗАЧИНИ, ЛУТО И ПРЕМНОГУ СОЛЕНО!!!
-Вежби: трчање, џогирање, спортување... Било каква активност која во исто време ве опушта, а не бара од вас премногу да ги напрегнувате мускулите.
-Хигиена: После секоја обавена голема нужда, редовно одмивање со ладна вода, без сапун, без разлика колку ви е неудобно. Било каде и да сте, во било кое време, после голема нужда, потребна е хигиена, од проста причина, што, при хемороиди во понапредна фаза, тешко и болно е потполно да се избрише аналниот отвор со тоалетна хартија.
Секогаш користете тоалетна хартија која не е произведена од претходно рециклирана отпадна хартија.
После секое одмивање сменувајте долен веш, секогаш да биде бел, затоа што обоените материјали ги иритираат хемороидите.
-Медикаменти
Никој доктор не препишува посебни медикаменти против хемороиди. Најчесто се препишува маст, која во секоја аптека е именувана како МАСТ ЗА ХЕМОРОИДИ. По боја е светло кафеава, мириса на ментол. Се користи после секое одмивање. Се мачкаат хемороидите и околниот дел на анусот, при тоа, многу важно е хемороидите се враќаат во аналниот отвор (ДА ОВА ЗНАЧИ ДА СИ БРЦНЕТЕ ПРСТ ВО ГАЗ, БЕЗ РАЗЛИКА КОЛКУ ГАДНО ИЛИ ГЕЈ ИЗГЛЕДА ТОА). Тоа помага при повлекувањето на хемороидите.

-ХИРУРШКИ ЗАФАТИ: НЕ Е ПРЕПОРАЧЛИВО!!! Секој доктор што ќе ви препорала хируршки зафат, го прави тоа само за да ви наплати. Нема гаранции дека после хируршкиот зафат, хемороидите ќе престанат да се појавуваат. Значи, при хируршки зафат, хемороидите се отстрануваат со сечење, нема да можете да станете од кревет две недели. Но хемороидите може повторно да се појават еден или половина сантиметар погоре или подолу.

Совети за луѓе кои консумираат алкохол, кафе и пушачи:
Алкохолот е исто така една од причините за стимулирање на хемороидите. Тоа е исто така поради крвниот притисок, кој се покачува со зголеменото количество на алкохол во крвта. За оние кои имаат проблеми со алкохолот: секогаш, пред отворање на ново шише вино, коњак, водка и т.н., секогаш оставајте го шишето исправено околу половина час. Со ова, тијанинот кој го содржи алкохолот се симнува најдолу на шишето, а горе останува побистар пијалок. НИКОГАШ не го дотурајте шишето до последна капка, со тоа го дотурате и тијанинот, кој исто така влијае на крвниот притисок. Посебно кај вината, секогаш оставајте околу 5-10 цм од дното на шишето, затоа што виното содржи големо количество на тијанин.
Кафето пијте го без талог, односно филтер кафе. Избегнувајте турско и нес-кафе. Пушачите мораат да го намалат никотинот внесен во организмот.

Кој има нешто нека дополни, а за оние кои немаат до сега видено како изгледаат овие гнасни ствари еве слика подолу:
 

Attachments

S

smart ass

Гостин
Лол.....ме исплаши сега и цигариве да ги откажам и кафето....

јас знам еден пријател имаше па со некои природни ствари

се мачкаше:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom