Кај ја видов темава,кај се запустив
Ја симнав пред една 10-тина негде,2-3 дена се борев со нови работи,тимови и ајде пред една недела ги земав Дортмунд. Солидна прва сезона би рекол,освен тоа шо излегов у фазата по групи на ЛШ и продолжив у ЛЕ ми беше неочекуван кикс,другото у рамки на очекувањата...2 у Германија,финале на Куп.
Како што кажав второ место,имав некои неочекувани киксови(Дармштад у 2 утакмици не успеав да го победам,пораз прво коло дома со апсолутен бункер од нивна страна и гол од слободен од 30 метри,кај нив играв нерешено),пораз од Инголштад на гостински терен и така натаму. Распука Александар Исак кој што беше прогласен за најдобар млад играч во ЕВРОПА до крај на сезоната(се повреди Аубамејанг на почетокот на сезоната некои 2 месеци,па морав да комбинирам...Геце ми го даваше 3 ѕвезди како false 9,ама си викам секако ќе ми треба напаѓач,па го префрлив овој од младинскиот погон). На крај на сезона Исак беше најдобар стрелец со 26 гола во сите конкуренции,имаше најнизок однос гол/минути (у Бундес беше негде околу 70-тина),беше втор у изборот на играч у Германија и беше во прва all-star тимот на Бундес лигата. Аубамејанг беше стрелец негде на 20-тина гола во сите конкуренции. Е сеа интересна ситуација ми се случи бидеќи тимот е едноставно ПРЕПОЛН со играчи со горе-долу исти квалитет,па сите си ја бараат шансата. На почеток на сезоната ми се повреди Роде на 4-5 месеци(скрши нога),така да везњаци ми беа Вајгл,Кастро,Бендер,Шахин,Роде и Рафаел Гереиро(он повише лев бек играше,ама ајде..имаше добри оцени и за ЦМ). Зимскиот преоден рок го пуштив Роде на позајмица у Сити,после 2 месеци ми стигна понуда за Кастро од Кина(и претпоставував дека ако прифатам ќе си оди на крај сезона),само што ја прифатив братот ОДМА се договори,кај мене земаше 60к таму зема 130 јбг
и си отиде. ДО крај морав да комбинирам со останатите 3-ца(негде кога се виде дека неам шансаи за титула,го префрлив и Бурниќ од младинците во прв тим). Исто пех ми се случи и со Папатастопулос,стигна понуда од Кина у вредност од 40 милиони зимскиот период(40 милиони кеш,плус некои бонуси,шо беше премија за него),се решив да не го продавам,наредниот ден крши нога на тренинг и е аут до летото
Еве ми го тимот во втората сезона
Како што гледате,има многу невообичаени фаци(уствари цела средина+напад е невообичаени фаца). Сеа ќе ставам слики од трансферите,па ќе ги објаснам подоле
Едвај чекав Ројс да ми се врати зимото од повреда,се врати,па морав да го пуштам Емре Мор на позајмица(дека немаше шанса да фати место у тимот нормално,у конкуренција на Пулишиќ,Дембеле,Ројс,Ширле и по потреба Кагава и Геце). Одигра Ројс маестрална полусезона,ми стигна enquiry од Баерн колку би барал и лупнав некоја цена и ја заклучив од 100+ милиони у кеш,мислев дека нема никоаш да ја платат,кога вака accepted...јбг,фала Ројсе,играч 28 години шо е склон на повреди. Аубамејанг беше доста слаб првата сезона,слична работа и со него со ПСЖ,стига enquiry,му треснав некоја цена,прифатија,чао-пријатно. Втора сезона,Икарди на првите 2 утакмици постигна хет-трик
. Тоа е сеа за сеа од мене,го планирам тимов долгорочно,па кога ќе ја освојам првата ЛШ ќе се вратам