Не гледам како може ова да се сврти против Романо, колку и да го хејташ.
Он прв излезе со веста, ама беше потврдена од новинарите кои се задолжени за известување за Челзи, очигледен брифинг од клубот.
Орнстин не е задолжен за Челзи во Атлетик и покасно си излезе со свои информации.
Така да во случајов ако критикуваш, критикувај ги сите новинари кои ја потврдија веста. Или уште подобро, критикувај го клубот дека не може да целосно да склучи договор приватно, па потоа да пушти информации.
Или па веруваш дека Романо имал грешна информација, а сите релевантни новинари слепо се надоврзаа на него, без да проверуваат. Колку да не останат без ништо.
И нормално дека се може да се смени во 24 часа, посебно па кога имаш само вербални договори, и уште повеќе кога немаш договори со сите засегнати страни.
Клубот секако, циркузанти без допир со реалноста.
А Романо е задолжен за Челзи, ако не е Орнстајн?
Кои други новинари поточно? Релевантни, или барем навидум релевантни? Бен Јакобс, релевантен? Освен што имаше некоја информација поточна од останатите во врска со продажбата на Челзи, апсолутно потоа продолжи само со вагон-вести. Назир е релевантен? Мет Лоу, кој се посрамоти летово како никој досега?
Да, Орнстајн е релевантен. Да, ете и овој Сајмон Џонсон од Атлетик, задолжен е за Челзи демек, па не видов да се излета со done deal и слично.
Може да се случуваат пресврти, не измислуваш ти топла вода со муабетов.
Не може да се случуваат пресврти и неочекувани работи, постојано (со нагласок), секогаш кога Романо прописно ќе се посере, да ми простиш.
Еднаш, двапати, петпати. Не може во 100 наврати истото оправдување.
После не тужби од сериозни холандски медиуми, туку ќе го потопат лешинарот.