Заврши уште еден трансфер период, за некого убав, за некого помалку убав, сето е за луѓе.
Ако нешто можевме да научиме, иако не е ново, туку добивме уште еднаш потврда:
● верба во никого, освен во новинари кои се бројат на прсти од една рака и нормално, клупските официјални гласила. Каква багра се појави летово, желна за кликови и ексклузиви, одлично искористувајќи ја болната опсесија на фановите ширум светот поврзана со трансфери, алал вера.
Позитивното е што Фабрицио Романо го дознаа и други дека е полу-преварант и tap in merchant, кој си крадуцка и потврдува туѓи информации. Мене душата ми игра на Моја библија - Андријана Јаневска. Да, со рап делот.
● фановите на Барселона, овде и по цела земјина топка, патат од филевски синдром и генерално се мали имбецили оперирани од реалноста.
Позитивно е што постојат, да земеме пример од нив како не треба и да се тешиме дека има и полошо.
● останувањето на Шкриниар во Интер. Позитивно, освен тоа што т.н Миланче е столб во одбрана и прав лидер, е спасувањето на Џонтра Волта од Јелена Марјановиќ сценарио.
Ќе изезеше од нервоза да трча по кеј, ќе го пронајдеа во некој дол преполовен. Вака, ќути, на безбедно е.
На сите нека им се со среќа засилувањата. Андон, тебе, нека ти е со среќа останувањето на Малдини како спортски директор, сепак тоа е засилувањето број еден во Сериа А сезонава.