Не велам дека не е возможно да се предвиди од извесен фудбалски експерт (кој што секако, не си ти, јас или било кој очај на форумов), велам дека е невозможно да се предвиди од страна на дете во ситуација кога управата на клубот кој освоил триплете не сфатила дека праи грешка на подолг рок и ќе доживее очај, дно и пењавење какво што и впрочем доживеа.
За некои работи не е неопходно да си експерт, ама ај ќе го тргнеме тоа на страна.
Како прво според мене Интер(Морати поточно) сфаќаше дека прават грешка на долг рок, не за џабе две сезони после тоа го продаде. Како бел ден е јасно и беше јасно дека таквото функционирање врз кое се базирал клубот уште со доаѓањето на Морати, чинам 95та година, не можеше да продолжи да опстојува засекогаш. Ова го пишуваше на секоја просечна интернет страница што може да се најде на просторот. Отвори види ги првите години на неговиот, условно кажано, мандат уште на почетокот имало бум трансфери од типот на Роналдо и слично, без успех се до 2006та. Друга работа, ако следиш ќе знаеш дека најголемата заебанција на јувенташите од Италија за Интер е дека се до калчополи со потрошени стотици милиони Интер не можел до една титула да се докопа. Ова дури и на Јутуб коментар може да го видиш. Тоа значи дека Интер трошел грдни пари и до 2006(пари стриктно од бизниси, надвор од фудбалот) и оттогаш до 2009-10 исто така, се со цел да се дојде до ЛШ трофеј во ерата на Морати, кога веќе Италија ја освојуваа од шала. Не толку на трансфери, колку на високи плати. Заборавив веќе, ама сигурно има уште податоци за структурата на платите во Интер тој период, тие беа значително над просекот во Серија А и со огромна разлика во однос на вториот. Не дека јас го заклучив сето ова затворен во темна соба без информации, туку едноставно сето тоа и многу повеќе има на Интернет. Сето тоа кога ќе се собереше можеше да се добие одредена слика, ама преголем скептик си така да тешко и да се обидеш да ме сфатиш што сакам да ти кажам, бидејќи единствено ти е интересно"хехе мал си бил, врска нема".
И не знам зошто се потценуваш самиот себе и генерално луѓето во подфорумот фудбал, кога овде има доста луѓе кои цел живот следат фудбал и разбрале/научиле нешто од истиот. Јас многу повеќе ќе поверувам овде на некој кој знам дека стварно следи со страст одреден дел од фудбалот (конкретно една лига во една држава) отколку некои новинарчиња кои известуваат за 7272 лиги и натпревари и се губи поврзаноста само со тој одреден клучен дел. Мислам знам дека има заебанции овде со днопертизи и останати глупости, али генерално подфорумот (со сите недостаток) е барем солидно квалитетно место.