Абе гледав сизон ривју пред 2-3 недели некаде. Можам да ти кажам дека неефикасноста беше главна причина што Јунајтед заврши 5ти. Значи се сложувам дека одбраната не им е ниту на виско ниво, а не пак да биде на врвно како што сака Мурињо. (а и самиот Фергусон има кажано дека секој тим почнувал да го прави од одбраната) Ама тие неколку утакмици што ги играа дома 0-0 и 1-1, можеа комотно да ги добијат со по 2-3 гола разлика. За тие со 1-1 донекаде е крив и самиот Мурињо, оти знаеше да се повлече при крај, место да го умртви мечот. А со таа одбрана јасно е дека ќе ти го чукнат. Сепак тоа не го менува фактот дека напаѓачите на Јунајтед беа неумешни, па и и несреќни на моменти. После ситуацијата со Ибра мораше да донесат и шпиц. Крило и средина остануваат како позиции на кои обавезно треба да се засилат, за лев бек пак ќе кажам, јас лично (сеуште) се надевам дека Шо ќе успее.